Симитлиска Котлина

котлина во Пиринска Македонија

Симитлиска Котлина (бугарски: Симитлийската котловина) — котлина во Пиринска Македонија, во поречието на реката Струма.

Котлината е длабоко налегната по раседни линии меѓу планините Рила на североисток, Влаина на запад, Пирин на југоисток и Крупничка Планина од Малешевските Планини на југозапад. На север преку Орановската Клисура е поврзана со Горноџумајската Котлина, а на југ преку Кресненската Клисура — со Светиврачко-петричката Котлина. Најголемата должина во правец север-југ изнесува 7 км, а средната ширина ѝ е 4 км. Зафаќа површина од 26 км2 при средна надморска висина од 360 м.

Котлината е остаток од дно на миоценско и плиоценско езеро, в во чии талози се образувале наоѓалишта на кафеав јаглен и бројни врели минерални извори][1] во подрачјето на градот Симитли. Се одликува со висока сеизмичка активност (катастрофален земјотрес во 1904 г.). Земјиштето е ридество и со слаба плодност, сврзан со вкопувањето на притоките на СтрумаГрадевска, Стара, Сушичка Река и Брежанска Река. Климата е преодно средоземна. Почвата е плитка, процедена циметна шумска во ридестите делови и алувијална по ниските речни тераси. Котлината нуди добри услови за одгледување на тутун и лозја. Главна дејност на населението е јагленарството.

Симитлиската Котлина се наоѓа на една од главните воздушни магистрали за преселба на птиците од Европа во Африка, наречена „Вија Аристотелис. Тука презимуваат врапци, гугутки, галеби, соколи, сипки, косови, еребици и дроздови, а летно време се гнездат славеи, патки, мочварки и ластовички.[2]

Во средиштето на котлината е сместен градот Симитли, а во северниот и јужниот дел има уште 5 села: Железница, Крупник, Долна Сушица (Полена), Полето и Черниче.

Од север кон југ, во должина од 11,5 км, поминува делница на првокласниот пат бр. 1 од Државната патна мрежа ВидинСофија – ГП „Кулата“.

Напоредно на него минува и делница од пругата СофијаГорна ЏумајаКулата.

Топографска карта уреди

Извори уреди

  • Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 439–440.

Наводи уреди