Мрамор (Серско)
Мрамор (грчки: Καπετανούδι, Капетануди; до 1926 г. Μαραμόρ, Мрамор[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територија на денешната општина Сер на Серскиот округ, Грција. Традиционално било населено со Турци.[2]
Мрамор Καπετανούδι | |
---|---|
Координати: 41°11.28′N 23°30.57′E / 41.18800° СГШ; 23.50950° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Сер |
Општ. единица | Сер |
Надм. вис. | 700 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на јужните падини на планината Шарлија, северозападно од Сер и југозападно од Мертатово.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Мрамор било чисто турско село во Серската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во селото (Mramor) имало 75 домаќинства со 195 жители Турци.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 во Мраморъ имало 300 жители Турци.[4]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото веројатно настрадало во војните бидејќи во 1913 г. е попишано со само 35 жители. Во 1920 г. жителите се вратиле, и населението пораснало на 149 лица.[2]
Во 1924 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место дошле 20-тина семејства кои не биле грчки колонисти, туку веројатно сточари.[2] Во 1928 г. Мрамор имал 79 жители, а во 1940 г. во него се попишани 78 лица.[2]
Селото настрадало за време на Втората светска или Граѓанската војна и потоа е отпишано.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 78 | X | X | X | X | X | 4 | 27 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 261. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 116–117. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 178. ISBN 954430424X.