Заба

село во Серско, Егејска Македонија

Заба или Замба (грчки: Κρίνος, Кринос; до 1927 г. Ζάμπα, Заба[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 31 жител (2011).

Заба
Κρίνος
Заба is located in Грција
Заба
Заба
Местоположба во областа
Заба во рамките на Сер (општина)
Заба
Местоположба на Заба во општината Сер и областа Централна Македонија
Координати: 41°4′N 23°34′E / 41.067° СГШ; 23.567° ИГД / 41.067; 23.567
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаСер
Надм. вис.&1000000000000002500000025 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно31
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 4 км јужно од Сер, на надморска височина од 25 м.[3]

Историја уреди

Основано е во 1924 г. од Грци преселени од Турција на местото на постара чифлигарска населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Кринос (Κρίνος).[2] Следната 1928 г., во селото биле сместени 22 бегалски семејства со вкупно 126 жители, колку што имало во пописот од истата година.[3]

Стопанство уреди

Населението произведува памук, жито, тутун и други земјоделски производи.[3]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 136 144 138 88 66 52 48 31
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Селото припаѓа на општинската единица Сер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Сер, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Сер, во кој е влегуваат истоимениот град и селата Мертатово и Метох.

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 2024-03-04.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 255.
  4. „Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Архивирано од изворникот на 2020-09-22. Посетено на 4 март 2024.