Горно Караџово

село во Серско, Егејска Македонија
Ова е објавената верзија, проверена на 9 јуни 2024. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Горно Караџово или Големо Караџово (грчки: Μονοκκλησιά, Моноклисија; до 1926 г. Καρατζά Κιόι, Караѕа Ќој,[2]турски: Karacaköy, Караџаќој) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано во бројна полза на грчките доселеници.[3]

Горно Караџово
Μονοκκλησιά
Горно Караџово is located in Грција
Горно Караџово
Горно Караџово
Местоположба во областа
Горно Караџово во рамките на Сер (општина)
Горно Караџово
Местоположба на Горно Караџово во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°3.28′N 23°24.0′E / 41.05467° СГШ; 23.4000° ИГД / 41.05467; 23.4000
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаКапетан Митруси
Надм. вис.&1000000000000001500000015 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно233
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во средиштето на Серското Поле, на левиот брег на Струма. Лежи 25 км западно од градот Сер и 1 км јужно од Ениќој.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Горно Караџово било македонско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Големо Караџа (Golémo-Karadja) било село со 56 домаќинства на 150 жители Македонци и 12 муслимани.[4][5] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Горно Караџово живееле 480 души Македонци христијани.[4][6]

По Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горно Караџово имало 480 Македонци егзархисти и во селото имало бугарско основно училиште.[8] Во 1910 г. егзархискиот училиштен инспектор Константин Георгиев забележал дека во Горно Карадџово црквата и училуштето биле во еден ист двор, а учител бил К. Румчев со 42 ученици (30 машки и 12 женски).[9]

Егзархизмот во селото бил трн во окото на гркоманските андарти. На 25 октомври 1906 г. гркоманскиот капетан Димитар Гоголаков извршил масакр и палежи во селото, убивајќи 17 жители и ранувајќи 8. Истиот ден во околината на селото биле убиени десетина овчари во жесток напад со ладно оружје. Злосторството на андартите предизвикало реакции во некои европски престолнини.[10][11] Истрагата на властите покажала дека во подготовката на нападот учествувале грчкиот конзул во Сер и митрополитот Хрисостом Драмски.[12]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 312 жители.[3] За време на Првата светска војна на 2 октомври 1916 г. близу селото се одиграла битка помеѓу бугарската и британската војска во која загинал истакнатиот бугарски поет Димчо Дебељанов. Во 1918 г., по повлекувањето на бугарската војска, грчката власт наметнала принудно иселување во Бугарија. Затоа, во 1920 г. во селото се попишани само 87 лица.[3] Власта во Горно Караџово доселила грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Моноклисија.[13] На пописот од 1928 г. Горно Караџово броело 427 жители,[3] од кои 346 лица (79 семејства) биле грчки дојденци.[14]

Во 1955 г. е изградена црквата „Св. Константин и Елена“.[15]

Личности

уреди
  • Стојо Белдонев — револуционер, деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г., роден во Горно или Долно Караџово[16]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 484 548 629 540 475 452 398 311
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 257. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 118–119. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
  7. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
  8. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
  9. Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, 2005, София, стр. 143.
  10. Μητρούσης Γκογκολάκης
  11. Даскалов, Георги. „Българите в Егейска Македония, мит или реалност“, Македонски научен институт, София, 1996, стр.77.
  12. Аданър, Фикрет (2002). Македонският въпрос. София. стр. 231. ISBN 9549055655.
  13. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  14. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  15. „Ιερός Ναός Αγίων Κωνσταντίνου και Ελένης“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 16 октомври 2019.
  16. Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 106.