Каваклија (Серско)

село во Серско, Егејска Македонија

Каваклија или Кавакли (грчки: Λευκώνας, Левконас; до 1928 г. Καβακλή, Кавакли[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес тие се околу половина од населението.[3]

Каваклија
Λευκώνας
Каваклија is located in Грција
Каваклија
Каваклија
Местоположба во областа
Каваклија во рамките на Сер (општина)
Каваклија
Местоположба на Каваклија во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°5.54′N 23°29.46′E / 41.09233° СГШ; 23.49100° ИГД / 41.09233; 23.49100
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаКаваклија
Надм. вис.&1000000000000007000000070 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно2.221
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во Серското Поле, на 5 км северозападно од градот Сер.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Каваклија било чисто македонско село во Серската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Кавакли (Kavakli) имало 27 домаќинства сочинети од 80 жители Македонци.[4][5]

Во 1891 г. Георги Стрезов вели дека селото е дел од областа Овакол и напишал за него:

Кавакли, чифлик на х. Зеки-бег, како и Вишен. Кавакли е најплодното село по целото поле; пространа земја за орање, градини, ливади, кошари за овци. Се наоѓа на З од градот 12 час. 50 куќи, македонски.[6][7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година в Кавакли има 270 жители Македонци христијани.[4][8]

Сето население на Каваклија биле под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кавакли (Kavakli) живееле 328 Македонци патријаршисти[4]. Во селото работело грчко основно училиште со 1 учител и 14 ученици.[9]

Во 1908-1912 г. во Долна Каваклија е изграден гробишниот храм „Успение на пресв. Богородица“.[10]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 462 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 410.[3] Сосема мал број семејства се иселиле во Бугарија под притисок на грчката власт, но во селото сепак биле доведени грчки колонисти. Во 1928 г. селото е преименувано во Левкон. На пописот од таа година Каваклија е заведено како етнички мешано село со 1.514 жители[3] од кои 755 биле дојденци (198 семејства), а остатокот македонски мештани.[11] Владата на дојденците им изградила нови куќи.

Црквата „Св. Ѓорѓи“ в Горно Каваклия е от първата половина на XX век.[12]

Месности во Каваклија преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Хаџика[13] Χατζίκα Хаѕедејка Χατζεδαίϊκα[14] месност на ЈЗ од Каваклија[13]
Полјанка[13] Παλιάγκα Гемато Γεμάτο[14] возвишение на Шарлија на СЗ од Каваклија (127 м)[13]
Долно Престо[13] Κάτω Πρέστο Палами Παλάμη[14] возвишение на Шарлија на С од Каваклија[13] (244 м)[15]
Кавакли[13] Καβακλή Левки Корифи Λευκή Κορυφή[14] возвишение на Шарлија на СИ од Каваклија (324,9 м)[13]
Рахово[13] Ράχοβο Рахи Висанис Ράχη Βήσανης[14] месност на Шарлија на ССИ од Каваклија[13]
Кизил Јар[13] Κιζίλ Γιάρ Ериторема Έρυθρόρεμα[14] река во Шарлија на СИ од Каваклија[13]
Ќучук Али[13] Κουτσούκ Άλή Мега Рема Μέγα Ρέμα[14] реката од Шарлија која минува низ Каваклија[13]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.522 1.524 1.753 1.409 1.568 1.741 2.136 2.388
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 255–256. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 116–117. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
  7. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 842.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
  10. „Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 16 септември 2019.
  11. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  12. „Ιερός Ναός Ἁγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 1 ноември 2018.
  13. 13,00 13,01 13,02 13,03 13,04 13,05 13,06 13,07 13,08 13,09 13,10 13,11 13,12 13,13 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 14,5 14,6 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1043. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  15. Serrai GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)