Геди Дермен

село во Серско, Егејска Македонија

Геди (Еди или Једи) Дермен (грчки: Επτάμυλοι, Ептамили; до 1927 г. Γενή Δερμέν, Гени Дермен[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Населението брои 705 жители (2021).

Геди Дермен
Επτάμυλοι
Геди Дермен is located in Грција
Геди Дермен
Геди Дермен
Местоположба во областа
Геди Дермен во рамките на Сер (општина)
Геди Дермен
Местоположба на Геди Дермен во општината Сер и областа Централна Македонија
Координати: 41°6′N 23°37′E / 41.100° СГШ; 23.617° ИГД / 41.100; 23.617
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаСер
Надм. вис.&1000000000000005500000055 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно705
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во Серското Поле, источно од градот Сер, на надморска височина од 55 м.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Геди Дермен бил чифлик во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Једи Дирмен (Yédi-Dirmen) имало 10 домаќинства и 30 жители Роми.[4]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Једи Дермен имало 72 Роми.[5]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Геди Дермен се водело како напуштена населба, но во 1920 г. броело 155 лица, што значи дека веднаш по Првата светска војна било обновено и во него биле сместени доселенички ссмејства од Понд.[3]

Во 1923-24 г. се населиле уште 55 бегалски семејства (вкупно 243 бегалци).[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Ептамили (Επτάμυλοι).[2]

Стопанство

уреди

Населението произведува тутун, компир, жито и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 358 358 388 [б 1] 314 340 517 712 705
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Во 1930 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 5,5 квадратни километри.[3] Општината Геди Дермен била приклучена во општината Сер во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Сер.

Селото припаѓа на општинската единица Сер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Сер, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Геди Дермен, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

уреди

Цркви

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 23 март 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 248.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 124–125. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.

Забелешки

  1. Податоците за селото Геди Дермен, согласно територијална организација од 1968 година, во пописот од 1971 г. се вклучени во податоците за Сер.