Чучулигово (Серско)
Чучулигово (грчки: Αναγέννηση, Анагениси; до 1928 г. Τσιουτσιλίκοβον, Цуциликовон[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]
Чучулигово Αναγέννηση | |
---|---|
Координати: 41°6.30′N 23°19.57′E / 41.10500° СГШ; 23.32617° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Сер |
Општ. единица | Капетан Митруси |
Надм. вис. | 22 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 752 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во средиштето на Серското Поле на околу 20 км западно од градот Сер и северно од Ениќој.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Чучулигово било село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чучулигово (Tchoutchiligovo) било село со 72 домаќинства сочинети од 230 Македонци и 12 муслимани.[4][5] Во 1891 г. е изградена црквата „Св. Атанасиј“.[6]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Чучулигово, на ЈИ од Елшани нешто 3⁄4 часа пат. Во сред поле, како и горното село.[7] Има дел од нивјето, чифлик Нашикбегов од Сер. Црквата „Св. Атанас“ е гркоманска. Куќи 50 македонски.[8][9] | “ |
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) към 1900 година в селото живеят 560 Македонци христијани.[10]
По Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда.[11] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Чучулигово (Tchoutchouligovo) имало 480 Македонци под Егзархијата и 120 Македонци под Цариградската патријаршија. Во селото работело бугарско основно училиште.[12] Во 1910 г. инспекторот Константин Георгиев Чучулигово вели дека Чучулигово е мало село со 70 македонски куќи,[3] каде учителствувал Б. Маргаритов и имал 22 ученици (20 машки и 2 женски).[13]
Најимотен и највлијателен жител на селото бил Петар Ушев. Парично го потпомагал ВМОРО. Исто така давал пари за изградбата на бугарски училишта и цркви.[14]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Поради војната, селото таа година имало само 361 жител.[3] Непосредно по Првата светска војна голем дел од населението се преселило во Пиринска Македонија, основајќи го денешното село Чучулигово, Петричко. Во 1920 г. во селото се попишани 238 лица.[3] Во 1924 г. под притисок на властите во Бугарија се иселиле уште неколку семејства,[3] а властите во селото довеле грчки колонисти. Во 1927 г. селото е преименувано во Анагенисис, во превод преродба. На пописот од 1928 г. Чучулигово е претставено како етнички мешано село со 767 жители,[3] од кои 464 дојденци (111 семејства), а останатите македонски мештани.[15]
По повлекувањето на бугарската војска на 9 септември 1944 г. Чучулигово страдало од напади на разбојнички андартски чети на Андон Чауш. На 20 февруари 1945 година г. селото е нападнато и ограбено, 15 души се уапсени, а 33 истерани во Бугарија.[16]
Во 1972 г. е изградена нова црква „Св. Атанасиј“.[6]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Герени | Γκερένια | Агонон | Άγονον[17] | |
Полјани[18] | Μπολιάνες | Херсон | Χέρσον[17] | месност на ЈЗ од Чучулигово[18] |
Доганџика | Ντογατζίκα | Аплома | Άπλωμα[17] | |
Тригач[19] | Τρίγκατς | Цуграна | Τσουγκράνα[17] | месност на СИ од Чучулигово[19] |
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.000 | 910 | 1.158 | 1.041 | 944 | 976 | 990 | 752 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уреди- Стојо Ангелов Ќусето — револуционер, деец на ВМОРО, умрел по 1918 г.[20]
- Хрисостом Анагностопулос (р. 1933) — грчки духовник
- Петар Ушев — помагач и јатак на ВМОРО[14]
Културни и природни знаменитости
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ од 1891 г.
- Црква „Св. Атанасиј“ од 1972 г.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 269. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 116–117. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ 6,0 6,1 „Ιερός Ναός Ἁγίου Ἀθανασίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 16 декември 2017.
- ↑ Елшан.
- ↑ нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 841.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
- ↑ Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
- ↑ Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, 2005, София, стр. 176.
- ↑ 14,0 14,1 Радовски, Александър (2017). Оцеляло родолюбие. Спомен за Тома Радовски. Фабер. стр. 41.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония-мит или реалност, София, 1996, стр. 277.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 17,3 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1042. 1968. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 18,0 18,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 19,0 19,1 Serrai GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)
- ↑ Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 106.