Хомондос

село во Серско, Егејска Македонија

Хомондос или Хуманџа (грчки: Μητρούσι, Митруси; до 1927 г. Χομόνδος, Хомондос[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Населението брои 1.195 жители (2021).

Хомондос
Μητρούσι
Хомондос is located in Грција
Хомондос
Хомондос
Местоположба во областа
Хомондос во рамките на Сер (општина)
Хомондос
Местоположба на Хомондос во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°4.13′N 23°27.38′E / 41.06883° СГШ; 23.45633° ИГД / 41.06883; 23.45633
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаКапетан Митруси
Надм. вис.&1000000000000001500000015 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно1.195
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во средиштето на Серското Поле на запад од градот Сер и источно од Ениќој.

Историја

уреди

Потекло на името

уреди

Името на селото потекнува од поимот „хомот“ (старословенски: хомѫтъ, хомонт) со додадена грчка наставка.[3]

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Хомондос бил чифлик во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хомудос (Homoudos) е село со 114 домаќинства сочинети од 245 Македонци и 90 муслимани.[4][5]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Хумондос, чифлик на х. Думба и Ингилиз-бег; на ЈЗ од Сер 1 час. Почва многу плодна, но затоа пак често за време на поплави е совршено јалова. 40 куќи, македонски.[6][7]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 200 Македонци христијани, 50 Турци и а20 Черкези.[4][8]

Во Хомондос работеле грчката и бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Хумандос (Houmandos) имало 24 Македонци егзархисти и 496 патријаршисти, 12 Власи и 48 Роми. Во него работело бугарско основно училиште.[9]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Хомондос броел 404 жители,н ово 1920 г. тие се намалиле на 333 лица.[10] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор сите муслимани се иселени во Турција, а на нивно место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Хомондос било етнички мешано село со 1.252 дојденци (252 семејства).[11]

Во 1927 г. селото е преименувано во Митруси.

Месности во Хомондос преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Име Ново име Ново име Опис
Баглади[12] Μπαγλαντί Демена Δεμένα[13] местност на ЈИ од Долно Хомондос[12]
Харманка[12] Χαρμάγκα Палиалома Παλιάλωνα[13] местност на ЈЗ од Долно Хомондос и на ЈЗ од Горна Камила[12]
Талдарка Ταλντάρκα Кудуния Κουδούνια[13]
Магданозо[12][14] Μαϊντανώση Майданотопос Μαϊδανότοπος[13] ниви и градини[14] на С од Хомондос[12]

Во 1997-2003 г. е изградена црквата „Успение на пресв. Богородица“.[15]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.546 1.629 1.853 1.624 1.695 1.714 1.569 1.479 1.195
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 213.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 116–117. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
  7. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 842.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
  10. Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 267–268. ISBN 9989-9819-6-5.. Селото е погрешно наречено „Долно Хомондос“.
  11. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1043. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  14. 14,0 14,1 Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 156.
  15. „Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 14 октомври 2019.
  16. Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 47.
  17. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 67. ISBN 954-9800-52-0.
  18. Райкова, Ана. Стефан Веркович и българите. Доклади до сръбското правителство (1868-1875), София, 1978, с. 167-171.