Долна Камила

село во Серско, Егејска Македонија
Ова е објавената верзија, проверена на 21 август 2024. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Долна Камила или Турска Камила (грчки: Κάτω Καμήλα, Като Камила) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 955 жители (2021). Го носи алтернативното име „Турска“ бидејќи покрај Македонците имала и турско малцинство. Денес половината жители се Македонци, а другата половина се грчки дојденци.[2]

Долна Камила
Κάτω Καμήλα
Долна Камила is located in Грција
Долна Камила
Долна Камила
Местоположба во областа
Долна Камила во рамките на Сер (општина)
Долна Камила
Местоположба на Долна Камила во општината Сер и областа Централна Македонија
Координати: 41°1.16′N 23°29.0′E / 41.01933° СГШ; 23.4833° ИГД / 41.01933; 23.4833
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаКиспикеси
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно955
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Османли Камила (Osmanli-Kamila) е село со 82 домаќинства од 240 Македонци и 25 муслимани.[3][4]

Во 1891 г. охридскиот деец Георги Стрезов го завел селото како дел од областа Овакол и напишал за него:

Камила, кај десниот брег на Струма, во истиот ред како споменатото село.[5] ИСтото растојание, од истите причини. На југ од Сер и на северозапад од Џами Маала 1 час. 25 куќи; грчка црква. Од спротива се гледаат рушевините на друго село, Горна Камила, кое го урнисала реката.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) Долна Камила брои 180 жители, сите Македонци-христијани, а Турска Камила - 210 Македонци и 110 Турци.[3][7]

Во Грција

уреди

Во октомври 1912 г. во Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 632 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле дури на 235 лица.[2] Во Турците се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место, поради плодноста на земјиштето, властите довеле 481 грчки колонист од 105 семејства. Во 1928 г. селото броело 977 жители,[2] од кои околу половина Македонци, а половина (484 лица) грчки дојденци.

Во 1940 населението нараснало 1.368 жители поради поволните услови. Во 1957 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.[8] Во следните десетлетија продолжило да расте, но почнало да опаѓа во 1960-тите. Најголем пад е забележан во 2000-тите, кога бројноста опаднала од 1.430 во 2001 до 1.127 во 2011 г.

Личности

уреди
  • Петар Димитров (1868 – ?) — борец во Балканските војни од Костурската дружина, носител на орден „За храброст“, IV степен[9]
  • Тодор Димитров (1868 – ?) — борец во Балканските војни од Костурската дружина[10]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.368 1.438 1.715 1.489 1.562 1.497 1.430 1.127 955
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

уреди

Стопанство

уреди

Селото има мошне плодно земјиште кое дава по две богати реколти годишно. Се одгледуваат големи количества памук, пченка, жито, фуражни култури и друго, а застапено е и краварството.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 248–249.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 118 – 119.
  5. Џами Маала.
  6. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 842.
  7. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 176 и 180.
  8. „Ιερός Ναός Ἁγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 1 ноември 2018.
  9. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 226.
  10. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 229.