Раховица
Раховец (Ореховец, Раховица или Рахово; грчки: Μαρμαράς, Мармарас, до 1927 Ραχωβίτσα, Раховица[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во Општина Сер на Серскиот Округ, Грција.
Раховица Μαρμαράς | |
---|---|
Координати: 41°9.33′N 23°36.43′E / 41.15550° СГШ; 23.60717° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Сер |
Општ. единица | Сер |
Надм. вис. | 600 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 4 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на јужните падини на планината Шарлија, на 15 км северно од градот Сер во долината на Бродска Река крај патот Сер — Горно Броди. Над селото се наоѓа турската тврдина Капаклија.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Раховица било село во Серската каза. Жителите се занимавале претежно со јагленарство и ситно сточарство.[3] Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Ореховец (Oréhovets) имало 58 домаќинства на 200 жители Македонци.[4][5]
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Раховица:
„ | Раховица или Ореховец: христијанско село што лежи на висок рид; 1 црква; жителите Македонци прават добар тутун; оддалечено 2 часа од градот.[4][6] | “ |
На табелите на Верковиќ Раховица (Ореховец) е обележано како село со 118 македонски куќи.[4][7]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Рјаховица, село на С од градот и на СИ од Мертатово. Изградено на на еден висок врв, огранок на Боздаг. И ова село е прочуено по својот чист планински воздух, со студените води. Поради здравата клима многумина таму го поминуваат летото. Земја за работа нема. Во Рјаховица има няколки семејства Власи, овчари; овчари има и од Македонците.[8] Црква грчка. Имало грчко училиште; сега нема никакво. 80 куќи, 400 души, чисто Македонци.[8][9] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 во Орѣхово (Ряхово) (Тахтали Кьой) имало 440 жители Македонци христијани и 30 Власи.[4][10] Во првото десетилетие на XX век македонското население на Раховица било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Орјаховица (Oriahovitza) имало 960 Македонци егзархисти и 30 Власи, а во селото работело бугарско училиште со 1 учител и 29 ученици.[4][11]
Во 1910 г. инспекторот Константин Георгиев забележал дека во Раховица има црква, која е една од најубавите во околијата и училиште со 45 ученици, сите машки (најголем број деца во забавачницата — 29) и учител Г. Попдимитров.[12]
Во Грција
уредиКон 1913 г. селото имало 160 македонски куќи и 10 влашки во мало одделно маало.[3] Во Втората балканска војна во 1913 г. селото е разорено и опожарено од грчката војска, а дел од неговите жители се убиени.[13] Истата 1913 г. населението се намалило на 104 жители.[14] Македонското население избегало во Бугарија, населувајќи се во Мусомишта (околу 100 семејства), Неврокоп, Кричим, Пазарџик, Пловдив.[3] На пописот од 1920 г. во Раховица се заведени само 36 лица.[14]
По војната селото е пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1927 г. селото е преименувано во Мармарас.[15] Во 1928 г. Раховица имала 158 жители, од кои само 1 доселеник. Ова на тоа дека веројатно на местото на Македонците се доселиле влашки сточари.[14]
Селото се распаднало пред Втората светска војна кога неговото население се прибрало во Дутлија.[14] Оттогаш селото не се води на ниеден попис сè до 1991 г., кога е евидентирано со 44 жители.[14]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | — | — | — | 44 | 42 | 14 | 4 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уреди- Андон Качарков (1884 — 1944) — револуционер
- Иван Филипов (1867 — 1930) — духовник и револуционер на ВМОРО
- Крсто Захариев (1860 — 1899) — револуционер
- Крсто Иванов (1887 — ?) — револуционер на ВМОРО, четник на Дончо Лазаров,[16] борец во МОО, XIV Воденска дружина[17]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 23.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 61.
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 228–229.
- ↑ 8,0 8,1 Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 837.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
- ↑ Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, 2005, София, стр. 140.
- ↑ Иванов, Йордан. "Населението в югоизточна Македония (Сярско, Драмско и Кавалско)". София, 1917, стр.23.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 263. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА - Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.54
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 288. ISBN 954-9800-52-0.