Календра

село во Серско, Егејска Македонија

Календра (грчки: Καλά Δένδρα, Кала Дендра; до 1926 г. Καλένδρα, Календра[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.131 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, кои денес се околу една третина од жителите.[3]

Календра
Καλά Δένδρα
Календра is located in Грција
Календра
Календра
Местоположба во областа
Календра во рамките на Сер (општина)
Календра
Местоположба на Календра во општината Сер и областа Централна Македонија
Координати: 41°5.58′N 23°25.26′E / 41.09300° СГШ; 23.42100° ИГД / 41.09300; 23.42100
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаКаваклија
Надм. вис.&1000000000000002500000025 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.131
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено во Серското Поле, околу 9 км западно од градот Сер. Лежи на железничката линија Кулата - Валовишта - Сер - Драма.

Историја

уреди

Потекло на поимот

уреди

Се смета дека името потакнува од поимот „календер“, кој е персиски збор навлезен преку турскиот, и значи „испосник, филозоф, дервиш-скитач“.[4]

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Календра е заведено како чисто македонско село во Серската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Календра (Kalendra) имало 242 Македонци 76 семејства.[5][6] Во периодот меѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Во 1891 г. охридскиот деец Георги Стрезов го завел селото како дел од областа Овакол и напишал:

Календра, чифлик југоисточно од Просеник, на 1 час од него и 2 часа од градот. 45 куќи, македонски.[5][8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото има 660 жители Македонци христијани.[5][9]

Во првото десетилетие на XX век македонското население на селото било поделено во две цркви — грчката и бугарската. Од нив, во образовна смисла, како посилна се покажала бугарската пропаганда. По Илинденското востание во 1904 г. речиси сите жители (78 куќи) прешле под врховенството на Бугарската егзархија, а само 10 останале под Цариградската патријаршија (грчката црква).[10] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Календра (Kalendra) имало 624 Македонци под егзархијата и 224 под Цариградската патријаршија, а во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител и 28 ученици.[5][11]

До 1912 г. половината од селото било чифлик.

Во Грција

уреди

Во Првата балканска војна селото било окупирано од бугарската армија, а по Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 221 жител, а во 1920 г. се зголемило на 265 жители.[3] Ова претставува огромен пад на населението во однос на предвоените години, кога било барем 4 пати побројно. Во 1922 г. е изградена нова црква „Св. Ѓорѓи“ на местото на храм уништен во Балканските војни.[12] Во 1926 г. селото е преименувано во грцизираниот облик Кала Дендра. Поради плодните површини, властите во Календра довеле 667 грчки колонисти (166 семејства) и за нив изградиле нови живеалишта.[3] Во 1928 г. селото е заведено како етнички мешано, со 981 жител,[3] од кои 667 биле грчки дојденци.[13]

Во 1940 г. селото броело 951 жител. Населението почнало да покажува пораст во 1960-тите и продолжило со развој и устојчивост сè до 2000-тите, кога доживеало извесен пад.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 951 1.033 1.031 1.237 1.481 1.444 1.356 1.131
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Во Календра се одгледуваат памук, жито, фуражни култури и др. Застапено е и краварството.[3]

Личности

уреди
  • Димитар (Митруш) Календрали — револуционер, четник на војводата Коста Мухчината[14]
  • Костадин Иванов (1876 – ?) — револуционер
  • Мило Димитров Георгиев (1909 – 1945) — подофицер во Бугарија, загинал во Втората светска војна[15]
  • Тома Ангелов — деец на ВМРО, убиен од михајловистите[16]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καλένδρα -- Καλά Δένδρα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 257.
  4. Иванов, Йордан. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 131.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 116-117.
  7. Илюстрация Илинден, 1936, бр. 79, стр. 1.
  8. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 841.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
  10. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр. 126.
  11. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 198-199.
  12. „Ιερός Ναός Ἁγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 7 јануари 2018.
  13. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  14. Гоце Делчев: Спомени, документи, материали. София: Наука и изкуство. 1978. стр. 392.
  15. ДВИА, ф. 39, оп. 3, а.е. 112, л. 24
  16. Пърличев, Кирил (1999). 36 години във ВМРО. Спомени на Кирил Пърличев. София: Веда МЖ. стр. 598.