Дервешани

село во Серско, Егејска Македонија

Дервешани, Дервешен или Дервештани (грчки: Οινούσσα, Инуса; до 1930 г. Δερβέσιανη, Дервесјани[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Населението брои 497 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]

Дервешани
Οινούσσα
Поглед на селото
Поглед на селото
Дервешани is located in Грција
Дервешани
Дервешани
Местоположба во областа
Дервешани во рамките на Сер (општина)
Дервешани
Местоположба на Дервешани во општината Сер и областа Централна Македонија
Координати: 41°6′N 23°37′E / 41.100° СГШ; 23.617° ИГД / 41.100; 23.617
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаСер
Надм. вис.&10000000000000130000000130 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно497
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во јужното подножје на планината Сминица, во Серското Поле, околу 7 км источно од градот Сер, на надморска височина од 130 м.[3]

Историја

уреди

Антика

уреди

Во јужната падина на рид на околу 2-3 км северно од селото е откриена мала римска населба.[4] На половина километар северно од Дервешани, ридот Власелник има рановизантиска крепост, додека на соседниот рид Бегово е откриена праисториска населба.[5]

Среден век

уреди

На 1,5 км северно од Дервешани и североисточно од Геди Дермен, на јужната вертикална страна на ридот Власелник во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ има средновековна фреска насликана на висина од 5,5 м на карпата. На неа е претставена Богородица со Младенецот. Јужно од селото се наоѓа средновековната црква „Св. Никола“, изградена во XIV век.[6][7]

Селото се спомнува како Пресвена (Πρεβέσαινα) во 1346 година, Древесена (Δρεβέσαινα) во 1351 г. и Тревисина (Τρεβίσηνα) во 1357 г.[5]

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Дервешани било македонско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Дервешан (Dérvechan) имало 12 домаќинства и 33 жители Роми и Черкези.[8]

Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 8 македонски домаќинства.[9][10]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Дервештане, чифлик на манастирот „Св. Иван“, 34 час источно од Сер во подножјето на Боздаг. Плодна земја, наводена со рекичката Та Јани. Пред неколку години жителите биле постојани; сега се собираат само лете од околните села. 25 куќи, 125 жители, Македонци. Има и грчка црква.[11]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Дервешани имало 180 жители, сите Македонци.[9][12]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Дервешани броело 80 жители, но во 1920 г. тие се намалиле на 44 лица.[3] Во 1930 г. селото е преименувано во Инуса (Οινούσσα).[2] Никогаш не биле сместени бегалци, меѓутоа почнале да се доселуваат грчки семејства од Субашќој и Везник, така што станало мешана населба. Во 1960-тите се доселиле и семејства од планинското село Лески.[3]

Стопанство

уреди

Населението произведува тутун, компир, жито и други земјоделски производи. Поради поволните услови за сточарење, внимание му се посветува и на сточарството.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 332 370 395 467 536 487 524 517 497
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и полтиика

уреди

Во 1970 година, селото станало седиште на општина поради намалувањето на жители на соседното Лески.[3] Општината Дервешани била приклучена во општината Сер во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Сер.

Селото припаѓа на општинската единица Сер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Сер, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Дервешани, во кој влегува и селото Лески.

Културни и природни знаменитости

уреди

Археолошки наоѓалишта

  • Власелник — крепост од античко и средновековно време

Цркви

Други

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 23 март 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 251.
  4. Σαμσάρης, Δημήτρης Κ (1999). Ιστορία των Σερρών κατά την αρχαία και ρωμαϊκή εποχή (грчки). Θεσσαλονίκη. стр. 163–164. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  5. 5,0 5,1 „Κάστρο Οινούσσας“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 23 март 2024.
  6. „060 – ΙΕΡΟΣ ΝΑΟΣ ΑΓΙΩΝ ΑΝΑΡΓΥΡΩΝ ΟΙΝΟΥΣΑΣ – ΙΕΡΑ ΜΗΤΡΟΠΟΛΙΣ ΣΕΡΡΩΝ ΚΑΙ ΝΙΓΡΙΤΗΣ“ (грчки). 2021-08-03. Посетено на 2024-03-23.
  7. Σαμσάρης, Πέτρος Κ. „Βυζαντινά μνημεία των περιχώρων των Σερρών“. Βιβλιοθήκη Σερρών. Архивирано од изворникот на 12 мај 2014. Посетено на 23 март 2024.
  8. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 124–125. ISBN 954-8187-21-3.
  9. 9,0 9,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  10. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 228–229.
  11. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 837.
  12. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.