Долно Хомондос

село во Серско, Егејска Македонија

Долно Хомондос (грчки: Κάτω Μητρούσι, Като Митруси) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во Општина Сер на Серскиот Округ, Грција. Населението брои 404 жители (2021).

Долно Хомондос
Κάτω Μητρούσι
Долно Хомондос is located in Грција
Долно Хомондос
Долно Хомондос
Местоположба во областа
Долно Хомондос во рамките на Сер (општина)
Долно Хомондос
Местоположба на Долно Хомондос во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°3.30′N 23°27.29′E / 41.05500° СГШ; 23.45483° ИГД / 41.05500; 23.45483
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаКапетан Митруси
Надм. вис.&1000000000000001500000015 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно404
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во средиштето на Серското Поле на запад од градот Сер и северно от Ениќој.

Историја

уреди

Во 1853 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“ како храм на Долното Маало на Хомондос.[2]

Ова е нова доселеничка населба изградена во 1924 г. на околу 2 км северно од Хомондос, иако маалото Долно Хомондос веќе имало мештани. Властите тука сместиле грчки колонисти.[3] Во 1920-тите муслиманското население на Хомондос било иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. Во 1928 г. селото имало 533 жители, од кои 119 биле грчки дојденци, а останатите биле македонски мештани.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 533 555 681 547 589 600 655 472 404
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 2 ноември 2014.
  3. 3,0 3,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 250, 167–268. ISBN 9989-9819-6-5. Селото е погрешно наречено „Горно Хомондос“.