Агова Маала

село во Серско, Егејска Македонија

Агова Маала (грчки: Αδελφικό, Аделфико; до 1927 г. Άγκω Μαχαλά, Аго Махала[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[3]

Агова Маала
Αδελφικό
Агова Маала is located in Грција
Агова Маала
Агова Маала
Местоположба во областа
Агова Маала во рамките на Сер (општина)
Агова Маала
Местоположба на Агова Маала во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°0.52′N 23°27.27′E / 41.00867° СГШ; 23.45450° ИГД / 41.00867; 23.45450
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаКиспикеси
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно209
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во Серското Поле, југозападно од Сер. Лежи близу до левиот брег на Струма.[4]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX и почетокот на XX век Агова Маала било чисто македонски чифлик во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Агова Маала (Ago-mahala) имала 35 домаќинства сочинети од 118 жители Македонци.[5][6] Грчка статистика од 1886 г. го води Аго Махалас (Άγκο Μαχαλάς) како село со 150 христијани.[7]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Агова Маала, чифлик на серскиот доктор Атанасаки на ЈЗ од градот близу 3 часа. Иако е до реката и со истите услови како горните два чифлика,[8] со усилбите на сопственикот Агова Маала многу ги надминува соседните села. 30 куќи.[9]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото броело 240 жители Македонци-христијани.[5][10]

На почетокот XX век населението на Агова Маала (Agova-Mahala) било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото се состоело од 248 Македонци патријаршисти и 18 Роми.[5][11] Грчка статистика од 1908 г. го води Аго Махале (Άγκο Μαχαλέ) како село со 210 егзархиски жители.[7]

Селаните од Агова Маала се жалеле до европските конзули и властите го осудиле кметот на селото.[12]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 292 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 152 лица.[3] Во 1923-1924 г. 4 жители под притисок на власта се иселиле во Бугарија, а државата довела грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Агова Маала имала 564 жители,[3] од кои 344 лица (74 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски староседелци.[13]

Во 1952–1953 г. на сретселото е изградена црквата „Св. Атанасиј“.[14]

Месности во Агова Маала преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Ќорколак[4] Κιορκολάκι Страво Авти Στραβό Αύτί[15] месност на С од Агова Маала[4]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 690 734 915 758 581 531 526 254
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 245. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 4,2 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 118–119. ISBN 954-8187-21-3.
  7. 7,0 7,1 Демографија на селата во општината Копеки, Архивирано од изворникот на 30 ноември 2007, Посетено на 30 јуни 2009
  8. Џами Маала и Камила.
  9. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 842.
  10. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
  11. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
  12. Одрински глас, брой 18, 11 май 1908, стр. 4.
  13. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  14. „Ιερός Ναός Ἁγίου Ἀθανασίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 16 декември 2017.
  15. „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1042. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)