Фраштани

село во Серско, Егејска Македонија

Фраштани (грчки: Ορεινή, Орини; до 1927 г. Φρασταινα, Фрастена[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 575 жители (2021), сочинето исклучиво од Македонци.[3]

Фраштани
Ορεινή
Поглед на Горно и Долно Фраштани од Шарлија
Поглед на Горно и Долно Фраштани од Шарлија
Фраштани is located in Грција
Фраштани
Фраштани
Местоположба во областа
Фраштани во рамките на Сер (општина)
Фраштани
Местоположба на Фраштани во општината Сер и областа Централна Македонија
Координати: 41°11.44′N 23°35.32′E / 41.19067° СГШ; 23.58867° ИГД / 41.19067; 23.58867
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаФраштани
Надм. вис.&10000000000000750000000750 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно575
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Фраштани се наоѓа 15 км северно од градот Сер, во јужното подножје на планината Шарлија. Низ него тече реката Серовица, тука наречена Фратска Река. Селото традиционално се дели на Горно Фраштани и Долно Фраштани (денес на грчки Ано Орини и Като Орини или само Орини). Остатоците од познатото село Баница се 4 км источно од Фраштани.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Месното предание вели дека името на селото доаѓа од зборот враштање („враќање“ на серски дијалект). Според неа, пред 350-400 години во селото имало голема епидемија на колера и целото село било напуштено. Подоцна повратените жители му го дале новото име, за да го овековечат нивното враќање.[2]

За настанокот на селото, преданието вели дека е основано тројца браќа — Енчо, кој живеел во месноста Нагледа, Јудан, кој живеел во Јуданово, и Геракар, кој живеел во Геракаре. Овие три населени места се соединиле поради страв од разбојници.[4]

На крајот на XIX век Фраштани е забележано како чисто македонско село. Жителите се занимавале со рударство, промивајќи руда по падините на Шарлија, која ја продавале по селата во Мрвачко. Со опаѓњето на рударството, фраштанци почнале да се занимаваат со земјоделство, сточарство и кираџиство (превоз).[5]

Црквата „Св. Троица“ во Горно Фраштани е од првата половина на XIX век,[6] а „Св. Марина“ во Долно Фраштани е изградена во 1836 г.[6]

Жителите на Фраштани зеле активно учество во Македонското востание од 1878 г.[7]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Фраштене (Fraschténe) е село со 107 домаќинства од вкупно 345 жители Македонци.[8][9] Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за селото:

Фраштен: христијанско село, поделено на два дела: Горен и Долен Фраштен. 2 цркви; жителите Македонци се занимаваат со земјоделство и превоз на јаглен и дрва во градот. Оттука минува патот од Сер кон планината Шерлија, до чиј врв има два и пол часа, а до Сер — 4 часа.[10][11]

Во својста статистика, Верковиќ забележал дека селото се состоело од 227 македонски куќи.[10][12]

Кон крајот на XIX век во Фраштани работела грчката пропаганда на духовен и образовен план, иако во црквите напоредно се користел и народниот јазик. Во 1891 г. охридскиот деец Георги Стрезов напишал дека селото било дел од областа Баницакол и вели:

Долно Фраштани, село на север од Сер 3½ часа. и на југозапад од Баница. Истото растојание. Црква „Св. Богородица“, се служи на грчки и македонски, со грчко училиште со 25 ученици. Куќи 60; жители 350 лица, сите Македоци.

Горно Фраштане, село 14 час на североисток од Долно Фраштане. Патот и овде е стрмен; истата состојба на жителите. Црква „Св. Дух“, во која се служи мешано; грчко училиште со 15 ученици. 60 куќи, сите македонски.[10][13]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Горно Фраштан живееле 545, а во Долно Фраштан — 780 Македонци.[8][14]

Подоцна во Фраштани проработела и бугарската пропаганда. Сите жители на обете села биле под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Долно Фраштани имало 1.120 Македонци, сите под егзархијата, а во Горно Фраштани — 768. И во двете села работеле бугарски училишта.[8][15] На 16 јули 1909 г. истакнатиот егзархист Костадин Петров е убиен од грчки терористи меѓу селата Календра и Ениќој.[16]

Според училишниот инспектор Константин Георгиев, во 1910 г. во Горно Фраштани учителствувал Велик Георгиев, кој имал 28 ученици (27 машки и 1 женско), а во даскал во Долно Фраштани бил Паско Илиев, со 29 ученици (27 машки и 2 женски).[17] Георгиев посочил дека Долно Фраштани има 150 куќи, а целото село се состои од две маала, секое со своја црква.[17]

За време на Првата балканска војна во 1912 г. Фраштани е окупирано од Седмата рилска дивизиja на Бугарската армија. Тогаш Горно Фраштани имало 120, а Долно Фраштани — 150 куќи.[5]

Во Грција

уреди

Грчката војска стасала во селото на 10-11 јули 1913 г.[18] Неколку дена пред нејзиното пристигање, месното население било предупредено дека Грците при окупацијата ќе спроведуваат казнени мерки. Прво ќе ги бараат учителот и попот. Учителот Велик Георгиев и други селани натовариле сè што можеле и заминале во Бугарија.[19] Во јули 1913 г. селото е запалено од грчката армија.[18] По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција по сила на Букурешкиот договор. Истата 1913 г. Горно Фраштани броело 532, а Долно Фраштани — 691 жител.[20] Во 1920 Горното имало 373, а Долното — 653 лица.[3] По војната од Горно Фраштани се иселиле десет македонски семејства, а во 1925 г. и сите останати, освен 23 кои се преправале дека се прогрчки. Од Долно Фраштани се иселиле само 10-15 семејства, а останатите решиле да се преправаат дека се прогрчки настроени. Бегалците од Горно Фраштани се населиле во Селџиково (Калојаново), Пловдив, Сливен, Неврокоп (Гоце Делчев), Белица, а од Долно Фраштани во Свети Врач (Сандански) и Неврокоп.[5]

Во 1927 г. селото (како целина) е преименувано во Орини, што во превод значи „планинско“.[21] На пописот од 1928 г. Горно Фраштани броело 133, а Долно Фраштани — 632 лица.[3]

Во 1940 г. е забележано дека Горно Фраштани има 216, а долно Фраштани — 827 жители.[3] За време на Граѓанската војна целото население на селото е префрлено во градот Сер за негово контролирање. Жителите на Фраштани и денес зборуваат македонски.[2] По војната, населението продолжило да се качува. Порастот траел сè до 1970-тите, кога дел од жителите почнале во да се иселуваат во градовите, со што бројот на жителите забележително опаднал. Ова трае до денес.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.043 1.007 1.298 1.223 907 830 820 742 575
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Белешка: Сè до пописот од 2001 г. двете маала се броеле одделно, па затоа погоре се дадени збирни бројки. Поединечните бројки за Горно, односно Долно Фраштани за периодот од 1940 до 1991 г. се следниве: 216+827, 198+809, 316+982, 312+911, 189+718, 204+626.

Стопанство

уреди

Во Фраштани се одгледува жито, компири и тутун, а застапено е и сточарството.[3]

Личности

уреди
  • Атанас Дерменџиев (1912 - ?) — борец на ДАГ во Граѓанската војна (1947 - 1948), ранет е испратен на лечење во Варна, каде останал[22]
  • Велик Георгиев (1883 - 1947) — учител во Горно Фраштани до 1913 г.[23]
  • Димитар Терзиски — револуционер на ВМРО

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Κοινότητα Ορεινής. Ιστορικά στοιχεία“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2020-01-08.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 250 и 252.
  4. „Κοινότητα Ορεινής. Μια προσωπική μαρτυρία“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2020-01-08.
  5. 5,0 5,1 5,2 Йордан Иванов. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 21.
  6. 6,0 6,1 „Ιερός Ναός Αγίας Τριάδος“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 3 ноември 2014.
  7. Христо Христов. „Аграрните отношения в Македония през XIX и началото на XX век“. София, 1964.
  8. 8,0 8,1 8,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  9. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 117.
  10. 10,0 10,1 10,2 Користејќи ги поимите „Бугари“ и „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
  11. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 62.
  12. Верковичъ, стр. 228-229.
  13. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVI, 1891, стр. 836 - 937.
  14. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902
  15. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.198-199.
  16. Дебърски глас, година 1, брой 16, 19 юли 1909, стр. 4.
  17. 17,0 17,1 Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, 2005, София, стр. 141.
  18. 18,0 18,1 Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“. Приложение С.
  19. По спомени на очевидци од селото.
  20. Demombrement des habitants des nouvelles provinces de la Grece de 1913, Athens 1915, p. 45.
  21. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  22. Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). София: Главно управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 133. ISBN 954-9800-36-9. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-10-24. Посетено на 31 август 2015.
  23. Галчев, Илия (2005). Българската просвета в Солунския вилает. София: Университетско издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 141, 148.

Надворешни врски

уреди