Пабло Даниел Освалдо (роден на 12 јануари 1986) — италијански фудбалер роден во Аргентина, кој во моментов игра како напаѓач за Серија А клубот Интер.

Пабло Освалдо
Лични податоци
Роден на 12 јануари 1986(1986-01-12)(38 г.)
Роден во Буенос Аирес, Аргентина
Држава Аргентина Аргентина
Италија Италија (од 2007)
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Банфилд Банфилд
Број 11
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005 Уракан Уракан 33 (11)
2006 Аталанта Аталанта 3 (1)
2006-2007 Лече Лече 31 (8)
2007-2009 Фјорентина Фјорентина 21 (5)
2009-2010 Болоња Болоња 25 (3)
2010-2011 Еспањол Еспањол 44 (20)
2011-2013 Рома Рома 53 (27)
2013-2015 Саутхемптон Саутхемптон 13 (3)
2014Јувентус Јувентус 11 (1)
2014-2015Интер Интер 12 (5)
2015Бока Хуниорс Бока Хуниорс 11 (3)
2015-2016 Порто Порто 7 (1)
2016 Бока Хуниорс Бока Хуниорс 3 (0)
2020- Банфилд Банфилд 0 (0)
Репрезентација
2011-2014 Италија Италија 14 (4)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Клупска кариера

уреди

Рана кариера

уреди
 
Освалдо игра за Фјорентина во 2008 година

Освалдо го направил своето професионално фудбалско деби во аргентинската 2 дивизија за Уракан во 2005 година. По помалку од една година тој бил ангажиран од страна на италијанската екипа Аталанта, каде што одиграл само три натпревари и постигнал еден единствен погодок во сезоната 2005-06 во Серија Б. Во 2006 Аталанта се согласила на ко-сопственост договор да го испрати играчот во Лече, друг Серија Б тим, каде Освалдо имал можност да игра редовно, постигнувајќи осум гола во 31 настапи со Џалоросите. По една таква прилично импресивна сезона, Аталанта го вратила играчот и го продала на Фјорентина за 4.600.000 €. Тој го одиграл својот прв натпревар во Серија А на 29 септември 2007 година, постигнувајќи два гола во победата како гост со 3-0 над Ливорно.

Тој ја напуштил Фиорентина на 20 јануари 2009 година и и се приклучил на Болоња на заем за 2.000.000 €. На крајот на сезоната Болоња го купила него за дополнителни 5 милиони € потпишувајчи го Освалдо на 4-годишен договор. На 23 август 2009 Освалдо го постигнал првиот гол за Болоња оваа сезона против неговиот поранешен клуб Фјорентина и му донел на својот тим израмнување.

Еспањол

уреди

На 10 јануари 2010, Освалдо се преселил во Шпанија потпишувајќи за Еспањол. За сезона и половина тој одиграл 44 првенствени натпревари и постигнал точно 20 гола.

Рома

уреди

По успешната втора сезона со Еспањол, каде Освалдо постигнал повеќе од еден гол на секој втор натпревар, тој бил продаден на Рома за сума до € 17.500.000 на 25 август 2011. На 22 септември 2011 тој го постигнал својот прв гол за Рома, во натпреварот што завршил 1-1 со Сиена.