Организација на Договорот за колективна безбедност

Организација на Договорот за колективна безбедност (на руски: Организация Договора о коллективной безопасности), скратено ОДКБ — регионална меѓународна организација, воен сојуз составен од шест постсоветски држави, Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргистан, Русија и Таџикистан. Србија има статус на набљудувач во организацијата.

Организација на Договорот за колективна безбедност

Членство
Мреж. местоodkb-csto.org

Организацијата произлегува од Договорот за колективна безбедност (ДКБ), потпишан во Ташкент, Узбекистан на 15 мај 1992 година, од шест поранешни советски републики кои по распадот на СССР во 1991 година станале независни држави, имено Ерменија, Казахстан, Киргистан, Русија, Таџикистан и Узбекистан.[1] Во 1993 година на договорот се приклучиле и го потпишале уште три поранешни советски републики, Азербејџан, Белорусија и Грузија. По завршувањето на процедурите за ратификација, договорот стапил во сила на 20 април 1994 година, со времетраење од 5 години и со можност за обновување. Договорот за колективна безбедност, меѓу другото, како и Северноатлантскиот договор, во член 4 предвидува колективна одбрана — агресијата против една држава учесничка во договорот се смета за агресија врз сите држави учеснички во договорот.[1] Во 1999 година, претседателите на Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргистан, Русија и Таџикистан потпишале протокол за продолжување на времетраењето на договорот за следниот петгодишен период, но Азербејџан, Грузија и Узбекистан тогаш одбиле да го продолжат договорот.

Организацијата на Договорот за колективна безбедност е основана во 2002 година. На 14 мај, во Москва, Советот за колективна безбедност донел решение за преобразување на Договорот за колективна безбедност во меѓународна регионална организација. Така, на 7 октомври, во Кишинев, Молдавија, се случило и потпишувањето на Уставот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност, кој стапил во сила во 2003 година.[2] Во 2003 година Уставот на ОДКБ бил регистриран во Секретаријатот на Организацијата на обединетите нации, а во 2004 година организацијата добила набљудувачки статус во Генералното собрание на ОН.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Договор о коллективной безопасности“. odkb-csto.org (руски). Посетено на 12 јануари 2022.
  2. „Устав Организации Договора о коллективной безопасности“. odkb-csto.org (руски). Посетено на 12 јануари 2022.
  3. „От Договора к Организации“. odkb-csto.org (руски). Посетено на 12 јануари 2022.

Надворешни врски

уреди