Ристо Пенов
Ристо Пенов (роден на 28 септември 1957 година во Велес) — македонски стопанственик, политичар и општественик.[1]
Ристо Пенов | |
---|---|
![]() | |
Градоначалник на Град Скопје | |
На должноста 1996 – 2005 | |
Претходник | Јове Кекеновски |
Наследник | Трифун Костовски |
Пратеник во македонското Собрание | |
На должноста 2006 – 2011 | |
Министер за локална самоуправа на Македонија | |
На должноста 2022 – 2024 | |
Претседател | Стево Пендаровски |
Премиер | Димитар Ковачевски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 28 септември 1957 Титов Велес, НР Македонија, ФНРЈ |
Националност | Македонец |
Партија | Демократска партија ЛДП |
Сопружник | Нада |
Деца | 2 |
Установа | „Св. Кирил и Методиј“ |
Професија | економист |
Вероисповед | православен христијанин |
Животопис
уредиОбразование
уредиРисто Пенов е роден на 28 септември 1957 година во Велес. Средно образование завршил во Гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ во 1975 година, дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1979 година и магистрирал на тема „Кадровскиот потенцијал на Македонија – човечките ресурси како производен фактор“ на Правниот факултет во Скопје во 1990 година.
Работен век
уредиРисто Пенов со својот професионален ангажман започнал во органите на управа на Град Скопје каде што работел на проблемите на економскиот и просторниот развој на градот, и на тоа место се задржал до 1986 година кога станал советник во економскиот тим на Петар Гошев. Бил раководител во претпријатието „Ангрокожа“ (1990-1993).
Во политичкиот ангажман бил секретар на Демократската партија до нејзиното соединување со Либералната партија во 1997 година, потпретседател (19 април 1997 – пролетта 1999) и претседател на Либерално-демократската партија (пролетта 1999 – 11 февруари 2007).
Во 1996 година на Локалните избори бил избран за Градоначалник на Град Скопје, а вториот мандат го добил на Локалните избори во 2000 година. По завршувањето на градоначалничката функција, Пенов бил во два мандати пратеник во Собранието на Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Пенов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1132. Text "series " ignored (help)
„Ристо Пенов“ на Ризницата ? |