Демократска партија на Македонија
Да не се поистоветува со Демократска партија
Демократска партија на Македонија (ДПМ) — поранешна политичка партија од Република Македонија.
Демократска партија на Македонија ДПМ | |
---|---|
Идеологија | демократија |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Историја
уредиПартијата за првпат учествувала на парламентарните избори во 1994 каде што добила 1,5% од вкупниот број на гласови во првиот, односно 1% во вториот круг. На овие избори партијата освоила едно пратеничко место[1] (Томислав Стојановски).[2] На парламентарните избори во 1998 година партијата настапила во коалиција со Либерално-демократската партија. Коалицијата освоила четири пратенички места, сите припаднале на ЛДП.[1]
Партијата самостојно учествувала на следните парламентарни избори во 2002, но освоила 0,2% од гласовите без пратеничко место. По овие избори партијата не учествувала во ниеден нареден изборен циклус.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Nohlen, D & Stöver, P (2010) Elections in Europe: A data handbook, p1288 ISBN 978-3-8329-5609-7
- ↑ Демократска партија на Македонија, пратенички состав 1994-1998, Собрание на Република Македонија
- ↑ Nohlen & Stöver, p1281