Отвори го главното мени

Разговор со корисник:Ehrlich91/Архива 7

CyclingУреди

On d:Module:Cycling race I create a section Messages to our users. You will find informations that will help you. About translations, new items were created, the translation must be very precise because a bad translation can change the sense of the item. You also have a kit for jerseys. Each jersey is different from others. Jérémy-Günther-Heinz Jähnick (разговор) 13:34, 7 јануари 2017 (CET)

Бришење сликиУреди

Тони, ако може да се избришат сликите што ги обележав за брзо бришење. Прашав на англиската Вики, лиценцата што сум ја користел важи само за омот од плочи, но не и за слики од ЦД, книшка со текстови, итн. Гледам од поодамна биле подигнати, но сега ги корегирам. Плус имаше една статија копи/пејст од некој блог, и таа е обележана. Поздрав.--Вик Ретлхед (разговор) 00:37, 9 јануари 2017 (CET)

@Вик Ретлхед:  Ок Готово Мило ми е што се врати на Википедија :) --Ehrlich91 (разговор) 18:56, 9 јануари 2017 (CET)
Фала Тони, во меѓувреме бев на англиската вики, промовирав 5 статии во FA (ѓаволски тешка работа). Инаку, и таму почнав под ова корисничко име, но подоцна побарав да ми го сменат корисничкото име во Retrohead. Има можност за спојување на постојново корисничко име со Корисник:Retrohead и на македонската вики?--Вик Ретлхед (разговор) 19:34, 9 јануари 2017 (CET)
Тоа не може да се реши локално, бидејќи е централизиран процес од страна на стјуардите. Постави барање тука. --Ehrlich91 (разговор) 19:47, 9 јануари 2017 (CET)

Пишување на години во наслови на статииУреди

 Ок Готово Done and done. Поздрав --ca7apult (разговор) 19:12, 14 јануари 2017 (CET)

БалзакУреди

Како дел од жирито, дали може мислење дали статијата Оноре де Балзак ги исполнува критеиумите за избрана статија? Благодарам.--Retrohead (разговор) 22:00, 15 јануари 2017 (CET)

@Retrohead: Според мене бидејќи се работи за исклучително важен писател, статијата е во моментална состојба на „добра“, но има доста работа за исполнување на „избрана“. --Ehrlich91 (разговор) 23:33, 15 јануари 2017 (CET)

RequestУреди

Hello.

Could you create the article of the prominent Turkish-Jewish economist Dani Rodrik in Macedonian Wikipedia?

Thank you.

31.200.15.50 (разговор) 02:36, 20 јануари 2017 (CET)

Мала помош за Т.С. ЕлиотУреди

Здраво Тони, имам една мала молба. Се сеќавам дека имам пишувано за Томас Стернс Елиот. Не сум сигурен (не се сеќавам), ама изгледа имам создадено посебна страница под тоа име, која на 30 април е избришана (оправдано) затоа што веќе постоела статија под наслов Т.С. Елиот. Бришењето воопшто не е спорно, зашто глупаво е да има две посебни страници за едне ист човек. Единствено, би замолил (ако воопшто има техничка можност), ако е можно некако да ми се испрати текстот што сум го уредил, зашто сакам да го искористам со цел да ја збогатам постоечката статија за Т.С. Елиот. Ако пак моето уредување е неповратно изгубено, тогаш нема врска. ГП (разговор) 19:16, 21 јануари 2017 (CET)

 Ок Готово @ГП: Професоре проверете на мејл, ви ја испратив статијата во моментот на нејзиното бришење. --Ehrlich91 (разговор) 19:22, 21 јануари 2017 (CET)

Поврзување акаунтиУреди

Тони, ако може врска помеѓу мојот профил овде и профилот на англиската вики. Поздрав.--Retrohead (разговор) 22:50, 26 јануари 2017 (CET)

@Retrohead: Ете додадов врска како што беше стариот систем на поврзување со меѓујазични врски порано, иако не знам дали е тоа веќе практика. --Ehrlich91 (разговор) 22:57, 26 јануари 2017 (CET)

Затворање дискусииУреди

Тони, ај те молам види во статии за бришење (скролај најдолу), има две незатворени дискусии почнати во 2013, па мислам време е да се затворат. Поздрав.--Retrohead (разговор) 20:09, 29 јануари 2017 (CET)

Инфокутија за кошаркарска биографијаУреди

Здраво. Дали можеш да ми создадеш инфокутија за кошаркарска биографија. Се работи за лица кои биле кошаркари и се/биле тренери. На македонски јазик нема таква. Не знам како да правам шаблони (инфокутии) и не ми се експериментира. Ако можеш да се нафатиш, како пример земи актуелен тренер (пример Врбица Стефанов на англиски) и преведувај. Фала однапред. :) Dandarmkd (разговор) 17:15, 1 февруари 2017 (CET)

@Dandarmkd:Ај провери да не си грешка. Токму отидов на статијата за Врбица Стефанов (на македонски) и си постои инфокутија Кошаркар, која веќе се користи и во оваа статија, а и има и солидна документација. --Ehrlich91 (разговор) 19:10, 1 февруари 2017 (CET)

Hi!Уреди

I have updated the module Cycling race and inserted the first version of the new code. I have found some errors while doing this and for a few seconds the tables in this wiki were gone. Sorry for that. I have already seen while coding, that some tables didn´t translate the team name. The reason for this is, that they use the "official name" in the season items, like "Katusha 2016" and not "Katusha". I will find a solution for this. So far I have translated only d:Q847200 (Katusha). In this item you can see how it is done. You can see at Корисник:Molarus that the infobox and the two stage classifications show translated team names. The first classification table prints the Macedonian translation, even there is a Russian one. The preferences works. The second classification table prints "Катюша - Alpechin", that is my Russian translation, because I have not added a Macedonian translation for "Katusha-Alpecin" into the item. You will see at Модул:Cycling race/lang the lang module that tells the cycling module which translation is the right one. Maybe there are more errors in the code, I hope not, but please tell me if you see one. I hope I can fix the problem with the season items within a few days, I already have an idea for that.

PS: There is the possibility to move the translations from your wiki to Wikidata by bot, but I have not written the code yet. I would like to have the code, because I could move the latin script team names this way too. I know how much work it is doing this by hand. Maybe you could ask at d:Wikidata:Bot requests for someone how would do that, but I guess it is to difficult to write the bot script for that. At least I have already worked for two weeks on that script and didn´t get the code done. Maybe a few weeks more time would do that, but I don´t have the time for botscripting now. --Molarus (разговор) 19:17, 13 февруари 2017 (CET)

@Molarus: I finished with all needed translations with all World Tour teams, and I can see that it works in your example on your user page in main infobox for the race. I`ll finish all other translations for other continental teams as well today/tomorrow. Please tell me, when you finish with your updates, so we can check once again. Thank you --Ehrlich91 (разговор) 20:26, 13 февруари 2017 (CET)
It seems that the code is not correct, because "Катюша - Alpechin" is not changing after you have added the Macedonian translation. I have to fix that. -(( --Molarus (разговор) 21:59, 13 февруари 2017 (CET)
The second part is online. It looks good in preview mode. If you accept the new code in the cycling module, we will see if the job is done, at least in this wiki. Now, I have to move the code to the main module at Wikidata and test the code in frWiki and else. By the way, youth national teams have the name " .. U23" for "Under 23". I guess "U" is no Macedonian script. Let me know if you want that translated. See you. --Molarus (разговор) 17:23, 15 февруари 2017 (CET)
@Molarus: I couldn`t find any errors and it looks just fine with me, after I checked several articles with this module. Thank you for your efforts, and now we can conclude that we are finished with this issue. Usually, U23 I translate as „под 23 години“, as we did not have any special abbreviation for that. I think these days that. Thank you once again --Ehrlich91 (разговор) 21:16, 15 февруари 2017 (CET)
Its me again. I had lots of problems with the new code in frWiki and else. The advantage is, I wanted to rewrite that part of the code anyway. I see no difference to the previous code in mkwiki, it should be fine. I have also fixed an old error: The winning team in the infobox should not be a wikilink to a season article if no such season article exist. And the "U23" translation is changed in two tables. You can see how it looks now at the bottom of Шаблон:Cycling race/generalclassification.--Molarus (разговор) 13:10, 16 февруари 2017 (CET)

Прашање од љубобитност?Уреди

Здраво,

Дали може да знам кога планирате официјално да ги оцените статиите од уредувачкиот натпревар за француска книжевност. Поминат е речиси месец од завршувањето на натпреварот, мислам дека е редно резултатите да бидат објавени.

Благодарам, --Макс(разговор) 13:11, 23 февруари 2017 (CET)

@SmartM&M: Знам дека многу доцниме со објавување на резултатите и самите оценки, но морам да истакнам дека се работи за доброволен ангажман на членовите на жири-комисијата и дека имаат и други активности и обврски. Да не ветувам, но очекувам дека најдоцна наредната недела ќе ги имаме резултатите. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 23:36, 23 февруари 2017 (CET)
Во ред, не е страшно, само сум нетрпелив... :) --Макс(разговор) 23:44, 23 февруари 2017 (CET)

Само да потсетам дека си заборавил да ставиш поени за Жилјен Грак во мојата евиденција. Поздрав.--Retrohead (разговор) 01:52, 2 март 2017 (CET)

@Retrohead: Се случува Игор, фала за потсетувањето :) --Ehrlich91 (разговор) 20:30, 2 март 2017 (CET)

ЖириУреди

Еј Тони, може јас да бидам дел од жирито место Саздо, бидејќи и онака не е активен? Поздрав.--Retrohead (разговор) 19:19, 6 март 2017 (CET)

@Retrohead: Може Игор, ако сакаш ќе започнеме уште од овој за Егејска. --Ehrlich91 (разговор) 19:22, 6 март 2017 (CET)
Па да, за тековниот ми беше зборот. Фала.--Retrohead (разговор) 19:23, 6 март 2017 (CET)

Иван ЖУреди

Тони, ако може да му доделиш права на потврден уредник на Иван Ж, да не треба да му кликам „одобри“ на секое негово уредување. Мислам дека е добронамерен и доста продуктивен. Поздрав.--Retrohead (разговор) 20:24, 13 март 2017 (CET)

RetroheadУреди

Благодарам за довербата, Retrohead. Поздрав Иван Ж.

МолбаУреди

Дали може да ја проверите статијата Елдин Вражалица за која имате ставено назнака внимание т.е. ѝ се заканува бришење! Јас се обидов да ја средам а изворите кои се на неа се веродостојни, поткрепени со факти. Што уште може да се направи за да остане како статија на Википедија на македонски јазик? Благодарам!NatasaNedanoska (разговор) 15:16, 14 март 2017 (CET)

@NatasaNedanoska: Наташа, на статијата не ѝ се заканува бришење, туку е потребно само нејзино средување, како на многу статии на Википедија. Така што, вие или некој од поискусните корисници ќе ја средат сега, деновиве или во иднина, но статијата ќе остане. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 18:59, 14 март 2017 (CET)

Демографија на селатаУреди

Ќе може да ги вратиш избришаните уредувања за демографија на селата? Не сме се договориле сите заедно дека нема да постојат повеќе такви податоци во статиите. Ова е голема одлука за самиот да ја донесеш. Поздрав - Виолетова (разговор) 19:49, 20 март 2017 (CET)

@Виолетова: Жане, ако алудираш на промените во селата во Општина Старо Нагоричане, се работи за промени за подобар изглед на самите статии на селата, откако беа посетени половина од тие села преку експедиција викендов што помина. Така за кратко ќе бидат значително подобрени сите овие статии, без грижи. Имено, јас сум еден од корисниците кои и најмногу ги имаат средено статиите за селата низ цела Македонија, така што верувам дека знам што правам. Селата ќе ги добијат податоците за демографија за кратко, како и останатите работи, заедно со наши фотографии :) --Ehrlich91 (разговор) 22:18, 20 март 2017 (CET)
Чудно е дека бришеш постоечки податоци, без да има надоолнување, тоа не е пракса. Затоа реагирав. Поздрав - Виолетова (разговор) 08:34, 21 март 2017 (CET)

ЏафериУреди

Ако може да се намали нивото на заштита на Талат Џафери за да можам да ја додадам новата функција која е веќе објавена. Поздрав.--Retrohead (разговор) 20:36, 3 мај 2017 (CEST)

@Retrohead:  Ок Готово --Ehrlich91 (разговор) 20:39, 3 мај 2017 (CEST)

Уредувачки праваУреди

Почитуван Ерлих, дали може да се стекнам со права на уредник бидејќи планирам да ги довршам статиите за НБА екипите, работа која ја запоставив години наназад? Гледам фалат уште две-три екипи, па планирам во блиска иднина да го досредам и тоа. Поздрав и пријатна работа.--Дирк за МВП (разговор) 10:48, 18 мај 2017 (CEST)

Заборавив уште една работа. Може да ми дадеш линк до тоа какви категории кориснички права постојат на Википедија и да прочитам нешто повеќе околу нив?--Дирк за МВП (разговор) 10:52, 18 мај 2017 (CEST)

@Дирк Новицки: Никој не станал уредник од прво уредување, па така слободно уредувај, постојат десетина администратори и други уредници кои имаат право да прегледуваат промени, така што твоите промени ќе ги примети некој и ќе ги прегледа и провери. По одреден период, во кој ќе увидиме како уредуваш, ќе размислиме за доделување на уредувачки правак. Тука може да разгледаш какви кориснички права постојат. Поздрав и пријатно уредување --Ehrlich91 (разговор) 19:12, 18 мај 2017 (CEST)
Во ред тогаш, фала за напатствијата. Гледајќи го списокот оценувачи ми падна чудно како LFS има толку многу функции со само пет уредувања, па мислев треба усно барање за тие овластувања. Но во ред, ќе се потрудам со мојата работа да ја стекнам вашата доверба. Поздрав и убав викенд.--Дирк (разговор) 14:31, 19 мај 2017 (CEST)

Ерлих, а зошто се јавуваат големи загради во Министер за информатичко општество и администрација на Македонија?--Дирк (разговор) 22:44, 21 мај 2017 (CEST)

 Ок Готово Погрешно употребен код за затворање на табелата. Сега е средено. --Ehrlich91 (разговор) 23:02, 21 мај 2017 (CEST)
Тенкју, претенкју.--Дирк (разговор) 23:03, 21 мај 2017 (CEST)

СтатистикаУреди

Тони, дали имаме некоја статистика кои се македонски википедијанци со најголем број уредувања на нашава википедија? Ме интересира дали сум во топ 10. Поздрав.--Retrohead (разговор) 14:00, 24 мај 2017 (CEST)

@Retrohead: Игор, повели статистика за целата наша Википедија. Ти не си во најдобрите 10, со оглед на фактот што си релативно нов. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 14:51, 25 мај 2017 (CEST)
Не е ажурирана, имам 10,5 илјади уредувања а ми прикажува 7. Ако се ажурира место 13-ти сум 11-ти, ама добро, паузирав скоро три години. Фала многу за линкот. Уште ако можеш во silence note да објавиш за номинацијата на Були. Поздрав.--Retrohead (разговор) 18:02, 25 мај 2017 (CEST)
Во секој случај не е најбитната работа тоа на кое место сме :) Ќе додадам за номинацијата за кратко. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 18:06, 25 мај 2017 (CEST)

Proof-of-work системУреди

Здраво, претпоставувам тагот за преведување на Proof-of-work систем се однесува на насловот на статијата. Имаш идеја за превод? Германците користат „Proof of Work“, Русите „Доказательство выполнения работы“, Французите „Preuve de travail“.-Filipdimitrovski (разговор) 14:20, 13 јуни 2017 (CEST)

@Filipdimitrovski: Да, токму така. Знам дека одредени термини тешко се преведуваат, но сепак секогаш треба да се трудиме да го имаме најблиското македонско значење. Најпрвин, треба да се види како е застапено во нашата литература. Ако нема никаков превод, во тој случај мој предлог би било „Докажан систем за работа“ или нешто слично, следејќи ги другите јазици. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 23:29, 13 јуни 2017 (CEST)

Награда од вики натпреварУреди

Еј Тони, се слушнав со Lackope по мејл и ми вели дека не му се исплати да доаѓа до Скопје по наградата бидејќи автобусот ќе му испадне поскап. Имаш некоја идеја што да направиме? Дали на некој друг начин да ја подмириме обврската или по некој наш пријател да му ги пратиме парите? Имам јас еден другар што во четврток оди за Крагуевац, ама не знам во кој град живее Lackope.--Retrohead (разговор) 17:11, 20 јуни 2017 (CEST)

@Retrohead: Игор, контактиран е самиот од страна на Иван, така што нека се договори си него. Ние наградата не смееме да ја даваме во парични средства, туку е во вид на ваучери за технички стока и е од продавница во Македонија. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 21:10, 20 јуни 2017 (CEST)

П.С. Ај види го делот од реченицата со закосени букви од вики натпреварот за Африка (посебна награда) „статии за најмногу статии поврзани со различни земји во Африка од било која област“. Најверојатно лапсус.--Retrohead (разговор) 17:36, 20 јуни 2017 (CEST)

Ќе го поправам сега. --Ehrlich91 (разговор) 21:10, 20 јуни 2017 (CEST)

ПредлогУреди

Предлагам да се избришат сите огромни статии кои се неквалитетни (викифицирани, без извори и сл.) како и некатегоризирани. Статиите се или преведени на Google Translate од нови корисници или преведени од англиски со англицизми и други работи кои само ја отежнуваат работата на оценувачите и уредувачите, а и плус на некој начин се ставаат „под тепих“ од самите нас со шаблонот:

{{викифицирање}}

Има неколку илјади статии од овој тип и сметам дека цената е „голема“ само краткорочно, но за понатамошниот квалитет на македонската Википедија многу би значело.

Поздрав, --ca7apult (разговор) 16:55, 4 јули 2017 (CEST)

Знам дека има и ова е проблем не само на нашата Википедија. Јас имам идеја да ги искористиме уредувачките натпревари, па така цел септември да биде посветен на оваа тема, па токму периодов планирам и да ги прашам сите активни уредници за ова. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 22:13, 4 јули 2017 (CEST)

Novi filterУреди

(((article_prefixedtext == "Википедија:Песок")|(!'user' in user_groups))
& article_namespace == 4 
& old_size == 188
& new_size < 8000
)

Napravi novi filter i nazovi ga na makedonskom Spamovanje Peska i ukljucices [1] ove opcije. --Kolega2357 (разговор) 16:12, 2 август 2017 (CEST)

Општина КичевоУреди

Одбиени се моите уредувања за Општина Кичево за површина на Општината (промена настаната со Новата територијална поделба од 2013 година)- иако податокот е збир на површините на претходните општини и е дефинитивно точен. Исто така одбиен е линкот на интернет страницата kercova.gov.mk, а оставен е kercova.net (приватна страница). Имам и сопствена нацртана мапа на новите граници на Општина Кичево која е приложена на Wikimedia. Не е од катастарски извор затоа што таков во моментов мислам дека нема. Постоечката мапа на страницата е од претходната Општина Кичево пред 2013 година. Мислам дека треба повторно да се разгледа оваа ситуација и да се прифатат предложените измени со цел да се ажурираат состојбите со постојната ситуација. Извини, но не сум многу вешт во комуникација овде. Поздрав

Tinoalek (разговор) 13:27, 5 септември 2017 (CEST)TinoalekTinoalek (разговор) 13:27, 5 септември 2017 (CEST)
@Tinoalek: Твои неодамнешни придонеси во статијата Општина Кичево нема. Доколку мислеше на придонесите за градот Кичево, тогаш јас пред малку ги одбив тие промени, бидејќи покрај твоите измени, си бришел многу работи поврзани со градот, кои претходно многу корисници ги додале тие информации. Кога си нов корисник и сакаш да направиш огромни промени, тогаш најдобро е да напишеш што сакаш да измениш или пак прави помали измени. Поздрав

Башҡортостан 100Уреди

Извините что по-русски
Приглашаем к участию в конкурсе «Башҡортостан 100», 3-й этап которого стартовал сентябре 2017 года. Данный мультиязыковой конкурс, посвящён вековому юбилею Республики Башкортостан. Подробнее о нём можно узнать на его официальной странице: «Башҡортостан 100», а также ознакомиться с итогами 1-го (БСТ) и 2-го этапов (Башинформ). --Ryanag (разговор) 18:55, 26 септември 2017 (CEST)

Петер СаганУреди

  Статијата Петер Саган, која Вие ја создадовте и проширивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да продолжите со уредувањето на квалитетни статии кои во иднина би можеле да се стекнат со овој статус.

Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 21:00, 2 октомври 2017 (CEST)

Тур де Франс 2015Уреди

  Статијата Тур де Франс 2015, која Вие ја создадовте и проширивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да продолжите со уредувањето на квалитетни статии кои во иднина би можеле да се стекнат со овој статус.

Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 15:27, 12 октомври 2017 (CEST)

Уредувачки викендУреди

Тони, да предложам како идеја да организираме уредувачки викенд (следната недела) за статии поврзани со новоизбраните градоначалници? Мислам до тогаш на веб страниците на општините ќе има биографии, па така ќе имаме материјал за работа. Еве го пингам и Кирил за мислење.--Retrohead (разговор) 13:23, 4 ноември 2017 (CET)

Мене идејата ми се допаѓа, но да почекаме најпрвин да објават биографии за доволно градоначалници. Веќе имаме разговарано за уредувачки ден/викенд и за пратениците во Собранието на РМ затоа што и за нив имаме јавно достапни биографии. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:13, 4 ноември 2017 (CET)

Културно наследствоУреди

Здраво и од мене.... Малку сум далеку од средување, бидејќи имам уште доста, но не е важно, ќе ја работам во следните денови и ќе ја завршам. Може поимите (заедно со Список на споменици на НОБ во Македонија|спомениците од НОБ) некогаш да се искористат за создавање на голем број статии на лесен начин (може и преку уредувачки викенд, доколку така сметате). Освен тоа планирам да пробам да направам и шаблон:инфокутија за објект од културно наследство, но што ќе излезе од него, ќе видиме. Поздрав до тебе--Тиверополник 21:41, 5 ноември 2017 (CET)

Храбриот КројачУреди

Здраво Тони. Фала за укажувањето, но дозволете мало објаснување: Статијата „Храбриот кројач“ е за истоимената приказна, додека статијата „Храбриот кројач (приказни од браќата Грим)“ се однесува на една книга со приказни, т.е. во таа статија воопшто не се обработува самата приказна. Е, сега, не знам дали е исправно тоа што сум го направил. Ако сум погрешил, слободно избришете ја статијата што се однесува на книгата. Голем пзодрав. ГП (разговор) 23:53, 23 ноември 2017 (CET)

Мислам дека би било добро да има појаснување во горниот дел на статијата користејќи го тој шаблон за што се работи во двете статии, ќе го направам тоа, а воедно да си останат двете како што се. Фала на објаснувањето --Ehrlich91 (разговор) 19:36, 25 ноември 2017 (CET)

Карта на Македонија и лоцирање на екипите на неаУреди

Незнам дали некој ја преработувал сликата со карта на Македонија (File:Macedonia location map.svg) и бидејќи ја користам за поставување на местоположба на екипите, сега гледам дека точките на екипите ги спуштило доле на сликата. Дали веќе не ги чита координатите, незнам. Еве ти пример Прва фудбалска лига на Македонија 2017/2018. Незнам на кого да му се обратам, па ако можеш види кој може да ги оправи или одново да ги лоцирам. Dandarmkd (разговор) 17:39, 1 декември 2017 (CET)

 Ок Готово @Dandarmkd: Не беше со сликата туку со поврзаните шаблони, некој ги чепкал. Ќе ги ставам под заштита од сега. Битно средено :) --18:32, 1 декември 2017 (CET)

Прашање за Космос 1887 -jtasevski123Уреди

Добар Ден имам прашање за страницата Космос 1887 гледам дека сте ја избришале поради која причина би сакал да знам и ако може да ми ја пратите статијата за да можам да ја преработам.

БришењеУреди

Ќе те замолам да не ги бришеш страниците што се создадени од Вики Камп Берово, ниту пак да ставаш шаблон за бришење. Статиите не се готови и не ги чепкај те молам. Замолувам културно и фино. Поздрав--Никола Стоіаноски 23:03, 19 декември 2017 (CET)

@MacedonianBoy: Како администратор кој многу ревносно си ја врши работата, прегледувајќи ги скорешните промени дневно, како и создадени страници, јас седнав да ги прегледам сите создадени статии во текот на изминатите денови. Да, вечерва обележував статии за бришење и бришев статии, затоа што поентата е да создаваме квалитет, а не квантитет со кој Википедија на македонски јазик да биде озлогласено место и препознавана по својот неквалитет. Поради тоа, бидејќи овие статии немаа никаква ознака дека се во изработка (а јас не ни знам дека вие сте правеле ВикиКамп во Берово викендов) седнав и ги прегледав сите можни нови статии. Имено во ниеден момент не мислам дека сум ги нарушил моите права, бидејќи статиите немаа основа да бидат задржани. Јас се радувам дека велиш дека сите тие статии ќе бидат средени, бидејќи имаше интересни и потребни теми. Сепак, јас морам да повлечам едно важно прашање, а тоа е дека сите тие статии, кои велиш дека треба да бидат средувани, да бидат обележани со шаблон „во изработка“ (како сите би знаеле дека ќе се средуваат) и многу поважно не ги обележувај дека се проверени, кога истите не се проверени. Ознаката проверено е знак дека некој ја видел статијата и дека истата е добра, а овие не се. Така што, придржувај се до основните правила на самата Википедија која сакаме да ја изградиме. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 23:14, 19 декември 2017 (CET)

Аудио материјал на струшки дијалектУреди

Во статијата „струшки дијалект“ има поставено аудио материјал, односно приказна од село Мали Влај, во која раскажувачот го репрезентира вевчанско-радошкиот говор, во чија територија влегува и ова село. Сметам дека приказната претставува несоодветен дијалект, бидејќи иако соседни, струшкиот и вевчанско-радошкиот говор имаат фонетско-фонолошки диференцијални црти, па поради тоа треба приказната да биде преместена во статијата „вевчанско-радошки дијалект“. (Реагирав на на самата статија,но немаше одговор)Поздрав Hristijan Kicho (разговор) 00:20, 24 декември 2017 (CET)

@Hristijan Kicho: По извршената проверка од моја страна, јас можам да видам дека на снимката стои дека е снимена во селото Мали Влај (каде се наоѓа и снимката), а воедно се користи и во вевчанско-радошки дијалект, па така не го гледам проблемот, освен во називот на снимката, но тоа е веќе помал проблем. Ако нешто погрешно сум разбрал, кажи --Ehrlich91 (разговор) 16:32, 24 декември 2017 (CET)

Ehrlich91 : Сега е во ред, преместена е во вевчанско-радошкиот дијалект. Претходно се наоѓаше приказна од Мали Влај во статија за „струшки дијалект“, а Мали Влај припаѓа на вевчанско-радошкиот дијалект. Сега е како што треба. Поздрав Hristijan Kicho (разговор) 16:43, 24 декември 2017 (CET)

Назад на корисничката страница на „Ehrlich91/Архива 7“.