Википедија:Статии за бришење

Википедија, заедно со своите сестрински проекти, настојува да биде најреферентен и најкомплетен извор на информации, а со тоа и слободна енциклопедија.


Администраторите имаат и користат една придобивка од својот статус а тоа е бришење на статии. Статиите кои очигледно треба веднаш да се отстранат од Википедија, тие ги бришат. Доколку забележите статија која не заслужува да е дел од Википедија, ве молиме да го додадете името на статијата во подолниот список, со датумот и со вашиот потпис (додадете --~~~~).

Предложете бришење!

Поврзано:

Поради прегледност, ве молиме користете го следните симболи:

Симбол Вметнете
За  (да се избрише) {{за}}
Против  (да се остави) {{против}}
Коментар  (коментар) {{коментар}}

Предлози

уреди

Оваа статија е кандидирана за бришење поради неисполнување на основните критериуми на Википедија. Не индицира зошто темата е важна и нема енциклопедиска содржина. За повеќе видете Notability или Википедија:Значајност.--Никола Стоіаноски 12:45, 19 август 2009 (UTC)

Како додатно на ова погорново, направен е тест на значајност и популарност на оваа личност преку пребарувачот Гугл и се добиени само 92 резултати за личноста или на 7 интернет страници од кои две се на Википедија. Па ја има на форуми. Која е значајноста на оваа минорна личност?--Никола Стоіаноски 13:09, 19 август 2009 (UTC)

Гласање

уреди
За --Никола Стоіаноски 12:45, 19 август 2009 (UTC)
За --Макс(разговор) 13:33, 19 август 2009 (UTC)

Против

уреди

Краен резултат

уреди

Ок Готово Содржината на статијата е префрлена во статијата за Иван Вазов. Статијата не ги исполнуваше критериумите за самостојна статија, но за да биде дел од друга може.--Никола Стоіаноски 17:03, 19 август 2009 (UTC)

Мислам дека статијата се однесува на тема чијашто значајност не е доволна за да постои на Википедија на македонски јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:27, 6 јуни 2011 (CEST)[одговори]

Дискусија

уреди

Коментар  Како што напишав и на разговорната страница на статијата: Очигледно се создава мала нејаснотија околу тоа дали статијава треба да биде избришана или не. Факт е дека темата не е обработена енциклопедиски, туку првичниот впечаток е дека се работи за себепромовирање или саморекламирање. Впрочем правилата се јасни:

  • 3. Критички прегледи. Биографиите и статиите за уметничките дела (и слични теми) треба да бидат енциклопедиски по својот карактер...
  • 6. Самопромовирање. Иако сте слободни да пишувате за себе или проектите во кои сте лично длабоко навлезени, запаметете дека мерилата за енциклопедиските статии важат и за тие страници...
  • 7. Рекламирање. Статиите за компаниите и производите се во ред доколку се пишувани во објективен и непристрасен стил. Сите теми во статијата мораат да бидат проверливи за трети лица, па статиите за многу мали, „гаражни“ компании најверојатно не се прифатливи...

Од тие причини статијата беше обележана со шаблонот за брзо бришење. Мое мислење е дека доколку се преработи и добие малку повеќе енциклопедиски стил, таа можеби би можела да задоволи извесни критиериуми. Ама, само можеби. Најнакрај, веројатно ќе мора да биде избришана. Ajta (разговор) 01:37, 6 јуни 2011 (CEST)[одговори]

Гласање

уреди
За  Коментар  Образложението го дадов погоре. -- Ajta (разговор) 01:41, 6 јуни 2011 (CEST)[одговори]
За  И мене ми личи на саморекламирање.--Никола Стоіаноски 15:10, 6 јуни 2011 (CEST)[одговори]
За --Kiril Simeonovski (разговор) 16:06, 6 јуни 2011 (CEST) Коментар  Не знам колку е позната групата, но лично познавам многу слични, за кои сметам дека не треба да има статии на Википедија на македонски јазик.[одговори]
Коментар Бидејќи ја избришавме Виктор Апостоловски поради недоволна значајност, и оваа треба да се избрише. Точно е Кирил, има одреден број статии кои исто така треба да се избришат, но треба да се собреме и да направиме еден проект за филтрација на статиите каде би се бришеле статии кои саморекламираат или темите се непознати. --Никола Стоіаноски 16:37, 6 јуни 2011 (CEST)[одговори]
Не, погрешно си ме разбрал. Мислам на групи слични на ClubEliminators, за кои не треба да има статии.-:)--Kiril Simeonovski (разговор) 17:24, 6 јуни 2011 (CEST)[одговори]

Против

уреди

Краен резултат

уреди
Со три гласа за и ниту еден против или воздржан, оваа статија ќе биде избришана од Википедија.--Никола Стоіаноски 12:05, 15 јуни 2011 (CEST)[одговори]

Статијата се однесува на човек кој наводно измислил возило на вода, а притоа како извори се наведуваат само статии објавени во македонски медиуми. Притоа, воопшто не се наведува насловот на делото или научното списание каде што бил објавено истражувањето и последователно самиот изум, а како извори не се наведуваат ниту научни списанија или статии и прилози во странски медиуми за прифаќањето на ваквиот изум. На разговорната страница со статијата веќе споменав дека ова не е прв обид за да се докаже еден вакув изум и дека истражувања на тоа поле постојат уште многу години пред појавувањето на овој човек со своето тврдење. Мислам дека станува збор за статија којашто има за цел да изврши лична промоција на човек кој излегол во јавност со некое апсурдно тврдење и поради тоа сметам дека истата треба да биде избришана.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:08, 12 јануари 2014 (CET)[одговори]

Гласање

уреди
За --Kiril Simeonovski (разговор) 17:08, 12 јануари 2014 (CET)[одговори]

Против

уреди

Краен резултат

уреди

Насловот на статијата означува едно (староградска музика), а текстот е напишан за сосема друго (евергрин мелодии од 50-те и 60-те години). Очигледно се работи за т.н. промашена тема. -- Ajta (разговор) 03:22, 29 јуни 2011 (CEST)[одговори]

Содржината во оваа статија наликува на промотивен текст во врска со страницата и воопшто не е во склад со енциклопедискиот стил. Освен тоа, напишана е во второ лице еднина и содржи пофални зборови без никакви извори. Поради тоа, сметам дека статијата треба да биде избришана.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:50, 12 јуни 2012 (CEST)[одговори]

Дискусија

уреди

Јас ја избришав, јасно беше дека не го исполнува критериумот СТ3 (непотврдена значајност на мрежно место). --Brainmachine (разговор) 15:16, 3 август 2012 (CEST)[одговори]

Гласање

уреди
  1. За  се сложувам со Кирил.--Никола Стоіаноски 15:45, 12 јуни 2012 (CEST)[одговори]

Против

уреди

Краен резултат

уреди

Мене статијава ми личи на тотална измислица. Не содржи никакви конкретни информации, нема наводи и е напишана од корисник со слабо уредувачко искуство.--Вик Ретлхед (разговор) 11:37, 2 јануари 2013 (CET)[одговори]

Дискусија

уреди

Втора работа е што содржи реченици од типот Најдобрата стихотворба го освојува првото место, а со тоа победникот добива пофалница и некаков вид на награда.--Вик Ретлхед (разговор) 12:08, 2 јануари 2013 (CET)[одговори]

Гласање

уреди
  1. За --Вик Ретлхед (разговор) 12:06, 2 јануари 2013 (CET)[одговори]
  2. За --Carshalton (разговор) 10:07, 23 јуни 2013 (CEST)[одговори]
  3. За  Коментар Ми се чини темата е непозната.--Никола Стоіаноски 11:52, 23 јуни 2013 (CEST)[одговори]
  4. За --M4r51n (разговор) 12:57, 23 јуни 2013 (CEST)[одговори]

Против

уреди

Краен резултат

уреди
Статијата е избришана поради недоволна познатост и знаци на саморекламирање.--Никола Стоіаноски 11:23, 25 јуни 2013 (CEST)[одговори]

Статијата се однесува на спорна тема и е создадена без притоа нејзината содржина да биде поткрепена со наводи. Резултатите од пребарувањето не посочуваат на никаква страница, на којашто може да се прочита повеќе за овој поздрав, така што додавањето на какви било извори е отежнато. Статијата веќе беше предложена за брзо бришење, но авторот го оспори брзото бришење споменувајќи дека 70% од статиите на Википедија на македонски јазик се без извори. Тој, исто така, отворено ме убедуваше дека поздравот постои поради тоа што наводно се среќавал на протести и спортски натпревари, што без наведување на соодветни извори претставува лично истражување.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:14, 30 јуни 2013 (CEST)[одговори]

Дискусија

уреди

На разговорната страница веќе започна дискусија во врска со опстојувањето на статијата, а истата можете да ја погледнете овде.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:14, 30 јуни 2013 (CEST)[одговори]

Гласање

уреди
  1. За --Kiril Simeonovski (разговор) 17:14, 30 јуни 2013 (CEST) Коментар Моето мислење со соодветното образложение го наведов погоре.[одговори]
  2. За --Вик Ретлхед (разговор) 18:23, 30 јуни 2013 (CEST) Коментар  Статија во која се навредуваат други народи, во случајов со фразата „глупавите Грци“ само ѝ штети на угледот на Википедија.[одговори]

Против

уреди
  1. Против  --M4r51n (разговор) 18:47, 30 јуни 2013 (CEST)[одговори]

Краен резултат

уреди

Статијата е избришана поради горенаведените причини, а и како резултат на оставените коментари и гласови. Досега не е изнесен ниту еден силен аргумент којшто го оправдува постоењето на статијата.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:56, 4 јули 2013 (CEST)[одговори]

Го ценам трудот на професорите Аристотел Тентов и Томе Бошевски, но без меѓународно признание од страна на познати научно-истражувачки институции нивниот труд нема никаква вредност. Во продолжение ќе ги наведам и детално ќе ги објаснам причините поради коишто сметам дека статијата треба да биде избришана.

  • Статијата обработува научно-истражувачки труд без никакво меѓународно признание од страна на познати образовни, историски, археолошки или други институции. Како што знам, хипотезата е претставена на конференции во Русија и Словенија, но никаде не можам да најдам официјален став на најпознатите историчари и археолози во овие или во некои други земји кои се согласуваат со нејзината веродостојност.
  • Веќе ако хипотезата постои како обид за дешифрирање на средниот текст од Каменот на Розета, сигурно истата побудила интерес кај светски познатите експерти од областа и истите излегле со соодветни ставови. Во статијата не гледам никаде да се наведуваат какви било реакции, ниту пак да пишува нешто во врска со тоа колку трудот е значаен во обидот да го докаже она за што е напишан.
  • Со оглед на тоа дека станува збор за еден обид, непходно е да се напише нешто во врска со поврзаноста на овој и другите обиди. Ако ништо друго, барем да има некој збор за основата од којашто авторите пошле во своите истражувања, како и начинот и техниките кои ги користеле за таа цел. Нема да биде лошо и доколку пишува кои се јазиците и писмата коишто тие ги разбираат и им помогнале во работата.
  • Содржината е поткрепена со врски коишто водат кон непосточеки страници на Интернет. На тој начин, не може дури ни да се провери дали навистина знаците во статијата и нивното толкување се навистина онакви како што се прикажани. Претпоставувам дека ако веќе се работи за нешто значајно за да има статија на Википедија, најмал проблем ќе биде да се пронајдат нови веродостојни извори со коишто ќе се потврди веродостојноста на содржината.
  • Статијата „Старомакедонска азбука“ пренасочува кон оваа статија, небаре професорите успеале да докажат дека станува збор за истата работа. Никаде нема веродостојни извори коишто посочуваат на тоа дека овој труд е исто што и старомакедонската азбука. Ова треба да биде разбирливо и поради тоа што се работи за хипотеза, што во никој случај не е нешто сигурно за да биде прифатено како вистинито тврдење.

Навистина ми е жал, но Википедија не е место на коешто може да се промовира нечиј труд во којшто се изнесува псевдонаучна хипотеза без некоја голема вредност. Можеби решение би било содржината да се префрли во посебна статија насловена „Обиди за дешифрирање на средниот текст на Каменот од Розета“ и хипотезата да се приложи заедно со други хипотези и истражувања или истото да се направи во статија „Старомакедонска азбука“.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:13, 24 јули 2013 (CEST)[одговори]

Дискусија

уреди

Гласање

уреди
  1. За --Kiril Simeonovski (разговор) 00:14, 27 јули 2013 (CEST) Коментар Го потврдувам ставот поради горенаведените причини.[одговори]
  2. За --M4r51n (разговор) 18:16, 29 август 2013 (CEST)[одговори]

Против

уреди

Краен резултат

уреди

VLC Media Player

уреди

Очигледно е користено „гугл транслејт“, материјал без смисла, англицизми, треба превод.... --M4r51n (разговор) 18:59, 29 август 2013 (CEST)[одговори]

Дискусија

уреди

Гласање

уреди
  1. За --M4r51n (разговор) 19:00, 29 август 2013 (CEST)[одговори]

Против

уреди

Краен резултат

уреди

Категорија:Родени во 1955

уреди

Непотребна категорија, неправилно именувана ➯ Категорија:Родени во 1955 година. --Dostojewskij (разговор) 00:32, 12 октомври 2022 (CEST)[одговори]

Да се избрише

уреди

Македонски бугари Мислам дека статијата е говор на омраза кон Македонците и не постои таква фраза никаде 77.29.225.127 (разговор) 13:53, 24 април 2023 (CEST)[одговори]