Разговор со корисник:Ehrlich91/Архива

Последен коментар: пред 13 години од Kiril Simeonovski на темата ДСЗ факт


Добре дојдовте!

Здраво, Ehrlich91, и добре дојдовте на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, погледајте ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата разговорна страница, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојдовте! --Brest-bot (разговор) 07:04, 15 декември 2010 (CET)Одговори

Добредојде и награда

 
За вложениот труд во збогатувањето на содржините поврзани со Германија.
од Kiril Simeonovski (разговор)

Здраво. Најпрво сакам да Ви посакам топло добредојде на Википедија на македнски јазик. Ги забележав Вашите придонеси и навистина мислам дека се одлични, па затоа решив да Ви оддадам мал знак на внимание. Се надевам дека и во иднина ќе продолжите со одличните придонеси.--Kiril Simeonovski (разговор) 02:59, 9 јуни 2011 (CEST)Одговори

ДСЗ факт

  Еден факт од статијата Горна Франконија, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 23 јуни 2011. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 21:56, 23 јуни 2011 (CEST)Одговори

Награда за трудољубивост и посветеност

 
За трудољубивост и посветеност во работата.
од Kiril Simeonovski (разговор)

Секоја чест! Продолжете така и понатаму.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:25, 28 јуни 2011 (CEST)Одговори

Тур де Франс

Здраво. Забележав за Тур де франс и навистина немам зборови, освен дека е одлична работа и е во погоден момент. Исто така и не знаев дека има љубители на Википедија на македонски за велосипедизам, што навистина ни е слаба страна од содржинска гледна точка, иако е доста интересен и следен спорт. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:43, 18 јули 2011 (CEST)Одговори

Па, можам да кажам дека ми е еден од поомилените спортови, ги следам скоро сите поважни трки, па се решив тоа да го пренесам и на Википедија, па започнав со за мене како релативно нов корисник голем проект. Сакам да ги уредам барем 10-20тини години на Тур де Франс, пред да одам на одмор, па до крајот на годината сите. Ќе видиме. Во секој случај фала за поддршката. Поздрав --Ehrlich91 17:03, 18 јули 2011 (CEST)Одговори
Одлично. И мене исто така ми е меѓу поомилените и ќе се потрудам колку можам да ти помогнам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:31, 18 јули 2011 (CEST)Одговори

Велосипедска награда

 
За придонесите поврзани со велосипедизмот.
од Kiril Simeonovski (разговор)

Одлична работа! Сè повеќе и повеќе содржински е збогатен овој спорт на Википедија на македонски јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:29, 3 септември 2011 (CEST)Одговори

ДСЗ факт

  Еден факт од статијата Едвалд Боасон Хаген, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 7 септември 2011. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 15:10, 7 септември 2011 (CEST)Одговори

ДСЗ факт

  Еден факт од статијата Филип Жилбер, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 7 септември 2011. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 15:10, 7 септември 2011 (CEST)Одговори

Админ. единици

Мислев дека регион е доволно неутрално, и мислев дека на англиската заземале добра линија, иако по внимателно размотрување гледам дека „регион“ веројатно не е добро. Но го моето резонирање: „владин“ округ беше погрешно бидејќи влада е едно, а управа е друго. Може да постои владин кабинет или владина служба, кадри и сл., но округот може да е само управен. Меѓутоа потоа секој од нив како што можеше да се види од статиите, повторно се дели на окрузи. Проблем е што секој округ (или која и да е единица) што не е изборен, судски, статистички и сл. е „управен“ (или „административен“ и сл.) и затоа тоа не беше основа за разликување на оваа покрупна единица од нејзините поситни составни единици. Сега да почнеме со толкувањето на германските поими од почеток: поситната единица е Kreis, а покрупната е Regierungsbezirk. Kreis во наша терминологија би се превело како округ, но и за Bezirk имаме таква слична дефиниција (ова се должи на спецификите на германскиот јазик). Меѓутоа ова мора да се прилагоди. Bezirk (со или без префикс) е покрупна единица, затоа треба да го заземе поимот „округ“, додека Kreis би требало да го заземе единствениот преостанат збор кој би одговарал - „околија“. Не сакав да навлегувам во овие анализи, и затоа генерализирав со „регион“, но можеме да го смениме соодветно на дискусијава. Кажи ми што мислиш. --Б. Јанкулоски (разговор) 02:43, 24 септември 2011 (CEST)Одговори

Се согласувам со искажаното и ќе постапам по него. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 00:42, 25 септември 2011 (CEST)Одговори

Уредувач

Здраво. Подолго време те следам како уредуваш и велам браво за трудот за збогатување на Википедија. Поради тоа што до сега имаш само корисни придонеси и немаш спорни уредувања (барем јас не знам за такви) ти ги дадов правата „уредувач“. Тоа значи дека твоите уредувања ќе бидат автоматски прифатени и нема да се појавува пораката за непровереност. Моја должносг е да те известам дека заедницата може да ти ги одземе правата ако истите се злоупотребени (бришење содржина, вметнување лажни информации или вандализирање), но се надевам тоа нема да биде случај со тебе. Одлична работа и сè најдобро.--Никола Стоіаноски 23:18, 28 септември 2011 (CEST)Одговори

Нема гајле, уживај. Добар помин на Википедија и сè најдобро.--Никола Стоіаноски 16:50, 3 октомври 2011 (CEST)Одговори

Јубилејна статија

Здраво. Откако веќе го ндминавме бројот од 50.000 статии, мислам дека би било добро да воведеме јубилејна статија, која ќе го означи трудот вложен кон надминување на одреден број на статии. Вашето учество е добредојдено во дискусијата на страницата за идеи, каде што е изнесен предлогот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:36, 2 октомври 2011 (CEST)Одговори

Солидарност со пријателите од Италија

Здраво. Иако сме мали, мислам дека и нашата поддршка ќе им значи многу. Затоа доколку си поддржувач на штрајкот на корисниците на Википедија на италијански, во тек е собирање на потписи од корисниците на нашата Вики-заедница. Повеќе може да прочиташ овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:21, 5 октомври 2011 (CEST)Одговори

ДСЗ факт

  Еден факт од статијата Халберштат, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 14 октомври 2011. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 02:30, 15 октомври 2011 (CEST)Одговори

Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година

Изготвен е предлог „Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година“. Оваа година би сакале да ги вклучиме и членовите на вики заедницата и јавноста во процедурата на усвојување на програмскиот план, со јавно изложување на работната верзија на овие планови неколку месеци пред годишното собрание на Викимедија Македонија, кое ќе се одржи во втората половина на месец декември 2011 година. Сите заинтересирани имаат можност да дебатираат околу предлог целите. Како еден од активните корисници на Википедија ве повикувам да дадете свој придонес. Поздрав. --brest (разговор) 14:52, 19 октомври 2011 (CEST)Одговори

Блескава награда за неуморното уредување

 
За неумрното уредување на Википедија на македонски јазик.
од Kiril Simeonovski (разговор)

Немам зборови за уредувањето на географските статии за Германија. Само продолжи така и понатаму. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:02, 25 октомври 2011 (CEST)Одговори

Преместувања

Сторено. Ги преместив страниците. Добро е што успеа да ги проследиш кои се. Меѓу другото, една од моите задачи тука е да бидам редар за правопис и македонизација. Можеби понекогаш забелешките при исправка ќе изгледаат ладно и сурово, но со волку многу статии и уредници, не постои друг начин. Нејсе, трудот си е труд и сите ние навистина многу го цениме. Тоа е она што е движечка сила, што нè унапредува како нација и што ни дава рамноправно (и заслужено) место меѓу поголемите и системски поразвиени народи. Има огромен број на теми, поими и настани што не се покриени на македонски јазик никогаш до сега. Затоа нашата задача е света и срдечно го поздравувам твоето учество!

На крајот не заборавај да се потпишуваш со копчето десно од прецртаното 'W', за да можеме веднаш да појдеме овде на разговорот или профилот наместо да гледаме по историјата на страницата. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 00:30, 12 ноември 2011 (CET)Одговори

Статии поврзани за Хамбург

Здраво. Забележав дека статијата е одлична, па затоа и ја предложив. Инаку, не мора уште веднаш по евентуалното позитивно изгласување да биде објавена на главната страница. Може да ја чуваме, па кога сите поврзани статии ќе бидат готови да ја објавиме. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:13, 18 ноември 2011 (CET)Одговори

Хамбург

  Статијата Хамбург, која Вие ја проширивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да напишете некоја друга статија, а доколку знаете веќе некоја постоечка која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Одлична работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:04, 26 ноември 2011 (CET)Одговори

ДСЗ факт

  Еден факт кој Вие го предложивте, а го содржи статијата Ратхаус Хамбург, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 26 ноември 2011. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 20:59, 26 ноември 2011 (CET)Одговори

Auszeichnung

 

Vielen Dank für den wunderbaren Artikeln für Deutschland!
Само продолжи напред. Поздрав од Германија! :)

--Р ашо  23:12, 28 ноември 2011 (CET)Одговори

Danke für Auszeichnung. Преку овие статии и јас самиот учам многу за Германија, која премногу ја сакам како земја, а и германскиот јазик како таков. А после летото поминато во Саксонија-Анхалт на еден камп, имам желба да ги напишам сите статии поврзани со таа покраина, а секако и други статии поврзани со Германија. Поздрав Ehrlich91 (разговор) 00:22, 29 ноември 2011 (CET)Одговори

Технички подобрувања на Википедија на македонски јазик

Здраво. На селската чешма предложив неколку технички подобрувања, кои мислам дека ќе го подобрат квалитетот на Википедија на македонски јазик. Мислам дека е многу важно, па затоа Ве повикувам на дискусија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:31, 10 декември 2011 (CET)Одговори

Гласање за јубилејна статија

Здраво. Мало потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:18, 11 декември 2011 (CET)Одговори

ДСЗ факт

  Еден факт кој Вие го предложивте, а го содржи статијата Охрже, која Вие ја создадовте и проширивте, се најде во секцијата „Дали сте знаеле?“ на главната страница на 18 декември 2011. Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 23:36, 18 декември 2011 (CET)Одговори
Назад на корисничката страница на „Ehrlich91/Архива“.