Разговор со корисник:Ehrlich91/Архива 3

Последен коментар: пред 10 години од Pamuk на темата Fala


Јубилејна статија

Здраво Тони. Да ве известам дека денес по обичај избираме јубилејна статија. Вашето мислење можете да го оставите овде. Пријатна работа.--Вик Ретлхед (разговор) 10:40, 2 февруари 2013 (CET)Одговори

Одеса

Тони, извини што сметам, само накратко ако сакаш да погледаш зошто не ги дава бројките за население во табелата на Одеса. Позз.--Вик Ретлхед (разговор) 15:02, 5 февруари 2013 (CET)Одговори

 Ок Готово Средено, не било никаков посебен проблем, само таа цртата на крајот не ти требала. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 15:07, 5 февруари 2013 (CET)Одговори

Наградени сте!

  Награда за обемни придонеси
Браво браво :) M4r51n (разговор) 20:06, 19 февруари 2013 (CET)Одговори

Честитки!

Честитики за сработеното досега и за стекнатите оценувачки права. Во секој момент некој од бирократите ќе ти ги додели овие права, но можеби е добро да им пишеш со што ќе ги потсетиш. Се надевам дека наскоро ќе станеш и администратор. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:29, 27 февруари 2013 (CET)Одговори

 Ок Готово Честитки и од мене за добиениот статус: оценувач. -- Бојан имаш за кажување? 19:38, 28 февруари 2013 (CET)Одговори
Честитки и од мене :) --M4r51n (разговор) 20:13, 28 февруари 2013 (CET)Одговори

Jens Debusschere

Во тие краишта името често е од еден јазик, а презимето од друг, но името и презимето како целина не добива асимилација на еден или друг јазик бидејќи средината е двојазична. Затоа, во највеќето случаи секој збор од името и презимето си се кажува во изворниот изговор. Така, Jens Debusschere ќе биде „Јенс Дебишер“. --Б. Јанкулоски (разговор) 20:36, 4 март 2013 (CET)Одговори

НУМС награди

Викимедија Украина обезбеди награди за највредните учесници во проектот „Википедија:Недела на македонско-украинска соработка“. Сите уредувачи се потенцијални добитници на наградата. Наградите ќе ги додели Викимедија Македонија во име на Викимедија Украина. Доделувањето ќе биде направено на некоја од наредните вики-средби откако ќе се направи изборот. За оние кои нема да може да учествуваат на вики-средбата, наградите ќе бидат испратени по пошта на нивната адреса. Секој може да номинира учесник за кој смета дека треба да добие награда, или самиот да се номинира. Секој може да учествува во изборот на највредни уредувачи. Ранг листата ќе биде направена врз основа на добиените гласови.--brest (разговор) 17:33, 6 март 2013 (CET)Одговори

Martijn Keizer

Martijn Keizer ќе биде „Мартејн Кејзер“. IJ е секогаш еј (дифтонгот [ɛi]) без разлика на положба или околни букви. Како „е“ се изговара само во наставката -lijk (па затоа, „-лек“). --Б. Јанкулоски (разговор) 01:02, 7 март 2013 (CET)Одговори

Geographie

Ihr Wissen über die Geographie des Balkans können verbessert werden. Jingiby (разговор) 15:44, 19 март 2013 (CET)Одговори

Клима

потребата беше шаблонот да изгледа нормално и без други единици и грешки. Изгледа не забелкежа дека веќе почнав со заменување на стариот код во статии, но оди побавно. Знам дека е прост и мислев да го проширам со врнежливи и сончеви денови, па и со влага. Досега не сум го вклучил и англискиот код бидејќи се однесува на прилично поинаков состав во самиот шаблон и мора повеќе да се прилагодува, но ќе видам и тоа да го направам. --Б. Јанкулоски (разговор) 22:51, 10 април 2013 (CEST)Одговори

Сега ми е појасно

Сега ми е јасно. Но, кога сме тука, дали можеш да ми објасниш како да направам наводи или како и да се вика она кое после некоја информација става извори за веродостојноста. Исто така, ме интересира како да ги поврзам со другите јазици, па од страна да се појавува и македонската верзија за куглањето.

И за крај, сакав да направам за неколку позначајни куглари македонски, но тие не се селебртирис нели? Прваци на Македонија, освојувачи на медали во европски рамки, но релативно на ниво на анонимуси за пошироката јавност. Ќе ми биде тоа дозволено ако ги направам? Viktorgg (разговор) 13:42, 16 април 2013 (CEST)Одговори

Статија „Хектор“

Здраво,

Имам проблем со преводот од англиската верзија на статијата за Хектор. Таму има извадок од „Илијада“ со превод на Александар Поуп. Кога го преведов делот на македонски, еден стих ми немаше смисла, па ако можете да ми помогнете. Еве го извадокот:

“ Think of thy father, and this helpless face behold! See him in me, as helpless and as old! Though not so wretched: there he yields to me, The first of men in sovereign misery! Thus forced to kneel, thus groveling to embrace The scourge and ruin of my realm and race; Suppliant my children’s murderer to implore, And kiss those hands yet reeking with their gore! ” —Spoken by Priam to Achilles, The Iliad Book XXIV, Pope's translation

А се работи за овој стих:

„...Suppliant my children’s murderer to implore,....“


Ви благодарам однапред.

П.С. Благодарам за советот со сликите, мислам дека овој пат успеав со нив.

--Драгана Гроздановска (разговор) 00:17, 28 април 2013 (CEST)Одговори

Email

Imaš mail od mene. --Kolega2357 (разговор) 18:37, 30 април 2013 (CEST)Одговори

Општинска заедница

Па нека биде „општинска задница“. Мислам дека јас го бев тоа вовел, ама звучи подобро од описното „заедница на општини“, а изворните називи на единици во нашиот јазик не се чуваат (за разлика од, на пр. рускиот) освен ако е нешто фундаментално различно и што нема никаков пандан во јазикот. Од друга страна, под општинска заедница може да се подразбере заедница на нешта во склоп на една општина, но не можеме да бидеме таква педантерија (има некоја чудна и наубава тенденција во јазикот сè да мора да биде или најпрецизно или, по автоматизам, да се користи странски израз, што според мене е штетно по јазикот). Од тие причини, нека биде „општинска заедница“. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:17, 8 мај 2013 (CEST)Одговори

Нема проблем, само кажи каде да ги вршиме исправките. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:59, 10 мај 2013 (CEST)Одговори

Германски езера

Ќе мора да се погледа основниот поим и да се стави во придавен облик. Наставката „-зе“ е неприфатлива бидејќи германскиот е јазик што ги слејува определниците со именките. Досега сите германски езера сме ги правелеле така (на пр. Кимско Езеро). Драго ми е што се консултираш пред да правиш нешто. Изобилуваме со негрижа, како што самиот можеш да видиш. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:09, 19 мај 2013 (CEST)Одговори

Конкурс за фотографија

Здраво, дали ќе сакаш да пишеш свое мислење (ти се чини корисно или не) околу конкурсот за фотографија на споменици во Македонија. На селска чешма ја отворив темата - линк. Поздрав --Виолетова (разговор) 15:39, 2 август 2013 (CEST)Одговори

Сар

Пограничните места се секогаш проблематични, но овој случај е полесен. Треба да биде „Сарлуј“, бидејќи очигледно дури и германскиот изговор се води според францускиот, а кај нас Louis е секогаш Луј. Во овие предели на Германија неретко ќе наидеш на места незгодни за предавање на македонски, па затоа предлагам да ме прашуваш, ако треба за секое посебно. Исправноста е неприкосновена и јас секогаш стојам на располагање. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 14:02, 13 септември 2013 (CEST)Одговори

Портал:Германија

Здраво Тони. Готов е порталот за Германија. Разгледај го и кажи ми дали сметаш дека нешто треба да се промени, отстрани или додаде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:10, 22 септември 2013 (CEST)Одговори

Ерфурт

Hi Tony,

I saw that you have translated the English article about Erfurt into Macedonian, thank you. During the last few days I extended this English article (sections history and sights). Would you like to translate this new sections too? This would be so kind of you :-) Maybe you could also extend some other versions like the Bulgarian one? Thank you & greetings from Germany --Michael Sander (разговор) 11:08, 11 октомври 2013 (CEST)Одговори

Danke für deine Nachricht und danke für deine Mühen beim Übersetzen der Artikel. Zur Zeit arbeite ich an der englischen Version von en:Weimar, die in ein paar Tagen fertig sein wird (das Kapitel Geschichte ist schon fertig, an Kultur und Sehenswürdigkeiten arbeite ich noch, weil es sehr viel ist). Natürlich kannst du dann auch wieder für Mazedonisch übersetzen wenn du willst :-) Vielleicht mache ich danach noch den Artikel über Jena in der englischen Version. Wenn du das nächste Mal in der Gegend bist, kannst du dir ja auch Erfurt einmal ansehen. Es lohnt sich :-) Viele Grüße --Michael Sander (разговор) 20:35, 12 октомври 2013 (CEST)Одговори

Die englische Version von Weimar ist jetzt fertig. Viele Grüße --Michael Sander (разговор) 10:05, 15 октомври 2013 (CEST)Одговори

Именување

Здраво. Одговорив во разговорот кај мене. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:12, 12 октомври 2013 (CEST)Одговори

Места во Германија

Итнересно. А јас го сменив надевајќи се дека сè ќе остане исто (доста внимавав). Проблемот беше тоа што буквите беа прекрупни, картата седеше отворена наместо склопена и сл., воопшто правејќи го несмасен. Но како што велиш, се јавуваат низа проблеми, па морав да го вратам. Сега е по старо. Благодарам на известието --Б. Јанкулоски (разговор) 22:32, 14 октомври 2013 (CEST)Одговори

WikiConference in Ukraine

Hi! I want to invite you to take part in our WikiConference which will take place November 2-3 in Vinnytsia. Here is coordination page, but for any details you can contact me directly. I will be happy to see you! --Visem (разговор) 00:50, 16 октомври 2013 (CEST)Одговори

Номинација за администратор

Здраво Тони. Штотуку те номинирав за администратор. Твојата номинација може да ја најдеш овде, а следен чекор е да одлучиш дали ќе ја прифатиш и ако го направиш тоа да одговориш на поставените прашања. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:44, 2 ноември 2013 (CET)Одговори

Одлично! Сега ќе ја објавам јавно за да бидат известени и останатите.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:42, 2 ноември 2013 (CET)Одговори

Избрани статии

Постои начело што се вика „занемарување на правилата“ (што е официјално), што значи дека доколку водењето според него е понеповолно за ситуацијата, треба да се најде начин да се заобиколи, доколку се работи за поголемо добро. Така, јас секако дека ќе ги ставев на гласање и разгледување доколку согледав дека има капацитет за тоа, но мене ми личеше дека ситуацијата е таква токму поради тоа што тој капацитет во моментот е замрен и дека ќе фати којзнае колку време додека нешто такво се изгласа (постапката трае со денови). Значи, ова што го правам не се коси со начелата, бидејќи е решение на ситуација. Не знам колку би имало поента да се ставаат на гласање, па затоа би те поканил и ти да предлагаш статии на овој непосреден начин. Доколку сметаш дека сепак има можност статиите да се изгласуваат регуларно, тоа би ми било најлесно. Но ќе треба да ми посочиш што те наведува на такво мислење. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 22:20, 5 ноември 2013 (CET)Одговори

   Јас мислев да не се сменила ситуацијата, а јас да не сум забележал, бидејќи бев внесен во пишување на поважни статии што досега ги немавме. Доколку е сè уште иста, тогаш би било најдобро да ми ги наведеш статиите право кај мене на разговор. На секоја нова избрана ми паѓа незгодно што ставам свои статии. Секој пат се трудам да изнајдам други статии со споредлив квалитет од разни автори, но не ми поаѓа од рака — не сум доволно информиран. Затоа, би било доста корисно да бидеме барем двајца, за да биде изборот попретставителен. --Б. Јанкулоски (разговор) 22:49, 5 ноември 2013 (CET)Одговори

Честитки

Јас немав претстава дека има глање. Никој не ме информирал, а и не беше истакнато кајшто треба (најгоре на разгласното место, наречено и Central Notice). Но сега е свршено, со мошне задоволителен исход. Правото е доделено, отсега си администратор. Се надевам на делотворна и целисходна соработка, колега. --Б. Јанкулоски (разговор) 21:40, 9 ноември 2013 (CET)    Не сум отстранил ништо. Мора да има некој друг проблем кај мене. Треба да видам што може да се направи. Благодарам на напомената. --Б. Јанкулоски (разговор) 22:42, 9 ноември 2013 (CET)Одговори

Честитки до Тони и од мене! Инаку, гласањето, како и вообичаено, беше истакнато на разгласното место цело време додека траеше гласањето. Го додадов на 2 нормври, кога гласањето започна, а го отстранив денес по неговото завршување.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:45, 9 ноември 2013 (CET)Одговори

Sve čestitke na dosadašnjem radu, samo tako nastavi u dobrom stilu. --Kolega2357 (разговор) 01:02, 10 ноември 2013 (CET)Одговори

Шаблони

И јас го имам истиот проблем со прикажување и скривање на шаблоните, а не постоеше до пред некој ден. Претпоставувам дека е некакво пореметување во кодот, скрипти или така нешто. Можам да побуричкам, ама веќе не сум толку стручен. Интересно е тоа што во исто време престанаа да ми се прикажува алатката за наведување книги, известувањата најгоре и др. Ќе треба да се распрашаме на страна. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:16, 14 ноември 2013 (CET)Одговори

   Дополнување: Можеби проблемот е централен. Ќе забележиш дека почнаа да се користат модули, па шаблонов „Навкутија“ (Navbox) на англиската само се повикува на модулот. Веројатно функционалноста не му е иста. Сега, не знам дали таа поставеност е на некој начин наметната и, со тоа, нескладна со ова што го имаме тука, или пак проблемот е сосем друг. Ќе пробам да го направам истото со модул, па да видиме. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:21, 14 ноември 2013 (CET)Одговори

Да. Моја претпоставка е дека можеби на хрватската користат некој вид скрипта како нашата или нешто од тој вид. Треба да се следи развојот тау и да се пријави дека и ние имаме, за да добиеме и ние помош (освен ако проблемот не се решава централно без никакви локални исправки). --Б. Јанкулоски (разговор) 01:03, 16 ноември 2013 (CET)Одговори

Прашања

Прашањата ги одговорив кај мене заради прегледност. Инаку, не ништо предолго. Мора сите нејаснотии да се расчистат и тоа ми е задоволство да го правам. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 15:34, 29 ноември 2013 (CET)Одговори

Мало дополнување. Може да не сум бил сосем точен. Вака треба:
  • ch = „к“ кога е на почеток од зборот. Во спротивно е „х“.
  • chs е „кс“ ако е во истиот слог. Ако меѓу ch и s се во различни слогови, тогаш „хс“ (одделен третман).

Се чини дека Ајхсфелд е исклучок, но тоа е можеби бидејќи присуството на дифтонг пред ch го прави да е сепак „хс“. Треба да е провери. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:14, 30 ноември 2013 (CET)Одговори

А, да. Извини за пропустот. gk во сите положби предавај го со „г“.

Доделување уреднички права

Здраво Тони. Ајде и од мене честитки за новостекнатите привилегии. Инаку сакав да те замолам, доколку сметаш дека е потребно, да му се доделат уредувачки права на корисникот Dandarmkd. Го гледам дека прави чести подобрувања во спортските теми, па мислам дека со ова некако би му се олеснила работата. Поздрав и се слушаме во некоја следна прилика.--Вик Ретлхед (разговор) 00:07, 3 декември 2013 (CET)Одговори

Француски имиња и поими

Здраво, Тони. Забележав кај француските имиња дека ја задржуваш цртичката. Ова може да се поодамна направени статии и не знам какви ти се сега сознанијата, но си реков да напоменам: цртичките се француски правопис и не важат во другите јазици (освено кога се совпаѓаат со друг правопис, како со рускиот). Така, имаме „Жан Жак Русо“, „Жан Батист Грез“ и тн. Истото важи и за топонимите (пр. Азе ле Ридо, Ил де Франс), местата или било кој друг назив на француски. Едствено ќе наидеш на цртички во административните целини во Франција (Рона-Алпи, Сена-Сен Дени), и тоа е јасен случај на комбинирани историски области во една управна целина. Интересен пример кајшто двете споменати се среќаваат е департманот Nord-Pas-de-Calais, кој кај нас гласи Север-Па де Кале. Север и Па де Кале се разни имиња, така што цртичката меѓу нив останува, а во самото „Па де Кале“ се испуштаат бидејќи е еден единствен поим.

Се надевам дека не испушташ да ги ставиш изворните имиња на личностите во заграда на почетокот на статијата, во продолжение треба да оди датум на раѓање и смрт, одделено со точка-запирка. Исто така, утврдивме дека правило во македонскиот (што се гледа на пр. од Македонската енциклопедија) е по одредницата да не стои „е“, „бил“ и сл. туку долга црта. Пример за сево ова би било Жан Кристоф Перо (француски: Jean-Christophe Péraud; р. 22 мај 1977) — француски велосипедист...

Сето ова можеби веќе го знаеш, и јас се извинувам ако ти преседнувам зо забелешкиве. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 03:45, 4 декември 2013 (CET)Одговори

Патем, погледај тука :) --Б. Јанкулоски (разговор) 04:56, 4 декември 2013 (CET)Одговори

   Сосем изумив дека се става во разговорот, па затоа можеш да го префрлиш. Извини за пропустот. --Б. Јанкулоски (разговор) 11:21, 4 декември 2013 (CET)Одговори

Да, долгата црта важи апсолутно за сите одредници, без никакви исклучоци. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:33, 4 декември 2013 (CET)Одговори

Награда

  Заслуги за Германија
Во знак на почит и вреднување на посветеноста и плодната работа на теми од географијата на Германија на нашава енциклопедија. Твојата заложба нека биде пример за сите. Б. Јанкулоски (разговор) 04:54, 4 декември 2013 (CET)Одговори

Бришење статија

Ако сакаш да избришеш дупла статија за КК Струмица а и погрешни факти има за клубот. (https://mk.wikipedia.org/wiki/KK_Струмица), линков ти е да не ја избришеш погрешната статија :D Поздрав и фала однапред.Dandarmkd (разговор) 15:38, 10 декември 2013 (CET)Одговори

Пренасочувањето

Не си требало да ја пренасочиш таа Струмица која денес се натпреварува во мак кошарка. Таа Струмица што си ја пренасочил, јас таа статија ја направив. Денешнава Струмица не е истиот клуб со Струмица 2005. Оваа Струмица настана со фузија на повеќе струмички екипи, меѓу кој легален наследник е КК Милениум. Тој клуб е создаден 2001 година, а тогаш Струмица 2005(само под друго име) постоела. Значи нема допирни точки. Немаат ни исто лого. Dandarmkd (разговор) 16:33, 11 декември 2013 (CET)Одговори

Викицитат

Добар ден, не е ли можно да се стават на макекоднски цитати во Викицитат? Додадов цитати на страницата Ацо Шопов. Однапред благодарам на одговорот --Јасмина Шопова (разговор) 22:09, 11 декември 2013 (CET)Одговори

Blagodaram

i se izvinuvam, ne sum go videla odgovorot na selska cesma... uste sum daleku od toa da vladeam dobro so ova oradie...--Јасмина Шопова (разговор) 23:28, 11 декември 2013 (CET)Одговори

„Марта“

Здраво Тони. Видов дека си ја избришале статијата за романот Марта. Со оглед на тоа што се работи за училишен проект ние другите корисници мораме да ја потсредиме статијата и да ја донесеме во ред. Поздрав и имај пријатна ноќ. --M4r51n (разговор) 20:39, 12 декември 2013 (CET)Одговори

Корисникот што ја започнал ми кажа дека сеуште била во изработка.. ќе ја средиме статијата :) --M4r51n (разговор) 23:17, 12 декември 2013 (CET)Одговори

Loitz и сл.

Да, Loitz треба да биде „Лец“. Многу барав и не најдов никаде да се зборува за овој парот букви oi. Гледајќи по разни случаи (кои и не се така многу), по свое истражување заклучувам дека:

  • кога во внатрешноста на слогот, тогаш станува долго „о“, т.е. (во случајот на Лец, е øː, но ова се чини дека е исклучок). Така, Gre|ven|broich → Гревенброх ([ˌɡʁeːvənˈbʁoːx]), Trois|dorf → Тросфдорф ([ˈtroːsdɔrf]).
  • кога е на крајот од слогот, тогаш ќе биде „ој“. Gnoi|en → Гнојен, Boi|zen|burg → Бојценбург.

Единствен исклучок што го најдов е Groitzsch → Гројч. Зборов е едносложен, а oi е во внатрешноста, но сепак гласи „ој“. Немам доволно наоди за да заклучам дали ова се случува поради тоа што стои пред „ч“ или поради едносложноста на зборот.

Се надевам дека бев доволно исцрпен и барем разумно јасен во излагањето. Потпрашај ме ако нешто не е јасно, или ако забележиш недоследност во заклученото. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 03:31, 14 декември 2013 (CET)Одговори

Стандардизиран пристап на мерење на оперативен ризик

Здраво Тони,

една студентка тврди дека пред 10 дена ставила статија под горниот наслов, која не ја најдов на википедија, а таа вели дека ја гледа кога оди на Придонеси. Се работи за Даниела Мојсоска. те молам, види каде е проблемот.

Поздрав,

ГП (разговор) 13:41, 25 декември 2013 (CET)Одговори

Fala

Dragi Toni, fala mnogu za ispravi! Sretna nova godina --Pamuk (разговор) 08:44, 30 декември 2013 (CET)Одговори

Назад на корисничката страница на „Ehrlich91/Архива 3“.