Елдин Варажалица (роден на 7 август 1990 година во Прибој, Република Србија) — српски ракометар.

Елдин Вражалица
noframe
Лични податоци
Име и презиме Елдин Вражалица
Роден(а) 7 август 1990(1990-08-07)(33 г.)
Прибој, СР Србија, СФРЈ
Националност Србија Србин
Спорт Ракомет
Висина 1,93 м[1]
Тежина 95 кг[1]
Позиција Пикер
Клупски податоци
Тековен клуб Madeira Andebol SAD[1]
Број 44
Сениорски клубови
2006–2012
2012–2013
2013–2014
2014–2015
2015–2016
2016–2017
2017–2020
2020–
Србија РК Прибој
Србија РК Нови Пазар
Србија РК Златар
Грција РК Филипос
Македонија РК Охрид
Грција РК Филипос
Грција РК АЕК
Португалија Madeira Andebol SAD

Образование уреди

Своето основно образование го завршил во ОУ. „Бранко Радичевиќ“, во Прибој ,Србија, а средно образование завршил во Машинско-електотехничка школа во Прибој со титула компјутерски електотехничар. Во моментов студира на Универзитетот „Константин Велики“, во Белград - Менаџер за безбедност.

Спортска кариера уреди

Својата спортска кариера Елдин Вражалица ја започнал на 12 години. Првично, тој тренирал фудбал и кошарка, но на 12- годишна возраст започнал да се занимава со ракомет. Прв клуб во кој ги направил своите први ракометни чекори бил клубот РК Прибој од Прибој, Србија. Професионалната ракометна кариера му започнала на 18 години, во сезоната 2008-2009 во клубот РК Прибој.

Поважни клупски настапи уреди

Во Европа има настапувано во:

  • 2016 - 2017 сезона со клубот РК Филипос, Грција настапил на квалификациски два меча против клубот РК Будванска ривиера, Будва, Црна Гора во EHF купот.[2] На првиот меч екипата на РК Филипос победила со резултат од 30:24, а на вториот меч победила со 26:28.
  • 2016 - 2017 сезона со клубот РК Филипос, Грција настапил на два квалификациски меча против клубот РК Забже, Забже, Полска во EHF купот.[2] На првиот меч екипата на РК Филипос загубила со резултат од 30:17 а на вториот меч загубила со 15:20.
  • Со клубот од Грција, РК Филипос, исто така две сезони играл полуфинале во купот на Грција во ракомет.[2]

Во македонското првенство во ракомет, со клубот на Охрид, РК Охрид 2013, играл полуфинале во купот на Македонија во ракомет.[3] На 14 мај 2016 екипата на РК Охрид 2013 се сретнала со екипата на РК Вардар од Скопје во полуфиналето на Купот на Македонија во ракомет. На истиот, градот Охрид бил домаќин. Останатата двојка полуфиналисти биле екипите на РК Металург од Скопје и РК Вардар Јуниор од Скопје.[4]

  • 2017/2018 сезона, со клубот на РК АЕК Атина, Елдин Вражалица играл финале во ЕХФ Челинџ куп за мажи против клубот на Потаиса Турда од Романија.[5]

Статистички податоци уреди

Со 45 погодоци во сезоната 2015/2016 во својот клуб РК Охрид 2013 , Елдин Вражалица бил втор на списокот на стрелците.[6]
На 8 февруари 2017 година, од страна на ракометните тренери на Премиер Лигата на Грција во ракомет , Елдин Вражалица бил избран во најдобриот септет на четиринаесеттото коло на лигата во сезоната 2016/2017. Тимот се состоел од: голман: Џорџ Барбас (AСE Дукас), пивот: Един Вражалица (Верија Филип), плејмејкер: Сребрена Јули (Диомидис Аргос), лево крило: Панајотис Стуб (Пан), лев бек: Христос Милонас (AСE Дукас), десно крило: Петрос Кирјаку (Аеропос Едеса), десен бек: Ненад Троумпетас (Диомидис Аргос). За МВП на првенството бил прогласен Панајотис Стуб Панелионис и најдобар дефанзивец Андреас Арапакопулус на AСE Дукас.[7]

Од страна на ракометните тренери на Премиер Лигата на Грција во ракомет , по нивна рационална проценка, на 17 февруари 2017 година, бил избран тимот на најдобрите седумна на петнаесеттото коло на лигата во сезоната 2016/ 2017. На позицијата пивот бил избран Елдин Вражалица од РК Филипос како најдобар на таа позиција во топ- тимот на лигата. Еве кои членови го сочинувале најдобриот тим на колото  : голман: Костас Костадинис (Диомедес), Пивот: Елдин Вражалица (Верија Филип) плејмејкер: Фотис Мисаилидис (Диомидис Аргос), лево крило: Пантелис Костакидис (IEK XINIS), лев бек: Панајотис Николаидис (АЕК), десно крило: Garyfallos Bayonne (AСE Дукас), десен бек : Алексис Албански (IEK XINIS).[8]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 / Player (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 A.C.C. Filippos Verias Архивирано на 16 декември 2017 г. (англиски)
  3. Тасески и Вражалица: Купот на Македонија шанса што не смее да се пропушти
  4. „Вражалица: Покажавме дека можеме да играме и да се надигруваме, топката е округла и се може да се случи“. Архивирано од изворникот на 2017-12-16. Посетено на 2017-03-11.
  5. „Челинџ куп“. Архивирано од изворникот на 2018-08-25. Посетено на 2018-08-07.
  6. Ни Вардар ни Металург, најдобриот стрелец во Супер лигата доаѓа од - Радовиш!
  7. MVP O ΣΤΟΥΜΠΗΣ Архивирано на 11 февруари 2017 г.(грчки)
  8. Στην καλύτερη επτάδα της 15ης αγωνιστικής ο Βραζάλιτσα (грчки)