Разговор со корисник:Ehrlich91/Архива 10


глаголица

Може објаснение зошто се одбиени промените во врска со буквите? Не е важно дека се одбиени, нека останат како што се, ама образложение само зошто се. Т.е. од кај тој податок дека на пр., вјадјати значи види или што беше таму. --Порфирија (разговор) 01:05, 24 јануари 2020 (CET)Одговори

@Порфирија: Па реално над табелата стојат два извори, додека во твоиве промени немаше никаков друг извор. --Ehrlich91 (разговор) 08:45, 24 јануари 2020 (CET)Одговори

Кои два извори? Линковите над табелата? Бидејќи не носат конкретно кон објаснение на ова прашање. Или овие што се во одговорот. Но и тие не се конкретно поврзани со тоа. Немам време подетално да се занимавам, тојпат само отворив, видов и реков да реагирам, но ако навистина сакате да направите нешто точно, разгледајте понекој научен труд, претежно не линкови од интернет, и не конкретни евангелија, туку научни трудови што се занимаваат со тематиката. Вјадјати и денес во руски, словенечки, чешки итн., значи знае (во словенечки ведти, вем, веш? - знаеш, ти текнува?), итн. Старите азбуки биле мнемонички, т.е. секоја буква си имала име, ама сите имиња на буквите правеле поврзан текст, за полесно да се учела азбуката. И оди Аз буки вјадон (јас ги знам буквите), глаголат добро јест (добро е да се зборува) (а, б, в, г, д итн.). Да барам извор ќе ми земе многу време, а го немам тоа време. Ама повеќе во научни трудови ова. Тие стари трудови ретко се објавени на интернет. Чисто како информација. Се разбира, понатаму што ќе биде, здравје.--Порфирија (разговор) 01:43, 28 јануари 2020 (CET)Одговори

Евиденција за натпревар

Здраво. Учествувам на натпреварот „Населени места во Пиринска Македонија“ и видов дека си дел од жири-комисијата, па сакам да те прашам, во делот којшто е наменет за евиденција, од другите членови коишто учествуваат на натпреварот нивните статии можат да се гледаат, а мојата табела е празна. Преглед на уредените статии имам само кога ќе додадам нова, но на станицата јавно не можат да се видат. Дали не правам нешто што треба правилно, ако може помош? Фала многу! Hristijan Kicho (разговор) 22:39, 4 февруари 2020 (CET)Одговори

@Hristijan Kicho:  Ок Готово Не беше добро направена страницата за евиденција кај тебе, односно фалеше делот на крај дека завршува. Како и да е, сега е средено. Те замолувам само после последната црта да напоменеш дали се работи за подобрена или нова статија. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 23:06, 4 февруари 2020 (CET)Одговори
Го надополнив полето за напомена. Се' уште ги нема, но треба да се појават сега :) Фала ти. Поздрав Hristijan Kicho (разговор) 23:16, 4 февруари 2020 (CET)Одговори
@Hristijan Kicho: Проблем правело сепак и една буква во насловот. Односно требало да гласи Википедија:Уредувачки натпревари/..., а ти имаше уредено на страница Википедија:Уредувачки натпревар/... Така, продолжи да водиш евиденција тука и нема да има проблеми. --Ehrlich91 (разговор) 23:22, 4 февруари 2020 (CET)Одговори

?

Зошто е избришана страната за Јане Ченто од Wikipedia? Baltazar Petkov (разговор) 14:14, 5 февруари 2020 (CET)Одговори

Затоа што ова е енциклопедија, која се води по соодветни правила. Така, наведената статија не ги исполнуваше ниту најмалите услови за тоа како треба да изгледа една статија. Воедно, поголема причина е и значајноста на личноста, особено што нема никакви релевантни извори за неговата значајност. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 17:21, 5 февруари 2020 (CET)Одговори

Резултати

Здраво. Сакам да прашам дали има некакви конечни резултати од натпреварот „Населени места во Пиринска Македонија“ и доколку има каде тоа може да се провери? Прашувам бидејќи учествував, а немам добиено никаква информација за завршување на оценувањето и преглед на резултатот.Поздрав :) Hristijan Kicho (разговор) 22:40, 25 март 2020 (CET)Одговори

@Hristijan Kicho: Па сите завршивме со оценување, останува уште да ги сумирам оценките. Во текот на утрешниот ден ќе ги објавам. Извини на доцнењето. --Ehrlich91 (разговор) 22:43, 25 март 2020 (CET)Одговори

Вива сокови

Здраво, дали можете да ми објасните подетално зошто е избришата страницата за Вива сокови кога се уште не беше финално јавно објавена? Благодарам

@Beloderm: Да, едноставна е причината. Иако страницата се наоѓаше на вашата корисничка сметка, таа беше статија која служеше повеќе за реклама, отколку за енциклопедиска содржина во врска со самиот производител. Изрази од типот „по мерка на нашите потрошувачи...“, „господинот ...“, „ги следиме светските трендови...“, се за маркетинг стратегии, а не енциклопедиска содржина на Википедија. На Википедија се пишуваат статии кои се поткрепени со релевантни извори и не се рекламира нешто. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 14:38, 21 април 2020 (CEST)Одговори

Благодарам на одговорот. Дали доколку се промени концептот на самиот текст има шанси да биде објавена статијата? Ве молам за насоки.

@Beloderm: Да, нормално дека може. Ние имаме бројни статии за претпријатија од Македонија. Пример може да ви биде статијата за Витаминка. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 15:32, 21 април 2020 (CEST)Одговори

Благодарам многу, ќе се обидеме да ја адаптираме содржината.

Здраво, на страницата ми дава ознака горе дека има потреба од викифицирање и да се стават соодветни внатрешни врски кога сите внатрешни ставени врски се ставени на место и се релевантни. Дали можете да ми помогнете со процесот на викифицирање и што тоа значи. Благодарам.

Викифицирање означува процес на означување врски до статии кои постојат на нашата Википедија. Но, статијата треба и да се досреди, а за тоа како пример веќе ти ја посочив статијата на Витаминка. --Ehrlich91 (разговор) 12:31, 28 октомври 2020 (CET)Одговори

Рудник „Бучим“

Писма. Јавноста знае што беше Бучим

А1. Рудникот бучим се враќа во живот

Кој стои за руските пари во Македонија? -прв дел

сите наведени хиперврски не постојат - како и информациите на кои се однесуваат не се точни

Значи архивата на страницата можеби е избришана, но постои можности врските архивски да се пронајдат, затоа и инсистирав да не се бришат. Дали е точно, не знам? Дополнете со информации кои ќе го тврдат спротивното, не е забрането. --Ehrlich91 (разговор) 14:25, 19 мај 2020 (CEST)Одговори
Факт е дека врските не се активни. И нема архиви - проверете во Google. како што потврди управувањето со компанијата. Овие статии беа лажни и содржеа неточни информации за сопствениците. Тие беа отстранети по барање на агенциите за спроведување на законот во Македонија. Истото важи и за застарена информација за плата и многу повеќе. Поради оваа причина, објавивме релевантни информации. Побарав сега да дадам релевантни податоци од прес-службата на рудникот, дадов и барање до Стопанската и индустријата на Комората. И во блиска иднина ќе има релевантни информации со линкови до извори. И би ве замолил да ги избришете постојните врски. како и информации од нив. Така ќе биде.

Јас ги собрав сите информации што се наоѓаат на мрежата на Бучим. Кој е релевантен. Се надевам дека ќе ми помогнете да ја вратам правдата и да ја објавам на Википедија. Во оваа прилика не гледам апсолутно никаква причина за конфликт. Ние правиме заедничка работа.

Добро, многу застарени содржини може да се пронајдат на веб-архивот, затоа и беше мојата реакција на таков начин, бидејќи принципот е да не се бришат веќе постоечки содржини, освен ако не се понуди поквалитетно. Бидејќи не ги наоѓам, ќе ги тргнам еве самиот. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 18:26, 19 мај 2020 (CEST)Одговори

__________________________________________________

Благодарен сум на вас што најдовме компромисно решение за овој напис. Ако е можно, би сакал да ставам информативна белешка со логото на рудникот и претпријатието. Точно е, го зедов од веб-страницата на компанијата. Можеби во иднина ќе можам да додадам броеви и резултати од работата таму ако можам да ги најдам овие информации во отворени извори по годишниот извештај на претпријатието. _______________________________________________________

Потоа поради многугодишно лошо менаџирање, долгови (т.н. фирма загубар) и проблеми со работењето рудникот се затвора до 2006 година. ——— Реченицата, начинот на изразување не е воопшто соодветен за викпедија, т.е воопшто давањето на прекари на било какви компании не е дел од целта на википедија, а и впрочем годината е грешна - рудникот не е затворен до 2006 година, во 2005 година рудникот веќе работи ( ова го имате во извори и можете да го проверите и во службен весник. Така да не е потребна воопшто, избришете ја.

___________________________________________________________

Рефернецата која води до википедија профилот на Солвеј Инвестмнет Груп е значајна - сепак тоа е инвеститорот и е референца која дава релеванта информација.

Префрлена инфокутијата. Слободно додади друго што мислиш, меѓу другото и наводот што го споменуваш за инвеститорот. --Ehrlich91 (разговор) 17:58, 20 мај 2020 (CEST)Одговори

слагарче

Ме интересира зошто ја избриша страната?

Си беше наведено зашто беше избришана. Пробна и нецелосна статија, која претставуваше само мал текст со никакво следење на правилата на енциклопедиски стил на пишување, извори, викифицирање и слично. --Ehrlich91 (разговор) 17:59, 20 мај 2020 (CEST)Одговори

Мал текст ? Има страници и со само еден ред текст... Изворот беше наведен... Ако ништо повеќе можеше да дадеш некоја сугестија како да го подобрам или можеби ти да го едитираш.... Како и да е, гледам дека сакаш да се однесуваш како газада и да котролираш кој што ставил (од архивата)....

Можеш да си го прочиташ ова што го пишуваш и можеш да видиш каков ти е стилот на пишување. Јас не сум газда тука, а јас моето време (кое е дел од моето слободно време) не можам да го посветам за уредување туѓи статии. Новите корисници најпрвин треба да ги прочитаат курсевите за уредување, достапни на главната страница. --Ehrlich91 (разговор) 19:00, 20 мај 2020 (CEST)Одговори

И јас како тебе, реков дел од моето слободно време да го потрошам за доброто на сите, ама кога некој ќе ти го избрише првиот текст, сигурно ќе се помислам дали да продолжам.... Очигледно полесно е да се избрише отколку да се губи време со почетници...

На Википедија сум од 2010 година и навистина мислиш дека не сум помогнал никому досега? Зашто не ја разгледаш убаво статијата за гајда, па потруди се најпрвин да ја уредиш на твојата страница како пробна, па после ќе се објави. Пак ќе повторам, твојата страница беше без никаков стил и без никакво следење на начелата на Википедија, а како што и сам спомена, ние на Википедија на македонски јазик веќе и имаме такви статии, а не е поентата да имаме само бројност, туку да имаме квалитет. --Ehrlich91 (разговор) 19:23, 20 мај 2020 (CEST)Одговори

Линебург

  Статијата Линебург, која Вие ја создадовте, проширивте и предложивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да продолжите со уредувањето на квалитетни статии кои во иднина би можеле да се стекнат со овој статус.

Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 17:30, 22 мај 2020 (CEST)Одговори

Алехандро Валверде

  Статијата Алехандро Валверде, која Вие ја создадовте, проширивте и предложивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да продолжите со уредувањето на квалитетни статии кои во иднина би можеле да се стекнат со овој статус.

Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 17:30, 22 мај 2020 (CEST)Одговори

Тур де Франс 2019

  Статијата Тур де Франс 2019, која Вие ја создадовте, проширивте и предложивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да продолжите со уредувањето на квалитетни статии кои во иднина би можеле да се стекнат со овој статус.

Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 17:30, 22 мај 2020 (CEST)Одговори

Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост

Никоj сериозен изучувач во Република Бугариjа не тврди, дека Св.Св. Кирил и Методиja биле Бугари. Даj некоj извор. Поздрав.Tormon245t (разговор) 20:07, 26 мај 2020 (CEST)Одговори

@Tormon245t: И јас не тврдам дека биле. Работата како администратор понекогаш бара да постапуваш кон промените, но еве пак си уредил, ти го прифатив тоа. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 20:13, 26 мај 2020 (CEST)Одговори

File:Omer-sam.png

Hi!

I was checking this file: hi:Omer-new.png on the Hindi Wikipedia.

The source of the file was: kk:File:Omer-new.png.

The source of that file was: File:Omer-sam.png

But that file was deleted.

There is a similar file here: File:Omer-sam.png.

Is there any information on the deleted file that can help us decide if the license is correct? Personally I doubt but I will give it a try. --MGA73 (разговор) 17:27, 3 јуни 2020 (CEST)Одговори

As I can notice, no. I don`t know how even this file is found here. --Ehrlich91 (разговор) 22:27, 3 јуни 2020 (CEST)Одговори
Hello again! Sorry I have probably given you the wrong link. I think that Омер Шипрага is the link. Perhaps there was a photo if the article? --MGA73 (разговор) 19:17, 4 јуни 2020 (CEST)Одговори
No such article, or it was deleted. I also delete this photo, as it is without any license or permission. --Ehrlich91 (разговор) 21:47, 4 јуни 2020 (CEST)Одговори

Што е проблемот со Димитар Мирчев?

Што е проблемот со статиjта кон Димитар Мирчев?

Не го разбирам прашањево. --Ehrlich91 (разговор) 21:57, 14 јуни 2020 (CEST)Одговори

Спасители во Австралија

Is "Спасители во Австралија" the correct translation for "The Rescuers Down Under"? I know the nickname "Down Under" isn't used in other languages, so they have to say "in Australia". I looked it up as well. The previous version copied from Serbian Wikipedia. If the translation is correct, can a stub about the movie be made? 2600:1700:53F0:AD70:6493:1B5C:DF3D:9350 (разговор) 01:41, 29 јуни 2020 (CEST)Одговори

If that will be a movie, then usually, they are translated, sometimes even with completely different naming, but your proposal seems ok, so you can create a stub. --Ehrlich91 (разговор) 09:18, 29 јуни 2020 (CEST)Одговори

Мусомишта

Здраво, во врска со оваа редакција две прашања:

  1. 1. Зошто jа бришете информацијата во пасус Историjа (податоците од Верковиќ). Што не ви се допаѓа?
  2. 2. За Утрински весник - дали можете да ги додадете годината и бројот во кој е објавен овој напис?

Со почит, --Simin (разговор) 19:01, 4 јули 2020 (CEST)Одговори

@Simin: Ајде вака, со која дрскост си земаш за право да бришеш извор? Зашто не го означиш дека е мртва врска? Зашто не го побараш претходно на веб-архивот? Најлесно е да почнеме да ги бришеме мртвите врски. Ако мислиш дека тоа е единствениот извор од македонски медиум за селото во кое се вели дека и денес живеат Македонци се лажеш, уште денес ќе ја дополнам статијата со уште еден извор, бидејќи гледам ти боде очи тоа. За Верковиќ слободно додади што имал напишано, јас немам проблем, но те предупредувам уште еднаш ако бришеш извори, а претходно не објасниш зашто го отстрануваш ќе бидат преземени мерки. --Ehrlich91 (разговор) 19:06, 4 јули 2020 (CEST)Одговори
Ehrlich91, полесно ќе се разбереме, ако не се обидуваме да претпоставиме што мисли другиот. Jас можам да претпоставам кои се причините да бришете без објаснување не само извор, туку и текстот за минатото на селото, но ќе се воздржам. За "изворот", "Утрински весник", за разлика от Вас jас обjаснив: "... нема ни броj на Утрински Весник ..."и ставив барање за извор. Мислам на проверлив извор. Како што можете да видите, не станува збор само за мртва врска. Бидете поздравен,--Simin (разговор) 19:25, 4 јули 2020 (CEST)Одговори
@Simin: Не одговори на моите прашања. И да, ти го избриша целиот извор и стави назнака дека се бара извор. Да, весникот целосно пропадна во минатиот период, но да кажеш за Утрински весник дека не е проверлив извор, тука веќе си земаш навистина преголема слобода. Инаку, гледам дека се фаќаш за Верковиќ, па да бидеме на чисто, јас твоите промени ги избришав и напишав поради што, заедно со промената за изворот (техничка работа), додека ти не гледам објаснување зашто бил избришан изворот, туку ја доведуваш проверливоста на Утрински весник, весник со тираж од над 10.000 примероци во своите најдобри денови и постоење на 18 години и дел од некогашна групација на весници. --Ehrlich91 (разговор) 21:04, 4 јули 2020 (CEST)Одговори
Ehrlich91, на кое на кое прашање не одговорив?
Не мешајте "проверлив" и "доверлив" извор. Утрински весник може да биде доверлив извор во некои погледи, но ако не се наведени податоци благодарение на кои можеме да ги потврдиме релевантните информации, дали изворот во наводот е проверлив?
Кога го ставив барањето за извор, jас не го откажав ваше уредување, туку во описот точно го наведов проблемот во изворов. Во ниту еден момент не сум одбил дијалог, што, за жал, не е случај каj вас. На друго место веќе дадов примери за избришани од вас доверливи (и проверливи) извори заедно со релевантниот текст, без објаснувања; Мислам дека има повеќе.--Simin (разговор) 22:36, 4 јули 2020 (CEST)Одговори

>>>@Simin: Да не одолговлекуваме, бидејќи вака можеме со денови. Ако сакаш да уредуваш на Википедија без никакви предрасуди како што тврдиш тогаш го имаме следново, уредувањето за Верковиќ си е прифатено. Изворот е среден со број весник, датум и врска до главната страница од репортажата. Ако сметаш дека репортажата е „недоверлива“ (според кој?) тогаш јас би те замолил да си продолжиш со истражувања и да најдеш тврдења за тоа. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 22:44, 4 јули 2020 (CEST)Одговори

Да, мислам, дека сè е во ред во страницата во моментов. Немаме спор. Ги изразив сомнежите за надлежноста на Виктор Цветаноски за специфични историски прашања во сосема друг контекст. Поздрав, --Simin (разговор) 22:57, 4 јули 2020 (CEST)Одговори

Тоше Проески

Sorry that I'm bothering you, but you speak in the paragraph on the second or on the third? It seems to me that third, but you think it is on the second. ([1]; and sorry if it is not uncomfortable to speak English). Euro know (разговор) 11:23, 16 јули 2020 (CEST)Одговори

@Euro know: Yes, I made your correction in that paragraph, firstly I thought it is mistake. Now it is ok. --Ehrlich91 (разговор) 11:28, 16 јули 2020 (CEST)=Одговори

ФК Арсенал

Здраво, --Ehrlich91. Зошто си одбиел моjата доработка за Арсен Венгер. До пред 1996 сите се биле од Обединетото Кралство.Во право сум. Tormon245t (разговор) 09:46, 27 јули 2020 (CEST)Одговори

@Tormon245t: Малку несмасно беше напишано, затоа ти ги одбив промените. Значи Арсен Венгер бил менаџер (не менџер). --Ehrlich91 (разговор) 09:54, 27 јули 2020 (CEST)Одговори
Готово. Да знаеш, во страницата има уште текстови со граматички грешки. Ако ги побараш, ќе ги наjдеш. Ама, мислам, не би било баш изводливо да ги одбиваш и нив. Среќно. Tormon245t (разговор) 11:06, 27 јули 2020 (CEST)Одговори

Павле Кониковски

Защо премахнахте изречението "Сестрата на Павле, Тодора, се населила со семејството во Бугарија во селото Горни Воден, регионот Асеновград."? Аз съм пра-внук на баба Тодора и смятам, че ще е интересно да се знае, че Павле има роднини и в България. Не съм учил Македонски в училище и ако има грешка в изречението, моля за извинение. Ако е така - моля да поправите и да върнете в текста. Благодаря за съдействието и поздрави!

Затоа што беше напишано без никакви извори како јас истото би го проверил. --Ehrlich91 (разговор) 22:51, 13 август 2020 (CEST)Одговори

слики на commons

Здраво, дали наскоро би имало натпревар за прикачување слики од типот на слики кои вие ги создавате преку Викиекспедиции? Од причина што имам неколку слики што покриваат дел од областите кои ги посетивте периодот преку експедициите, па не сум сигурен дали да ги прикачам веднаш на commons за да ви послужат во подобрување и создавање нови статии, или да почекам да објавите натпревар доколку имате во план наредниот период. Поздрав 77.29.29.68 (разговор) 21:10, 27 октомври 2020 (CET)Одговори

Не е предвиден таков натпревар во наредниот период. Можно е во текот на 2021 да биде организиран фотографски натпревар за спомениците на култура заштитени со закон, но за селата не е предвиден натпревар, бидејќи единствено експедициите се вистински начин за прибирање на целокупни информации и фотографии од сите знаменитости. Слободно прикачи ги, а ако не се снаоѓаш кажи ми. На крај, најдобро е да уредуваш од корисничко име, а не преку ИП-адреса. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 21:32, 27 октомври 2020 (CET)Одговори
Благодарам за одговорот, тогаш ќе ги прикачам оние што не претставуваат дел од културното наследство. Поздрав 77.29.29.68 (разговор) 21:36, 27 октомври 2020 (CET)Одговори

Браќа Миладиновци

Здраво, дали ќе може информации што точно ни треба за да може да ги поднесеме потребните промени на [2]. Вратено, всушност пишува „рачно отповикано“. Ви благодариме, имајте убав ден. HristoMiladinov (разговор) 13:29, 28 октомври 2020 (CET)HristoMiladinov (Христо Д. Миладинов)Одговори

@HristoMiladinov: Потребно е да имате извор за верзијата на името кое го користите. Под извор може да биде медиумска објава, книга, исечок од списание, итн. Воедно, вашата промена беше тргната заедно со други и се извинувам ако не беше доволно добро објаснета од моја страна. --Ehrlich91 (разговор) 13:32, 28 октомври 2020 (CET)Одговори

Ти благоадарам, ќе се обидам да ги спремам промените за повторно да ги внесам, а за извори ако би можело директно од изворот? Јас сум директен потомок на браќата Миладиновци, ќе се обидеме да сме попрецизни следно. HristoMiladinov (разговор) 20:38, 9 ноември 2020 (CET)Одговори

Масакр кај Дабница (1942)

Здраво, дали ќе може да ми се објасни зошто е прифатено отповикувањето на мојата верзија за Масакрот кај Дабница од страна на Jingiby? Сликата веќе постои и е релевантно потврдена дека е од тој настан, еве ја сликата која веќе постои на викикомонс: File:Masakr vo selo Dabnica, 1942.jpg

Јас успеав да ја најдам во нејзината највисока резоллуција што воопшто постои : File:Dabnica Massacre.jpg и не сфаќам зошто не е дозволено да се користи во статијата? Ве молам за инфо и евентуално нејзино враќање. Благодарам.--Forbidden History (разговор) 07:04, 30 октомври 2020 (CET)Одговори

Слободно додади ја повторно, не сум забележал кои биле промените детално претходно. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 10:01, 30 октомври 2020 (CET)Одговори
Проблемот е што ја има и плус пријавено сликата, демек од нерелевантен сајт сум ја земал. А истата слика е употребена во стотици книги и е со полоша резолуција. Стварно ми треба некое упатство, како да ги пријавувам фотографиите, бидејќи очигледно поради мое незнаење на википедија се обидува да ме претстави како манипулатор.Како е правилно сега јас да направам упдејт на постоечката слика која постои на Википедија па таа да ја повикам или да ја повикам повторно мојата. И како се отповикува мојата верзија да биде повторно вратена кај Дабница конкретно? Ти благодарам однапред, извини што досаѓам со прашања но имам многу материајл кој можам да го псотавам, а сеуште имам многу да учам за википедија како треба и како е правилно да се работи. Поздрав, --Forbidden History (разговор) 11:50, 30 октомври 2020 (CET)Одговори
@Forbidden History: За статијатата кај нас само вметни ја повторно сликата и ќе ја одобрам. За прикачувањето на Ризницата важат посебни правила и таму јас не сум администратор. За истоветни фотографии, најдобро е да отвориш на страницата на разговор тема дека тоа сакаш да го направиш, инаку ќе се случува ова што го кажуваш. --Ehrlich91 (разговор) 13:08, 30 октомври 2020 (CET)Одговори

Родови Годивле

Здраво ,се извинувам али имаме една забелешка јас сум од фамилијата Ацески и во нашата фамилија не ни е познато да имаме потекло од Ром и тоа представува навреда бидеќи е без основ ве молам ако можи да се исправи тоа ви благодарам Ohrid22 (разговор) 18:10, 30 октомври 2020 (CET)Одговори

Здраво, Википедија не го изјавува тоа, туку пренесува извор, а употребениот извор, каде се запишани овие родови стои токму тоа. Поентата ми е дека не е наша грешка, ако е настаната грешка, туку се работи за употребен извор. За разрешување на ова, морате да ми дадете друг извор, а вака усно кажување, за жал не е пракса да се користи како извор често, особено што јас не ни можам да знам дали вие сте навистина член на тоа семејство. Затоа, ве повикувам да најдете друг (монографија за селото, други книги) за оваа тема, за да можеме ние да го прилагодиме текстот. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 18:19, 30 октомври 2020 (CET)Одговори

Па незнам што би дал за да докажам дека не сме тоа али сега незнам од кога стои оваа објава јас сега ја видов и се мобилизираме од фамилијата па ќе видиме што ќе излези ,јас не реков дека вие сте виновни за ова али ако продолжи вака ќе мора да ни го наведете изворот за да можи судски да го гониме ако не се исправи зашто вака е јавна навреда не само на една личност туку на цела една фамилија и поколение а плус во фамилијата немаме ни еден црн повеќето сме плави Ohrid22 (разговор) 18:35, 30 октомври 2020 (CET)Одговори

Изворот стои и во самата статија, повели и тука „Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998“. Јас книгата ја имам и во пдф верзија и ја проверив и го пишува истото. Ако сакаш и ќе ти ја пратам на мејл. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 18:38, 30 октомври 2020 (CET)Одговори

Ако би сакале да ми испратите ви благодарам Ohrid22 (разговор) 18:47, 30 октомври 2020 (CET)Одговори

Denioh2@gmail.com Ohrid22 (разговор) 18:48, 30 октомври 2020 (CET)Одговори

Ислам дека има и друга книга за Годивле од понов датум ќе гледам да се набави напишана од Дунимаглоска али незнам име ,фала за емајлот  Ohrid22 (разговор) 19:28, 30 октомври 2020 (CET)Одговори

проблем

Здраво, на следната [[3]] се креира страница за евиденција за претходен натпревар, треба да ја промените адресата на страницата да се создаде за тековниот натпревар. Поздрав Vikipedijanka (разговор) 11:44, 1 ноември 2020 (CET)Одговори

@Vikipedijanka: Јас како што можам да забележам сега е во ред. --Ehrlich91 (разговор) 19:04, 1 ноември 2020 (CET)Одговори
Да, вие претходно ја избришавте мојата страница која ја имав генерирано со алатката која генерираше погрешни линкови, затоа ви пишав овде, некој од админите го реши проблемот во меѓувреме. Vikipedijanka (разговор) 20:20, 1 ноември 2020 (CET)Одговори

создавање предлошка

Здраво, дали можете вие или некој друг кој се снаоѓа со предлошки, да ја преведе следната на македонски јазик [4], за да ја употребам во статии? Доколку истата постои на македонски, ве молам упатете ме до неа/поврзете ја со англиската. Благодарам и поздрав.--Vikipedijanka (разговор) 23:14, 9 ноември 2020 (CET)Одговори

Нема ваква предлошка на македонски. Јас се разбирам, но реално бара многу време како превод за оваа инфокутија, која е доста опфатна, а реално немаме многу статии за забавни паркови. Јас не можам да се нафатам на ова. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 11:00, 10 ноември 2020 (CET)Одговори
Ви благодарам за одговорот, доколку најдам време ќе се обидам да го совладам и ова. Поздрав--Vikipedijanka (разговор) 23:32, 10 ноември 2020 (CET)Одговори

бришење статија

Здраво, една од овие две статии треба да се избрише: Агнодика или Агнодике. Поздрав --77.28.229.4 (разговор) 19:32, 22 ноември 2020 (CET)Одговори

промена на опис

Здраво, на линков [5] описот на македонски јазик не се совпаѓа со описите на останатите јазици, па би ве замолила да го промените во соодветен. Поздрав --77.28.238.226 (разговор) 22:34, 1 декември 2020 (CET)Одговори

додавање на подрачја во список

На овој линк [6] се две нови изгласани подрачја Осогово и Шар Планина, кои треба да се додадат на овој список или на овој список. --77.28.230.172 (разговор) 21:24, 3 декември 2020 (CET)Одговори

Wikipedia Asian Month 2020

 
Wikipedia Asian Month 2020

Dear organizers,

Many thanks for all your dedication and contribution of meta:Wikipedia Asian Month 2020. We are here welcome you update the judge member list, status and ambassador list for Wikipedia Asian Month 2020. Here will be two round of qualified participants' address collection scheduled: January 1st and January 10th 2021. To make sure all the qualified participants can receive their awards, we need your kind help.

If you need some assistance, please feel free to contact us via sending email to info@asianmonth.wiki. To reduce misunderstanding, please contact us in English.

Happy New Year and Best wishes,

Wikipedia Asian Month International Team, 2020.12

Назад на корисничката страница на „Ehrlich91/Архива 10“.