Разговор со корисник:Ehrlich91/Архива 8
Архива 2011 · Архива 2012 · Архива 2013 · Архива 2014 · Архива 2015 · Архива 2016 · Архива 2017 · Архива 2018 · Архива 2019 · Архива 2020 |
Сиа
Плс, знам правопис. Професор сум. Ова е име. Не чепак секаде плс.--Никола Стоіаноски 16:59, 17 март 2018 (CET)
- Патем, зошто само за админи ти е отворен разговорот? Блокирај анонимуси само, не сите. --Никола Стоіаноски 17:03, 17 март 2018 (CET)
- @MacedonianBoy:За второто, не ни знам дека така останало, веројатно тогаш имало нешто со бугарските корисници. Како и да е, јас не сум професор (не знам зашто се истакнуваат титули), ниту видов дека ти си ја создал статијата, само изреагирав дека имам сретнувано доста статии на македонски јазик под тоа име и според мое разбирање, правописот го вели тоа. Можеби требаше да отворам тема на самата страница на разговор на статијата, што е моја грешка. Во краен случај, сметам дека треба да се наведе и името „Сија“, кое се сретнува низ медиумите во Македонија. --Ehrlich91 (разговор) 17:07, 17 март 2018 (CET)
- Абе допушти автопотврдени само и готово. Што ќе ти прават Балгарите? Ние сме тука... А за Сиа, во право си, и нема врска кој ја создал, ама ова е веќе добро познато лично име и е без ј... И јас би ставил ј одма, ама не ми иде за лично име, ме сфаќаш? Нека стои и Сија во воведот, не ми пречи. Сум заборавил да пишам... Закличи аномонимуси... досадни се--Никола Стоіаноски 17:10, 17 март 2018 (CET)
- Додадов Сија.--Никола Стоіаноски 17:11, 17 март 2018 (CET)
- Абе допушти автопотврдени само и готово. Што ќе ти прават Балгарите? Ние сме тука... А за Сиа, во право си, и нема врска кој ја создал, ама ова е веќе добро познато лично име и е без ј... И јас би ставил ј одма, ама не ми иде за лично име, ме сфаќаш? Нека стои и Сија во воведот, не ми пречи. Сум заборавил да пишам... Закличи аномонимуси... досадни се--Никола Стоіаноски 17:10, 17 март 2018 (CET)
- @MacedonianBoy: Фала на совет и добро што виде дека била под заштита (само за администратори), навистина немаше да забележам, го ставив само за автопотврдени. Извини за преместувањето без отворање дискусија, мило ми е што средивме :) --Ehrlich91 (разговор) 17:15, 17 март 2018 (CET)
- Абе што се извинуваш.. гледаш како на чет пишувам :D --Никола Стоіаноски 17:21, 17 март 2018 (CET)
- @MacedonianBoy:За второто, не ни знам дека така останало, веројатно тогаш имало нешто со бугарските корисници. Како и да е, јас не сум професор (не знам зашто се истакнуваат титули), ниту видов дека ти си ја создал статијата, само изреагирав дека имам сретнувано доста статии на македонски јазик под тоа име и според мое разбирање, правописот го вели тоа. Можеби требаше да отворам тема на самата страница на разговор на статијата, што е моја грешка. Во краен случај, сметам дека треба да се наведе и името „Сија“, кое се сретнува низ медиумите во Македонија. --Ehrlich91 (разговор) 17:07, 17 март 2018 (CET)
- Патем, зошто само за админи ти е отворен разговорот? Блокирај анонимуси само, не сите. --Никола Стоіаноски 17:03, 17 март 2018 (CET)
Message to the CEE Spring 2018 local organizers
Hello, Ehrlich91/Архива 8! You are receiving this message as a Wikimedia CEE Spring 2018 coordinator for your community.
This is a friendly reminder that CEE Spring starts on March 21, the first day of spring. To make a smooth start, please ensure that you have taken care of thе following:
- Created information page of the contest in your Wikipedia.
- Created a list of topics about your community on Meta-wiki.
- Created CEE Spring 2018 talk page template and connected to d:Q48126269.
- Published summary (in English) of contest rules on Meta-wiki page.
- Promoted information about the contest (site notice, social media, personal messages).
Creating a talk page template is strongly encouraged as it would allow international organizers to track of contest progress of various topics. We will also try to provide automatically updated statistics from the very beginning based on this template.
CEE you at the start of contest!
Delivered by: MediaWiki message delivery (разговор) 10:53, 19 март 2018 (CET)
Туркиски јазици
Здраво, напишав и на мојата страница, ама еве и овде да те информирам дека најдов докази дека групата на јазици се нарекува туркиски, а не турски. Првиот доказ е од книга напишана од универзитетска професорка, така да мислам дека е релевантен доказот, вториот доказ е од сајтот на иранскиот културен центар за Србија и Македонија, а третиот од еден македонски сајт.
http://eprints.ugd.edu.mk/3320/1/__fileserver_userfiles$_violeta.nikolovska_Desktop_e- posta_Македонски јазик_скрипта.pdf
Според некои истражувачи, се смета дека во светот се зборуваат околу 3000 јазици, кои се групираат во 19 јазични семејства. Ќе споменеме некои од нив: индоевропски јазици, семитско-хамитски јазици, баскиски, кавкаски, угрофински јазици (унгарски, фински, естонски, лапонски), туркиски (турски, татарски), монголски, азиски (надвор од другите јазични семејства, меѓу кои се и јапонскиот и корејскиот јазик), палеосибирски јазици, кинеско-тибетски, јазиците во Австралија и Океанија, американските индијански јазици.
http://iran.mk/about-iran/about-iran-1
Кога станува збор за јазиците, и тука доминира изразена разноликост. Повеќе од половина од населението на Иран – околу 58% – зборува персиски јазик или некој од неговите дијалекти, додека туркиски јазици и дијалекти зборува 26% од популацијата, курдски 9%, лори 2%, балучи 1%, арапски 1%, турски 1%, а останатите јазици се застапени со околу 2%.
http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/narodite-na-sibir/
Тувинската Република се наоѓа на јужниот дел на Сибир, по должина на границата со Монголија и Кина. Со векови тие потпаѓале под власта на моќните соседи. Тува конечно во 1912 година прогласила независност од Кина и веднаш станала руски протекторат. Тувинците се многу сродни со Монголите и нивниот јазик, иако според потеклото главно е туркиски, имаат многу монголски зборови. Тие имаат богата музичка традиција – познати се по „грленото пеење“, каде еден човек произведува повеќе ноти одеднаш и ги обликува во мелодија. Sashko1999 (разговор) 21:56, 28 март 2018 (CEST)
- @Sashko1999: Токму тоа и ми беше целта, дека за да употребиш различен термин од моменталната терминологија и да пристапиш кон промена на истиот, треба да изнајдеш факти (неколку различни извори) каде тој термин се употребува. Врската до страницата од професорката не работи, но ја најдов истата книга, сепак многу оскудно и само на едно место се спомнува, има на Гугл сепак уште една презентација од МАНУ, каде се спомнуваат подетално туркиските јазици како такви, така што доистражи, внеси ги сите овие изнајдени извори за употреба на терминот и смени во страницата. Поздрав и се надевам сега ти е појасно како треба да пристапуваш при големи промени. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 21:51, 29 март 2018 (CEST)
Погледај.--Soundwaweserb (разговор) 18:53, 7 април 2018 (CEST)
Здраво, во врска со ово враќање на моето уредување претпоставувам дека не сте го виделе описот на промената, а уште помалку аргументите на страницата за разговор. Инаку не можам да го разберам начинот на враќање (без објаснувања...) од ваша страна. Со почит,--Simin (разговор) 23:39, 15 мај 2018 (CEST)
Страницата за ВБУ Музички Регистар е избришана по основ „очигледно рекламирање/спам“
Почитувани,
Страницата за ВБУ Музички Регистар што беше креиране пред неколку дена, вчера е избришана.
Би ви бил благодарен доколку ми одговорите на следниве прашања, во интерес на идно контрибуирање на Википедија.
- Колку што можам да видам основот е очигледно рекламирање/спам. Може ли да ве замолам да ми посочите што од пишаната содржина алудира на тоа дека станува збор за експлицитно рекламирање/спам?(КББ:ОП8)
- Дали може да ми посочите што од текстот беше причина за идентификување на текстот како спам / експлицитно рекламирање?
- Дали да се обидувам да направам поинаков формат и содржина за иницијативата ВБУ Музички Регистар (иницијатива за акумулирање на податоци за музички изданија, автори и изведувачи) на Википедија или воопшто да не си го трошам времето?
- Ако страниците на пример за YouTube и Microsoft не се експлицитно рекламирање на компанија или производи/сервиси, а она што беше напишано за ВБУ Музички Регистар беше, тогаш нејзиното бришење е проценка на оној што ја уредува содржината. Ве молам посочете ми што во тој текст беше основ за бришење на целата содржина?
- Дали избришаната содржина е некаде зачувана, за да можам да ја видам повторно, да ја зачувам, евентуално коригирам во насока да не биде спам, односно експлицитно рекламирање.
Со почит,
Грег ван Авермет
Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 23:53, 12 август 2018 (CEST)
Бришење статии
Здраво. Во врска со бришењето статии, ќе те замолам да бидеш повнимателен. Си избришал две статии (едната е Леон Моро), кои со мала корекција се подобри одошто 50% од статиите на Википедија. На пример не се осврнувал на последната што си ја избришал (Небојша некој си), зошто стварно е мала, но Моро не е за бришење. Сите статии кои ги бришеш се од Клубовите, и да бидеме реални, да не се децата од Клубовите активноста на Википедија и бројот на нови статии ќе биде минимален. Деца се, и ако видат добра статија избришана, ќе се откажат и ќе останеме на Википедија само ние 5 души. Ако имаш желба за досредување повели :) Поздрав --Никола Стоіаноски 10:44, 22 август 2018 (CEST)
- Несомнено дека работиш и никој не спори тоа, и секако тоа е за почит. Но, да ти ја доловам сликата од другата страна (од страна на децата, како сфаќаат), џст ту лет ју ноу. Позз--Никола Стоіаноски 11:42, 22 август 2018 (CEST)
Цркви
Здраво. Овде Црква „Вознесение Христово“ - Мренога се работи за две цркви - средновековна и преродбенска. Текстот е за средновековната црква, а сликите се од преродбенската. Средновековната е оваа. Овде [1] има три слики на преродбенската и три на средновековната. Поздрави. --Мико (разговор) 15:02, 22 август 2018 (CEST)
- Кај нас се bg:Възнесение Господне (възрожденска църква в Мренога) и bg:Възнесение Господне (средновековна църква в Мренога) - за Википодатоци. --Мико (разговор) 10:34, 23 август 2018 (CEST)
Бостон
Која е причината за одбивање на новиот текст за Бостон? Zvioleta (разговор) 06:30, 4 септември 2018 (CEST)
Веќе две недели чекам да се одобрат неколку промени. Ова не наликува на Википедија. Ако вака навистина функционира системот, сфаќам зошто сеуште има мал број на луѓе кои допринесуваат тука - ова не е воопшто начин како да се привлечат нови корисници. На англиската страна можам без проблеми да правам промени без модераторство, а тука не можам да направам тривијални промени без да се чека недели за одобрување? Патем речено, допринесувам на (англиската) Википедија повеќе од 12 години (анонимно). Zvioleta (разговор) 04:48, 20 септември 2018 (CEST)
Маче за Вас!
Ви благодарам многу за поддршката.Колку што забележив сте ми ја средиле статијата и изгледа многу убаво.Јас сеуште се трудам да ги научам финесите се надевам ке ми помогнете околу тоа. Ви посакувам Убав и успешен работен ден.
Добредојде?
Почесен конзул е мој текст! Беше преместен без мое знаење, а сега не ми одобрувате ни измени. Сигурно не се ни запрашавте која ми била намерата. Одлично добредојде. Секоја ви чест.. AnthonyMacMartin (разговор) 22:03, 13 октомври 2018 (CEST)
- @AnthonyMacMartin: Направените промени не беа по ниедни стандарди. Имено се знае како се уредува на самата Википедија, а ти како нов корисник, најпрво треба да ги прочиташ страниците за први чекори, да започнеш уредување на страницата „Песок“ или пак на страници на твојот личен кориснички простор, а во меѓувреме и да прашаш и да замолиш некој од нас постарите уредници и администратори за помош или совети при уредувањата. Секое уредување е добредојдено, но се разбира дека тоа не го елиминира квалитетот кој тие промени треба да го имаат. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 23:17, 13 октомври 2018 (CEST)
- Уредував на српската во 2009, чешката во 2013, македонската во 2014 година и исто како до овој момент немав друго вакво слично негативно искуство и вакво омаловажување од било кој во било кој негов одговор. Ви персирам не затоа што сте администратор, туку затоа што така разговарам со лугето што лично не ги познавам. Можеби тоа е култура, воспитување или само професионален деформитет, сеедно... Немојте погрешно да ме разберете. Не ме навредува вашето обраќање што се однесува до тоа. Ме навредува тоа што од мене правите аматер кој не чита страници за "први чекори", не си игра во "песок", не ги моли "поискусните" за помош. Овој пат имав одлучено поактивно да се вклучам со уредувања и преводи и покрај тоа што имам многу кратко и ограничено слободно време за тоа. Направив единствен профил кој би го користел за сите Википедии, со една регистрирана е-маил адреса... На која од Википедиите ке бидам поактивен зависи само од однесувањето на нивните администратори... Бидете здрав и жив. AnthonyMacMartin (разговор) 00:39, 14 октомври 2018 (CEST)
- @AnthonyMacMartin: Убаво што си уредувал и во минатото. Слободно среди ја статијата за конзул (со поднаслови за „почесен конзул“) во најдобар можен стил, со извори, со уредени внатрешни врски, со фотографии од конзулати и конзули, а потоа продолжи и понатаму, па ете ќе ме поправиш дека сум те помешал со тоа дека си нов корисник. Во меѓувреме, изјави од типот „знаеш како сум уредувал во минатото и каде“ мене не ми се битни, бидејќи ги прегледувам денешните скорешни промени на нашата Википедија и се трудам квалитетот да биде најдобро што може. Ако тоа ти пречи, тогаш не знам што да кажам. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 17:27, 14 октомври 2018 (CEST)
- Уредував на српската во 2009, чешката во 2013, македонската во 2014 година и исто како до овој момент немав друго вакво слично негативно искуство и вакво омаловажување од било кој во било кој негов одговор. Ви персирам не затоа што сте администратор, туку затоа што така разговарам со лугето што лично не ги познавам. Можеби тоа е култура, воспитување или само професионален деформитет, сеедно... Немојте погрешно да ме разберете. Не ме навредува вашето обраќање што се однесува до тоа. Ме навредува тоа што од мене правите аматер кој не чита страници за "први чекори", не си игра во "песок", не ги моли "поискусните" за помош. Овој пат имав одлучено поактивно да се вклучам со уредувања и преводи и покрај тоа што имам многу кратко и ограничено слободно време за тоа. Направив единствен профил кој би го користел за сите Википедии, со една регистрирана е-маил адреса... На која од Википедиите ке бидам поактивен зависи само од однесувањето на нивните администратори... Бидете здрав и жив. AnthonyMacMartin (разговор) 00:39, 14 октомври 2018 (CEST)
Шаблон
Здраво. ОК нека среди, ако не успее нека врати сè назад. Уредувањата што ги правев не се поврзани со кооридинатите, туку додавање празно место за ознаки. Ова не треба да го чепка, зошто англиската веќе користи скрипта наместо стандарден шаблон како кај нас. Можеме и ние така. Поздрав и убави празници.--Никола Стоіаноски 12:20, 29 декември 2018 (CET)