Средна Река

река во Македонија

Средна Река (во долниот тек нарекувана и Прострањчица) — река во Македонија, извира од Илинска Планина. Реката поминува низ селото Прострање, поради што во долниот тек од селото па сѐ до нејзиното влевање во Беличка Река го носи името Прострањчица.

Средна Река
Прострањчица
Водопад на реката во горниот тек над селото Прострање
Местоположба
ДржаваМакедонија Македонија
Општина Кичево
СелоПрострање
Физички особености
Извор 
 • местоИлинска Планина
Устие 
 • место
Беличка Река
Особености на сливот
ТечениеБеличка РекаТрескаВардарЕгејско Море

Извор и тек

уреди

Извира високо на масивот Бигла, односно Илинска Планина (тука наречена Пространска Планина) од составувањето на неколку извори непосредно под врвот Ветерница и уште неколку помали изворчиња под соседните врвови Штирни Камен и Лиска, при што својот главен тек го започнува во шумовитиот предел на ридот Средно Брдо, поради што најверојатно го носи и името Средна Река, по кое што е позната во целото свое течение сѐ до селото Прострање.

Оттука течејќи во североисточен правец во својата долина има неколку помали водопади - слапови и неколку извори и чешми како светата вода Св. Петка, Гандиева Чешма, Ѓурчев Кладенец чии води се влеваат во неа, а во самото село Прострање ја прима единствената своја поголема лева притока, потокот Раброец.

Напуштајќи го селото Прострање веднаш под него течението на реката свртува кон северозапад и течејќи во проширена долина покрај магистралниот пат Кичево - Демир Хисар - Битола достигнува до селото Белица каде се соединува со Беличка Река кој потоа се влева во Бржданската која пак се влева во Треска.

Некаде на половина растојание помеѓу селата Прострање и Белица реката тече низ теснината (клисурата) Скакало, за која македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија запишал дека тоа е дол кој се нарекува Скакало и е со многу стрмно карпесто дно и со уште пострмни падини, при што името на тоа место е приложено на целиот дол, кој е познат под називот Скакалото, а поради тоа што реката подолу поминува крај с. Белица, таа се именува како Беличка Река.[1]

Околу еден час продолжение долот Скакало е тесен во дното и по него силно тече Беличката Река,[1] а поради силниот пад и многуте слапови на водата, најверојтно теснината и го носи името Скакало.

Над селото Прострање на реката постои стара воденица.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 185. ISBN 978-608-245-113-8.

Поврзано

уреди