Јордан Јаклески
Јордан Мицев Јаклески ( 1924 во Прострање, Кичевско — 1945 во Бајмoк, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Јордан Јаклески | ||
Роден | 1924 година Прострање, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 година Бајмок, Србија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиНеговото семејство се занимавало со земјоделство. Во НОВ на Македонија стапил во есента 1944 година во редовите на Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во завршните борби за ослободување на Западна Македонија, а потоа во состав на Петнаесеттиот корпус заминал на Сремскиот фронт, каде загинал во борба со Германците кај селото Бајмок во април 1945 година.[1]