Избрани статии во порталот:Шах се оние статии поврзани со шахот кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на страницата за разговор којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември

Гари Каспаров (роден во 1963) — руски шахист. Како млад се заинтересирал за шахот, а подоцна, по желба си ги сменил името и презимето за како што и самиот вели да звучи по руски.

Во 1976 година станал младински првак на Советскиот Сојуз во шах, а во 1980 под водство на Михаил Ботвиник станува младински светски првак. Во 1984 по 24 последователни реми партии против светскиот првак Анатолиј Карпов, мечот е одложен за наредната 1985 во која 22-годишниот млад талент станал најмлад светски првак во шах. Прочитајте повеќе


ноември

Мигел Најдорф (1910-1997) — полски и подоцна аргентиснки шаховски велемајстор со еврејско потекло, познат по „Најдорфовата варијанта“.

Мигел Најдорф бил ученик на Давид Пржепорка, а потоа и на Савели Тартаковер, кого често го нарекувал „мојот учител“. На почетокот на неговата кариера, во 1929, Најдорф го победил Глукберг во познатата партија позната како „Полска бесмртност“. Прочитајте повеќе


октомври

Светозар Глигориќ (1923-2012) — српски шаховски велемајстор, кој бил првак на СФР Југославија рекордни 12 пати.

Во 1950-тите и 1960-тите години, Глигориќ бил еден од најдобрите десет шахисти во светот. На Шаховската олимпијада 1950 во Дубровник го освоил златниот медал како член на репрезентацијата на Југослвија, во 1953 и 1959 година, учествувал на турнирот на кандидатите, а во 1968 година играл, но го загубил кандидатскиот меч против Михаил Таљ.

Автор е на повеќе дела, меѓу кои и на автобиографија, насловена Јас играм против фигурите. Прочитајте повеќе


септември

Бент Ларсен (1935-2010) — дански шаховски велемајстор, кој бил првак на Данска шест пати и кандидат за светски првак во четири наврати. Ларсен има победено на неколку силни турнири во својата кариера, како и на меѓузонските турнири во Амстердам во 1964, Сус во 1967 и во Бил во 1976 година. Во 1976 година бил одликуван со наградата Шаховски оскар.

Ларсен важи за најсилниот дански шахист на сите времиња и најсилен скандинавски до појавата на Магнус Карлсен. Од почетокот на 1970-тите, живеел најпрвин во Лас Палмас, а подоцна и до крајот на животот во Буенос Аирес. Прочитајте повеќе


август

Владимир Крамник (роден во 1975) — руски шаховски велемајстор. Тој бил класичен светски првак во шах од 2000 до 2006 и неоспорен светски првак од 2006 до 2007.

Во октомври 2000, тој го победил Гари Каспаров во мечот одигран во Лондон и стана класичен светски првак. Во 2004, Крамник успешно ја одбранил титулата против предизвикувачот Петар Леко во меч којшто заврши нерешено, а се одигра во Брисаго, Швајцарија.

Во октомври 2006, Крамник како класичниот светски првак го победил светскиот првак според ФИДЕ Веселин Топалов во меч за обединување на титулата. Како резултат на тоа, Крамник станал првиот неоспорен светски првак во шах, обединувајќи ги титулата според ФИДЕ и класичните титули, откако Каспаров и Шорт ја направил поделбата во 1993. Прочитајте повеќе


јули

Рихард Рети (1889-1929) — чехословачки шаховски велемајстор, автор, теоретичар, шаховски композитор и шаховски новинар.

Во својата кратка кариера, Рети е запаметен по победата над актуелниот светски првак Хосе Раул Капабланка на шаховскиот турнир во Њујорк во 1924 година, нанесувајќи му го првиот пораз на Капабланка по 8 години. Рети, исто така е познат и по своите студии на завршницата, а неколку негови композиции се неизбежен дел од современите шаховски учебници. Тој бил и еден од главните поддржувачи на хипермодернизмот во шахот.

Неговиот постар брат, Рудолф Рети бил познат музички аналитичар, композитор и пијанист. Прочитајте повеќе


јуни

Михаил Таљ (1936-1992) — советски и латвиски шахист, велемајстор, и осмиот светски првак во шах.

Го нарекувале и „Миша“ (деминутив од Михаил) и „волшебникот од Рига“ за неговиот извонреден комбинаторски стил на игра. Неговите партии, во најголем број се дел од најчитаните шаховски книги во светот.

Таљ ,исто така бил и познат шаховски автор. Многу критичари го сметаат за најдобриот шахист со напаѓачки стил на игра на сите времиња. Прочитајте повеќе


мај

Михаил Чигорин (1950-1908) — познат руски шахист и најдобриот руски шахист на преминот од 19. во 20 век.

Чигорин учествувал на многу силни турнири, на кои остварил забележителни резултати. Во 1889 и 1892 година, на двапати го предизвикал светскиот првак Вилхелм Штајниц, но и во двата меча загубил.

Тој бил активен и како шаховски теоретичар, за што сведочат и неколку варијанти во отворањата кои се именувани по него, меѓу кои најпозната е Чигориновата одбрана во Дамин гамбит. Прочитајте повеќе


април

Франсоа-Андре Даникан Филидор (1726-1795) — француски шахист и музички композитор. Тој се смета дека бил еден од најдобрите шахисти во негово време, но сепак во тоа време титулата „светски правак“ сè уште не постоела. Неговата книга Анализа на шаховската игра (француски: Analyse du jeu des Échecs) се сметала за стандардно шаховско помагало во следните 100 години.

За време на неговиот живот, не бил именуван со целото име, односно најчесто бил именуван како Андре Даникан Филидор. Прочитајте повеќе


март

Хосе Раул Капабланка (1888—1942) — кубански Шаховски велемајстор, шаховски автор и дипломат, кој бил третиот светски првак во шах.

Капабланка бил еден од најсилните шахисти во светот во периодот од 1910-тите до 1930-тите, победувајќи на многу турнири, а по победата во мечот против Емануел Ласкер во 1921 година станал светски првак. Во периодот на најголема слава се стекнал со прекарот „шаховска машина“, подеднакво добро играјќи ги партиите во фазите на средишницата и завршницата, практички без да направи грешка. На официјалните партии на високо ниво (по 1909 година), Капабланка добил 34 партии, а од 1916 до 1924 година останал непобеден. Прочитајте повеќе


февруари

Јоханес Цукерторт (1842-1888) — водечки германски шаховски мајстор со полско и еврејско потекло. Тој бил еден од водечките светски шахисти во периодот од 1870-тите и 1880-тите. Во 1886, загубил од Вилхелм Штајниц во мечот за светски првак, кој бил првиот официјален меч за светски првак.

Својот релативно краток живот, Цукерторт го исполнил и со низа други достигнувања, па така тој бил војник, музичар, лингвист, новинар и политички активист. Прочитајте повеќе


јануари

Александра Костенјук (родена во 1984) — руска шахистка, велемајстор и поранешна светска првенка во шах.

Нејзината шаховска кариера е исполнета со значајни шаховски достигнувања. Во 2001, на 17 години, таа беше финалист на женското светско првенство во шах, но загуби од Џу Чен. Три години подоцна, таа стана европска првенка, победувајќи на турнирот во Дрезден. Во 2005, таа победи на женското првенство во шах на Русија, кое се одржа во Самара, завршувајќи го тувнрот со резултат +7 =4 -0. Прочитајте повеќе


Архива на избрани биографии
2010
Магнус Карлсен · Михаил Чигорин · Мајкл Адамс · Рихард Рети · Светозар Глигориќ · Хосе Раул Капабланка · Василиј Иванчук · Зигберт Тараш · Елена Дембо · Бент Ларсен · Алексеј Троицки · Паул Рудолф фон Билгер
2009
Михаил Таљ · Владимир Крамник · Јудит Полгар · Мигел Најдорф · Роберт Хибнер · Арпад Ело · Акиба Рубинштајн · Александра Костенјук · Ашот Наданјан · Јоханес Цукерторт · Веселин Топалов · Франсоа-Андре Даникан Филидор
2008
Макс Еве · Пол Морфи · Гари Каспаров · Вишванатан Ананд · Маја Чибурданидзе