Избрани статии во порталот:Шах се оние статии поврзани со шахот кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на страницата за разговор којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември

Паул Рудолф фон Билгер (1815 — 1840) — германски шахист, познат како изумитеол на идејата за создавање на делото, „Handbuch des Schachspiels“, коешто денес се смета за класика на шаховската литература.

Потекнувал од благородничко семејство. Бил запишан на воената академија во Берлин, бил член на Берлинската шаховска заедница, а подоцна и еден од „Берлинските плејади“. Воодушевувал со способноста да игра шах на слепо. Собирал шаховски материјали, а ја проучувал и теоријата на шаховските отворања. Се разболел од туберкулоза, од што починал на 24-годишна возраст. Прочитајте повеќе


ноември

Алексеј Троицки (1866 — 1942) — руски шаховски композитор, теоретичар и автор, кој се смета за основоположник на современата уметност на компонирањето на шаховски композиции.

Троицки се родил во Санкт Петербург, а по професија бил шумар. Се посветил на анализата на различните завршници и создавањето на композиции со истата содржина. Особено е значаен по анализата на завршницата со крал и два коња против крал и пешак, при што како плод на неговиот труд, денес теоретска единица од односната анализа, во негова чест, е наречена Троицкиева линија. Прочитајте повеќе


октомври

Бент Ларсен (1935 — 2010) — дански шаховски велемајстор, кој бил првак на Данска шест пати и кандидат за светски првак во четири наврати. Ларсен има победено на неколку силни турнири во својата кариера, како и на меѓузонските турнири во Амстердам во 1964, Сус во 1967 и во Бил во 1976 година. Во 1976 година, бил одликуван со наградата, Шаховски оскар.

Ларсен важи за најсилниот дански шахист на сите времиња и најсилен скандинавски до појавата на Магнус Карлсен. Од почетокот на 1970-тите, живеел најпрвин во Лас Палмас, а подоцна и до крајот на животот во Буенос Аирес. Прочитајте повеќе


септември

Елена Дембо (р. 1983) — руска шахистка која има настапувано за Израел, Унгарија и Грција.

Научила да игра шах на тригодишна возраст, на 17 години станала женски велемајстор, а на 19 меѓународен мајстор. Најголемите успеси ги има постигнато на континенталните и светските натпревари во различни категории, на кои има освоено вкупно 8 медали.

Освен како шахистка, Елена Дембо е и познат шаховски тренер и автор. Прочитајте повеќе


август

Зигберт Тараш (1862 — 1934) — германски шаховски велемајстор, кој се смета за еден од најсилните шахисти на крајот од 19. и почетокот од 20. век. По професија бил лекар.

Веќе на крајот од 1880-тите го вбројувале меѓу најдобрите шахисти во светот. Во тој период, развојот на неговата кариера бил попречен од неговата професија, па бил принуден да ја одбие поканата да го предизвика светскиот првак, Вилхелм Штајниц, во меч за светски првак. Долго време потоа, не можел да игра за титулата, кога конечно во 1908 година го предизвикал Емануел Ласкер, но загубил. Победил на бројни силни шаховски турнири, поради што го нарекле „турнирски светски првак“. Во 1914 година, бил еден од петте шахисти, кои официјално станале првите шаховски велемајстори. Прочитајте повеќе


јули

Василиј Михајлович Иванчук (р. 1969) — советски и украински шаховски велемајстор светски првак во забрзан шах во 2016 година.

Иванчук се вбројува меѓу најдобрите шахисти во светот уште од 1988 година, кога на листата според Ело рејтингот го зазел второто место, но досега во ниту еден наврат не бил светски првак.

Во 2002 година, Иванчук играше меч за светски првак, во кој загуби од сонародникот Руслан Пономариов, а од 2007 до 2008 беше светски првак во брзопотезен шах. Освојувач е и на два златни медали во конкуренција на шаховските олимпијади во 1990 и во 2004 година. Истата 2004 година, Иванчук го освои златниот медал на поединечното европско првенство. Прочитајте повеќе


јуни

Хосе Раул Капабланка (1888 — 1942) — кубански Шаховски велемајстор, шаховски автор и дипломат, кој бил третиот светски првак во шах.

Капабланка бил еден од најсилните шахисти во светот во периодот од 1910-тите до 1930-тите, победувајќи на многу турнири, а по победата во мечот против Емануел Ласкер во 1921 година станал светски првак. Во периодот на најголема слава се стекнал со прекарот „шаховска машина“, подеднакво добро играјќи ги партиите во фазите на средишницата и завршницата, практички без да направи грешка. На официјалните партии на високо ниво (по 1909 година), Капабланка добил 34 партии, а од 1916 до 1924 година останал непобеден. Прочитајте повеќе


мај

Светозар Глигориќ (1923 — 2012) — српски шаховски велемајстор, кој бил првак на СФР Југославија рекордни 12 пати.

Во 1950-тите и 1960-тите години, Глигориќ бил еден од најдобрите десет шахисти во светот. На Шаховската олимпијада 1950 во Дубровник го освоил златниот медал како член на репрезентацијата на Југослвија, во 1953 и 1959 година, учествувал на турнирот на кандидатите, а во 1968 година играл, но го загубил кандидатскиот меч против Михаил Таљ.

Автор е на повеќе дела, меѓу кои и на автобиографија, насловена Јас играм против фигурите. Прочитајте повеќе


април

Рихард Рети (1889 — 1929) — чехословачки шаховски велемајстор, автор, теоретичар, шаховски композитор и шаховски новинар.

Во својата кратка кариера, Рети е запаметен по победата над актуелниот светски првак Хосе Раул Капабланка на шаховскиот турнир во Њујорк во 1924 година, нанесувајќи му го првиот пораз на Капабланка по 8 години. Рети, исто така е познат и по своите студии на завршницата, а неколку негови композиции се неизбежен дел од современите шаховски учебници. Тој бил и еден од главните поддржувачи на хипермодернизмот во шахот.

Неговиот постар брат, Рудолф Рети бил познат музички аналитичар, композитор и пијанист. Прочитајте повеќе


март

Мајкл Адамс (р. 1971) — англиски шаховски велемајстор. Највисокиот ранг досега го постигнал во периодот од октомври 2002 до окотмври 2002, кога неколку пати бил 4. шахист во светот според рејтинг листата на ФИДЕ, а неговиот највисок рејтинг изнесува 2761 поен на рејтинг-листата на ФИДЕ објавена во септември 2013 година.

Во текот на 1990-тите, Адамс оствари ззабележителни резултати на турнирите на кандидатите за светски првак во шах. Така, во 1997, 1999 и 2000 година, тој учествуваше во полуфиналето. Во 2004 година, тој играше во мечот за светски првак според ФИДЕ против Рустам Касимџанов, но загуби. Прочитајте повеќе


февруари

Михаил Чигорин (1950 — 1908) — познат руски шахист и најдобриот руски шахист на преминот од 19. во 20 век.

Чигорин учествувал на многу силни турнири, на кои остварил забележителни резултати. Во 1889 и 1892 година, на двапати го предизвикал светскиот првак Вилхелм Штајниц, но и во двата меча загубил.

Тој бил активен и како шаховски теоретичар, за што сведочат и неколку варијанти во отворањата кои се именувани по него, меѓу кои најпозната е Чигориновата одбрана во Дамин гамбит. Прочитајте повеќе


јануари

Магнус Карлсен (р. 1990) — норвешки шаховски велемајстор и тековен светски првак во шах.

На 26 април 2004, Карлсен стана велемајстор на 13 години и 148 дена, со што стана третиот најмлад шахист кој го постигнал тоа. Истата година, тој стана најмладиот светски првак во брзопотезен шах. На 1 јануари 2010, на новообјавената ранг листа според ФИДЕ, на возраст од 19 години и 32 дена, Магнус стана најмладиот шахист, кој бил светски број еден според ФИДЕ, со рејтинг од 2810 поени. Прочитајте повеќе


Архива на избрани биографии
2010
Магнус Карлсен · Михаил Чигорин · Мајкл Адамс · Рихард Рети · Светозар Глигориќ · Хосе Раул Капабланка · Василиј Иванчук · Зигберт Тараш · Елена Дембо · Бент Ларсен · Алексеј Троицки · Паул Рудолф фон Билгер
2009
Михаил Таљ · Владимир Крамник · Јудит Полгар · Мигел Најдорф · Роберт Хибнер · Арпад Ело · Акиба Рубинштајн · Александра Костенјук · Ашот Наданјан · Јоханес Цукерторт · Веселин Топалов · Франсоа-Андре Даникан Филидор
2008
Макс Еве · Пол Морфи · Гари Каспаров · Вишванатан Ананд · Маја Чибурданидзе