Александра Костенјук
Александра Константиновна Костенјук (рус. Александра Константиновна Костенюк, р. 23 април 1984 во Перм) е руска шахистка, велемајстор и поранешна светска првенка во шах.
Александра Костенјук | |
---|---|
![]() | |
Целосно име | Александра Константиновна Костенјук |
Земја | ![]() |
Роден | 23 април 1984 Перм, Руска СФСР, СССР |
Титула | велемајстор (2004) |
Светски првак | 2008-2010 (женска конкуренција) |
ФИДЕ-рејтинг | 2533 (јули 2014) |
Најв. рејтинг | 2540 (април 2006) |
Шаховска кариераУреди
Александра научила да игра шах на 5 години, а нејзин учител бил нејзиниот татко. Таа има помлада сестра Оксана, која е женски ФИДЕ мајстор.
Нејзината шаховска кариера е исполнета со значајни шаховски достигнувања. Во 2001, на 17 години, таа беше финалист на женското светско првенство во шах, но загуби од Џу Чен. Три години подоцна, таа стана европска првенка, победувајќи на турнирот во Дрезден. Во 2005, таа победи на женското првенство во шах на Русија, кое се одржа во Самара, завршувајќи го тувнрот со резултат +7 =4 -0. Во август 2006, Александра стана првата светска првенка во случаен шах, победувајќи ја најдобрата германска шахистка Елизабет Пец со 5.5-2.5. Во 2008, таа успешно ја одбрани титулата, победувајќи ја Катерина Лано со 2.5-1.5.[1] Но, сепак најголемиот свој успех, Костенјук го постигна во 2008, кога победувајќи го кинеското „чудо од дете“ Хоу Јифан со 2.5-1.5 стана светска првенка во шах.
Во ноември 2004, Костенјук стана велемајстор, со што стана десеттата жена која ја добила оваа титула. Пред тоа, таа ги имаше титулите женски велемајстор и меѓународен мајстор. Во април 2006, таа го достигна највисокиот рејтинг во кариерата, од 2540.
Двете изреки на Костенјук се „шахот е кул“ и „убавината и интелигенцијата одат заедно“. Со ова, Костенјук го промовира шахот со капацитет на модна убавица и амбасадор на шахот во светот.[2]
Таа исто така е сопственик на популарната подкастинг податотека „Шахот е кул“, која на читателите им дава информации за сите новости во нејзиниот живот и сите шаховски достигнувања.
Личен животУреди
Костенјук е омажена за Швајцарецот Диего Гарсес, кој е од колумбиско потекло и е 25 години постар од неа.[3] На 22 април 2007, Александра роди ќерка, Франческа Марија. Франческа се роди 2,5 месеци порано, но по осумнеделното лекување од болница, успешно беше пуштена.
Александра и нејзиниот сопруг живеат во предградието на Мајами Ки Бискејн. Таа е споредувана со нејзината сонародничка, тенисерката Ана Курникова, што неа лично не и се допаѓа. Александра и нејзиниот сопруг Диего, се исто така блиски и со шаховската куќа на славните во западен Кендал, каде таа е вистинска ѕвезда.[4]
Официјалното мрежно место на Александра Костенјук е одржувано од страна на нејзиниот сопруг и ги содржи сите шаховски настани, на кои таа учествува и ги нуди сите информации поврзани со неа.
Антологиски шаховски партииУреди
Шаховско творештвоУреди
- Kosteniuk, Alexandra (2001). How I became a grandmaster at age 14. Moscow. ISBN 5-8293-0043-5.
- Как стать гроссмейстером в 14 лет. Moscow, 2001. 202, [2] с., [16] л. ил. ISBN 5-89069-053-1.
- Как научить шахматам : дошкольный шахматный учебник / Александра Костенюк, Наталия Костенюк. Moscow : Russian Chess House, 2008. 142 с ISBN 978-5-94693-085-7.
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
„Александра Костенјук“ на Ризницата ? |
- Орфицијално мрежно место
- Интервју со велемајсторот Александра Костенјук на мрежното место LatestChess Архивирано на 6 мај 2008 г.
- Фотографии на Костенјук
- Александра Костенјук — профил и партии на ChessGames.com (англиски)
- Костенјук опобеди на светското првенство во брзопотезен шах Архивирано на 24 јануари 2015 г.
- ChessBase: Александра Костенјук е светска првенка во шах
- Прогласувањето на Александра Костенјук во светска првенка во шах Архивирано на 18 октомври 2017 г.
- Шаховски подароци на Александра Костенјук
Претходник Сју Јухуа |
Светска првенка во шах 2008 - 2010 |
Наследник Хоу Јифан |