Маја Чибурданиѕе

(Пренасочено од Маја Чибурданидзе)

Маја Чибурданидзе (родена на 17 јануари 1961) е поранешна советска и моментно грузиска шахистка, велемајстор и седмата (и најмлада) жена светски првак во шах. Таа е единствениот шахист во историја со победи на 9 шаховски олимпијади.

Маја Чибурданидзе

Во октомври 2008, според ФИДЕ, рејтингот на Чибурданидзе изнесуваше 2489, со што беше 18. најдобра шахистка во светот.[1]

Рани години

уреди

Маја Чибуирданидзе е родена во Кутаиси, Грузиска ССР, СССР и започнала да игра шах на возраст, од околу 8 години. Во 1976, станала младински женски шампион на СССР, а една година подоцна и сениорски женски шампион. Во 1977 станала меѓународен женски велемајстор.

Таа победила на својот прв меѓународен турнир во Брашов во 1974, на само 13 години, а потоа победила и на друг турнир, одигран во Тбилиси во 1975, пред да стане светски првак во 1976 и 1977.

Нејзиниот стил на игра е одличен, но агресивен, со основа на класичните принципи, што може да се очекува од шахист, кој во почетокот на својата кариера бил трениран од познатиот советски тренер Едвард Гуфелд.

Светски првак во женска конкуренција (1978-91)

уреди

Чибурданидзе покажала де ка е сериозен кандидат за светски првак, завршувајќи втора на женскиот меѓународен турнир одржан во Тбилиси во 1976, а со тоа квалификувајќи се за кандидатските натпревари во 1977. Таа ги изненадила сите на својот пат до финалниот меч, во кој ја победила Ала Кушнир со 7½-6½, со што си обезбедила меч за светски првак, во Пицунда, Грузија, против Нона Гаприндашвили.

Чибурданидзе победила во мечот за светски првак, со 8½-6½ и го шокирала целиот женски шаховски свет.

Таа докажала деак е сериозен првак, и покрај нејзината младост, и во 4 наврати успеала да ја одбрани титулата:

Во 1981, одиграла нерешено 8-8, во мечот против Нана Александрија, којн се одржал во Борјоми/Тбилиси, но ја задржала титулата.

Во 1984, ја победила Ирина Левитина во мечот одигран во Волгоград, со резултат 8-5.

Следниот предизвик дошол од Елена Акмиловскаја во 1986, но Чибурданидзе поббедила во мечот одигран во Софија со 8½-5½.

Во 1988, таа повторно ја задржала титулата, победувајќи во мечот одигран во Телави, Грузија против Нана Јосилеани со 8½-7½. Маја Чибурданидзе станала велемајстор во 1984.[2][3] Со тоа, таа станала само втората жена, по Гаприндашвили, која станала велемајстор.

Подоцнежна кариера

уреди

Во 1990-тите, вистинска закана за Маја Чибуирданидзе претстљавувале шахистките од далечниот исток. Сјие Џин од Кина ја предизвикала Чибуданидзе, и во мечот одигран во февруари 1991 во Манила, ја победила светската шампионка со 8½-6½, со што и ја одземала титулата и ја прекинала грузиската доминација. Нејзиното владеење како светски првак во женска конкуренција, деолго 13 години е трето најдолго во историјата, зад она на Вера Менчик, која била светски првак 17 години (1927-1944), и Нона Гаприндашвили 16 (1962-1978).

Маја се обиде да јаврати титулата, но со силните кинески шахистки и подобрувањето на сестрите Полгар, нејзината цел беше отежната, па во вакви околности, нејзиниот најдобар резултат беше првото место на турнирот на кандидатките, одигран во Тилбург во 1994. И покрај тоа, таа го загуби плејоф мечот против Жужа Полгар со резултат 5½-1½. Во 2001, таа се пласираше во полуфиналето од турнирот за светски првак, но загуби од Џу Чен од Кина, која ја освои титулата. Во 2004, повторно се пласираше во полуфиналето, но загуби од Антоанета Стефанова, која ја освои титулата.

Останати достигнувања

уреди

Маја Чибурданидзе, како и многу други врвни шахистки, со својата импресивна игра, има играно и со мажи.[4] Таа има играно на голем број на мшки турнири, на кои својата најдобра форма ја има постигнато во 1980-тите и раните 1990-ти. Таа победила на турнирите во Њу Делхи (1984) и во Бања Лука (1985), а наредната декада на турнирите одиграни во Белград (1992), Виена (1993) и во Липштад (1995).

Таа била и клучен играч во женската шаховска репрезентација на Советскиот Сојуз, којашто доминирала во текот на 1980-тите, а по распадот на Советскиот СОјуз, и на женската шаховска репрезентација на Грузија, со која има освоено 4 златни медали. На олимпијадите во 1992, 1994, 1996 и 2008.

Таа исто така беше дел и од репрезентацијата на Грузија, на европското тимско првенство во 1997, кога Грузија го освои златниот медал, а исто така и дел од првиот интерконтинентален меч помеѓу Европа и Азија во брзопотезен шах, одигран во Батуми во септември 2001. Азија го доби женскиот меч со резултат 21½-10½, во кој Маја даде придонес од 3½ бодови.. На Шаховската олимпијада - 2008, одржана во дрезден, Маја играше на првата табла за репрезентацијата на Грузија, која го освои златниот медал, а таа исто така освои злато и во поединечна конкуренција, со оценет рејтинг од 2715.

Друго

уреди

Во чест на Маја Чибурданидзе се издадени и неколку поштенски мартки, како награда за нејзините шаховски достигнувања. Монголија издаде комеморативна поштенска марка во 1986, која илустрира позиција од една од мејзините партии против Ирина Левитина, во мечот за светски првак во женска конкуренција во 1984.

Маја Чибурданидзе е една од неколкуте жени, која во земја, која е постојано при врвот во светскиот шах, има постигнато многу за зголемувањето на популарноста на играта. Таа, како и другите познати шахисти во Грузија е популарна како филмска ѕвезда.

Наводи

уреди
  1. Топ 50 жени, FIDE онлајн
  2. Маја Чибурданиѕе — профил и партии на ChessGames.com (англиски)
  3. Галџ, Џереми (1987), Шаховска персоналија, библиографија, McFarland & Company, стр. 70, ISBN 0-7864-2353-6
  4. Посетата на Чибурданидзе на САД, за време на Перестројката, од Венди Старбук на chessdryad.com

Надворешни врски

уреди