Елена Дембо
Елена Владимировна Дембо (родена на 8 декември 1983 во Пенза) е руска шахистка, која настапува за Грција, а во минатото има настапувано за Израел и Унгарија.
Елена Дембо | |
---|---|
Елена Дембо на европското првенство во Ираклион во 2007 година | |
Целосно име | Елена Владимировна Дембо |
Земја | Израел Унгарија Грција |
Роден | 8 декември 1983 Пенза, Руска СФСР, СССР |
Титула | меѓународен мајстор (2002) женски велемајстор (2000) |
ФИДЕ-рејтинг | 2448 (ноември 2013) |
Најв. рејтинг | 2482 (септември 2009) |
На седумнаесетгодишна возраст, Дембо станала женски велемајстор, а на 19 години меѓународен мајстор. Најголемите успеси ги има постигнато на континенталните и светските натпревари во различни категории, на кои има освоено вкупно 8 медали, меѓу кои и златниот медал на европското првенство во брзопотезен шах за шахистки до 20 години во 2002 година и бронзениот медал на поединечното европско првенство во женска конкуренција, кое во 2005 година.
Освен како шахистка, Елена Дембо е и познат шаховски тренер и автор.
Животопис
уредиЕлена Дембо е родена во Пенза во семејство на пијанист и јазичарка. Нејзината мајка, Наталија Фокина, работи и како шаховски тренер и шаховски новинар, а има освоено и сребрен медал на шаховското првенството на Советскиот Сојуз, во 1967 година била првенка на Русија до 20 години, а на шаховската олимпијада во Манила во 1992 година настапувала за Израел. Нејзиниот татко, Владимир Дембо, дипломирал на Ленинградската музичка академија, а работи и како шаховски тренер, шаховски новинар и психолог.
Елена научила да чита кога имала само две и пол години, а на тригодишна возраст ги научила шаховските правила. На седум години, нејзиното семејство се преселило во Тел Авив, а кога имала 14 години се преселила во Будимпешта. Во 2003 година, Елена се пресели во Атина, каде што на 12 мај 2004 година се омажи за ФИДЕ мајсторот, Сотирос Логотетис (р.1974).
Шах
уредиШаховска кариера
уредиНа возраст од 3 години и 9 месеци, Дембо учествувала на првиот шаховски турнир, а веќе со 4 години и 1 месец ги исполнила условите на четвртата советска шаховска категорија. Во 2002 година, таа стана европска прванка во брзопотезен шах до 20 години, победувајќи на првснетвото во Нови Сад а во јуни 2003 година победи на шаховското првенство на Унгарија, кое се одржа во Будимпешта. Во септември 2003, Елена учествуваше на турнирот „Акрополис“ во Атина, на којшто заврши на делба на првото место. Во декември 2004, таа победи на вториот меморијален турнир во чест на Елисавета Бикова, кој се одржа во Владимир. На поединечното европско првенство, кое во јуни 2005 се одржа во Кишинев, таа го освои бронзениот медал во женска конкуренција. На средоземниот турнир, кој во 2007 година се одржа во Кан, Елена победи во конкуренција на жени.
Како членка на втората женска шаховска репрезентација на Унгарија до 18 години, Дембо го освои петтото место во тимска конкуренција на европското првенство во Балатонлел во 2000 година. На првенството, таа оствари резултат 5/7, што беше доволно за поединечниот бронзен медал на прва табла. На европското првенство во истата категорија, кое во 2001 исто така се одржа покрај Балатон, таа играше повторно на прва табла, но овој пат за првата репрезентација на Унгарија, со која таа го освои сребрениот медал, а сребро освои и во поединечна конкуренција на прва табла, освојувајќи 4 бода од 5 одиграни партии. На европското првенство во 2003, ко се одржа во Пловдив, Елена го освои сребрениот медал со женската репрезентација на Унгарија.
Елена Дембо има играно за бројни шаховски клубови од Израел, Хрватска, Унгарија, Германија, Велика Британија, поранешна СР Југославија, Грција, Турција и Романија. Во Германија, таа има играно во женската шаховска бундеслига и во втората лига во западниот дел во машка конкуренција. Во Велика Британија, Елена има учествувано во шаховската лига на четирите нации, додека во поранешна СР Југославија има настапувано за клубот Рад од Белград, а во Турција и Романија за клубовите Бешикташ, односно Котнери-Политехника. Има добиено покана да игра и во Австрија за шаховскиот клуб Фесендорф.
Првата норма за меѓународен мајстор, Елена ја постигна во Будимпешта. Во 1999, на петнаесетгодишна возраст, таа ја постигна и втората норма, повторно играјќи во Будимпешта.[1] Во 2001 година, на 17 години, Елена Дембо стана женски велемајстор.[2] На 19 години, таа стана меѓународен мајстор. Во јуни 2005, на европскот првенство во Кишинев, Дембо ја постигна првата велемајсторска норма, а на турнирот во чест на Клаус Јунге во Хамбург, втората. Моментно, Дембо е убедливо водечка шахистка во Грција, чијшто најголем рејтинг изнесуваше 2482 бода во септември 2009.[3] Највисокс место на женската рејтинг-листа според ФИДЕ, Елена ја зазеде на листата објавена во јули 2006, кога се најде на 15. место.[4]
Шаховски тренер
уредиНајголем дел од своет време, Дембо работи како шаховски тренер. Нејзините родители отвориле шаховска академија, во која шах изулуваат стотици заинтересирани од повеќе од 30 земји. Рангот на некои шахисти во академијата надминува Ело рејтинг од 2500 бода.
Шаховски автор
уредиКако автор на шаховска литература, Дембо во своите дела ги проучува елементите на шаховската борба и соодветните фази од партијата во кои тие се клучни. Нејзината прва книга, Многу необична книга за шахот (ISBN 960-630-606-2)е издадена во Атина во 2005 година и е посветена на средишницата и содржи неколку интересни методи на игра во оваа фаза од партијата, објаснети преку партиите на врвните шахисти. Нејзината втора книга, Разговор со професионалниот тренер - Методи на положбена игра беше издадена во Атина во 2006 година. Последните две книги, Играјте ја Гринфелдовата одбрана (ISBN 1-85744-521-X) и Борба против противкралските индиски варијанти: Како да се справите со лукавите начини на белиот да ги избегне главните линии (ISBN 1-85744-575-9) се издадени од издавачката куќа Everyman Chess во Лондон во 2007, односно 2008 година.
Наводи
уреди- ↑ First Saturday Turniere Mai 1999
- ↑ Willy Iclicki: FIDE Golden book 1924-2002, Euroadria, Slovenia, 2002, стр. 86
- ↑ ФИДЕ: Rating Progress Chart Dembo, Yelena (GRE)
- ↑ ФИДЕ: Top 50 Women July 2006 - Archive
Надворешни врски
уреди- Елена Дембо — профил и партии на ChessGames.com (англиски)
- Елена Дембо, OlimpBase
- Елена Дембо на 365chess.com
- Официјално мрежно место
- Интервју со Елена Дембо Архивирано на 18 октомври 2021 г., LatestChess, 2008