Клење

село во Голо Брдо, Албанија

Клење (албански: Klenjë или Klenja) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци од мешана вероисповед и развиена национална свест.

Клење
Klenjë
село
Клење is located in Албанија
Клење
Клење
Координати: 41°22′04″N 20°28′11″E / 41.36778° СГШ; 20.46972° ИГД / 41.36778; 20.46972
Земја Албанија
ОбластДебар
ОпштинаБулчица
Општ. един.Требишта
Надм. вис.&100000000000012100000001.210 м
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.BZ
Православна девојка од Клење грабната од Турци и спасена од чета на ВМРО.

Географија уреди

Клење е село во македонската област Голо Брдо. Лежи во северозападните пазуви на планината Радуч, по чиј срт минува државната граница, на околу 5 км југоисточно од селото по воздушна линија. Јужно од селото минува рекичката Кленски Дол кој продолжува југозападно кон Борово, каде го добива името Боровски Дол.

Историја уреди

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Клење (Cléné) било село со 100 домаќинства со 196 жители Македонци-христијани и 120 жители Македонци-муслимани.[1][2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Клење (Кленье) живееле 240 Македонци-христијани и 230 Македонци-муслимани.[1][3] Второспоменатите биле во процес на албанизација:

Жителите на селата Острени (Големо и Мало), Трново (Големо и Мало), Клење, Летен, Џепишта, Ербеле, Обоки, Макелари и др. претпочитат да се изјаснуваат како Арнаути и да зборуваат арнаутски.[4]

По податоци на Бугарската егзархија на крајот од XIX век во Клење (Кленье) имало 40 православни куќи сочинети од 286 Македонци. На почетокот на XX век во селото се наметнала бугарската пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Клење (Клене) имало 632 Македонци под егзархијата и во селото работело бугарско училиште.[1][5]

На 24 мај 1909 г. разбојничка чета предводена од Синан Веш приграбила 1.100 овци од Клење.[6]

Во 1910 г. во селото се наметнала и српската пропаганда. Српскиот митрополит Варнава Дебарски (подоцна патријарх) успеал да ги придобие на своја страна Васил Младенов Пљаушки, свештеникот Спасе Иванов Бушкоски, кој одамна имал србомански погледи и месниот учител Илија Нелков кој завршил основно образование во бугарското училиште во Солун; со нивна поддршка, во селото е отворено српско училиште.[7] Во другите голобрдски села пропагандата била неуспешна.[8]

Во весникот „Дебарски глас“ од 1911 г. се вели:

Селото Клење е седиште на мудур (управник). Сочинето е од Македонци-христијани и Торбеши и претставува центар на областа Голо Брдо.[1][9]

Според статистика на „Дебарски глас“ во 1911 г. во Клење (Кление) имало 56 македонски куќи под Бугарската егзархија и 6 куќи под Цариградската патријаршија, т.е. српската црква (1 од 1903 и 5 од 1910 г.), како и 82 торбешки куќи.[1][10] Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Клење имало 40 македонски куќи со 286 жители, и во него работеле црква и училиште.[1][11]

По Првата балканска војна селото влегло во состав на Албанија. Поради албанските немири од септември 1913 г. во Македонија пребегале 50 куќи, кои заедно со други бегалци од Албанија се сместени во селата Бомово, Коњари и Селокуќи. Српската бојска запалила 20 македонски куќи, сите турски и убиле двајца Македонци во Клење.[12]

Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Клење (Кленйе) се води како село со 80 куќи, од кои дел се православни Македонци, а дел се торбешки.[13]

Во 1964 г. во Клење имало бугарска црква со свешеник Тодор Христов.

Сè до 2015 г. селото било во состав на тогашната Општина Требишта.

Родови уреди

Клење е македонско село.

Како православни родови од ова село се спомнуваат: Ниновци, Мазниковци, Пљаушковци, Мирчевци, Будиновци, Филоќовци, Огненовци, Бошковци (Бушковци),

Како муслимански родови во селото се спомнуваат: Касовци, Ниновци (гранка од православниот род) и Димовци.[14]

Знаменитости уреди

Иселеништво уреди

Православни иселеници од ова село има во кичевските села Попоец, Кленоец, Малкоец и Подвис. Потоа во струшките села Лакаица, Брчево (Милошевци или Кленковци), Лабуништа (Пајковци), Луково (Долчевци), Јабланица (Марковци или Терзијовци и Цаповци), во битолското село Жабени (Гавриловци и Неделкоски).

Од муслиманите иселеници има во струшките села Бороец (Црневци или Кленковци), Подгорци (Исаковци, Агушовци и Муслиовци), Корошишта (Алут), потоа во дебарското село Коњари (Зенга и Бајре).

Личности уреди

  • Мирче Г. Радевски (1882 – ?) — ѕидар и учесник во Балканските војни[15]
  • Цветан Мазнику, т.е. Мазниковски (1938 – 2015) — деец на Македонците во Албанија, прв претседател на Македонската заедница

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172 – 173.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 261. ISBN 954430424X.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 90. ISBN 954430424X.
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, p.152 – 153.
  6. Трайчев, Георги. Книга за мияците (Историко-географски очерк), София, 1941, с. 71.
  7. Дебърски глас, година 2, брой 30, 6 февруари 1911, стр. 2.
  8. Дебърски глас, година 2, брой 29, 30 януари 1911, стр. 2 – 3.
  9. Дебърски глас, година 2, брой 29, 30 януари 1911, стр. 2.
  10. Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.
  11. Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15 – 31 юли 1929 година, стр. 213.
  12. Извештај на Трпе Поповски и Павел Христов од 18 јануари 1914 г.
  13. Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
  14. . Филиповиќ, Миленко. Голо Брдо. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  15. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 589.