Левко Стојаноски
Левко Ванчов Стојаноски ( 1920 во Попоец, Кичевско — 1 октомври 1943 во Буковиќ (планина), Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Левко Стојаноски | ||
Роден | 1920 година Попоец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 1 октомври, 1943 година Буковиќ (планина), Кичевско, Македонија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од селско сиромашно семејство кое се занимавало со земјоделие. Не можејќи да ја поднесе окупаторската власт, се определил за борба против фашистичкиот окупатор. Како младинец, преку воспитните групи од селото станал член на СКОЈ. Активно го помагал народно ослободителното движење во текот на 1942 година, а во летото 1943 година заминал партизан во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Во септември 1943 година, од слободно Кичево, заедно со комесарот Мирко Милески, заминал да ја брани слободната територија на Буковиќ каде загинал во борбата со германците и балистите на 1 октомври 1943 година.[1]