Тривко Павлески
Тривко Ристов Павлески ( 1922 во Попоец, Кичевско — 2 октомври 1943 во близина на Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Тривко Павлески | ||
Роден | 1922 година Попоец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 2 октомври, 1943 година Кичево, Македонија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од селско сиромашно семејство кое се занимавало со земјоделство. Окупацијата на Македонија го затекнала во своето село. Согледувајќи ги намерите на окупаторот, се определил за борба и како напреден младинец почнал соработка во воспитните групи. Активно помагал во позадината, а од летото 1943 година заминал партизан во Групата Баталјони. Од слободно Кичево, во септември 1943 година, заедно со својот соселанец и другар, Мирко Милески, заминал на Буковиќ да ја брани слободната територија. По борбата на превојот Буковиќ, повлекувајќи се и држејќи отстапница, загинал на 2 октомври во близината на Кичево.[1]