Статијата за Борис Алексовски - Карче, може да ја прочитате на нејзината страница.

Борис Алексоски
Роден 1919 година
Попоец, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1943 година
Тетово, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонец

Борис Ванчев Алексоски ( 1919 во Попоец, Кичевско1943 во Тетово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Споменик од НОБ, на кој е испишано името на Борис Алексоски

Животопис

уреди

Бидејќи произлегол од селско бедно семејство, бил принуден да оди на печалба во Белград каде работел како пекарски работник. Со капитулацијата на Стара Југославија, се вратил во своето село, каде се определил за борба против окупаторот. Активно го помагал ослободителното движење, со храна, облека и пренесувал илегални материјали. При една таква задача, кон крајот на 1942 година, бил фатен од италијанските власти и однесен во Тетовскиот затвор, а во летото 1943 година бил убиен при обид да избега од затворот. [1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 36.