Дола Алексоска ( 1908 во Попоец1973 во Попоец) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

уреди

Учествувала во заднината на народноослободителното движење во селото од пролетта 1942 година и била близок соработник на нејзиниот син, единец, Трифко Алексоски, кој бил убиен есента 1943 година од балистите меѓу Тетово и Гостивар. Таа и по губењето на својот син останала достоен борец на НОВ на Македонија. Изнаоѓала илегални станови и била врска меѓу илегалците кои престојувале во селото. Водела симпатизерска група на жени и со неа собирала народна помош.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 971.