Василе Трпески
Василе Ладомиров Трпески ( 1912 во Попоец, Кичевско — 1943 во Бериково, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Василе Трпески | ||
Роден | 1912 година Попоец, Кичевско, Македонија како дел од Османлиското Царство | |
---|---|---|
Починал | септември, 1943 година Бериково, Кичевско, Македонија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од селско семејство кое се занимавало со земјоделие. Василе имал можност да ја запознае положбата во стара Југославија, а по окупацијата се определил за борба против фашистичкиот окупатор. Во летото 1943 година отишол партизан во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред кој дејствувал низ Копачијата. Учествувал во повеќе акции на одредот. Во септември 1943 година, од слободно Кичево, со неколку другари со воз се упатиле кон Буковиќ со воен материјал непосредно пред битката на 1 октомври. Кај селото Бериково возот бил нападнат од балистите, а Василе бил заробен и убиен на ѕверски начин заедно со повеќе свои другари.[1]