Таќо Цветаноски
Таќо Митанов Цветаноски ( 1917во Попоец, Кичевско — 1943во Бериково, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Таќо Цветаноски | ||
Роден | 1917 година Попоец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | октомври, 1943 година Бериково, Кичевско, Македонија под фашистичка окупација. | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од селско сиромашно семејство, кое претежно се занимавало со земјоделие. Некое време работел како служител во основното училиште во селото Попоец. Определен за борба против окупаторот, уште во текот на есента 1942 година почнал активно да го помага народно ослободителното движење, а во летото 1943 година стапил во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со одредот учествувал во повеќе борби, а во септември 1943 година, од слободно Кичево со воз бил испратен со воен материјал на Буковиќ каде што била четата за одбрана на слободната територија на Македонија. Бил заробен од балистите и убиен во селото Бериково во октомври 1943 година.[1]