Иван Тренков Николоски ( 1921 во Попоец, Кичевско1943 во Тајмиште, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Иван Николоски
Роден 1921 година
Попоец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал ноември, 1943 година
Тајмиште, Кичевско, Македонија под фашистичка окупација.
Националност Македонец

Животопис

уреди

Произлегувал од селско земјоделско семејство. По занимање бил работник. Како напреден младинец, во пролетта 1943 година станал член на СКОЈ, а во НОВ на Македонија стапил во летото 1943 година во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред. Потоа со Групата баталјони учествувал во повеќе борби низ Кичевско, а во ноември 1943 година загинал при една акција кај местото Тајмишка Бука до селото Тајмиште.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 96.