Иванчо Ќипроски
Иванчо Спасенов Ќипроски ( 1914 во Попоец, Кичевско — 8 мај 1944 во Попоец, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПо занимање бил земјоделец. Во текот на 1943 година бил организиран од членовите на КПМ од селото и активно помагал со храна, облека, вршел курирска работа и прифаќал илегалци. Во Пролетната офанзива, во мај 1944 година, кога било запалено селото Попоец, балистите го фатиле, го убиле и го фрлиле во оган на 8 мај 1944 година.[1]