Зајаска Река
Зајаска Река или Кичевска Река — река во западна Македонија, лева притока на Треска во Кичевскиот крај.
Зајаска Река Тајмишка Река Кичевска Река | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | над с. Тајмиште, пл. Бистра, Кичевско |
• координати | 41°37′13″N 20°51′31″E / 41.62028° СГШ; 20.85861° ИГД |
• надм. вис. | 1.480 м |
Устие | |
• место | Треска, кај Бигор Доленци, Кичевско |
• координати | 41°29′38″N 20°58′38″E / 41.49389° СГШ; 20.97722° ИГД |
• надм. вис. | 590 м |
Должина | 25,9 км |
Големина на сливот | 333,85 км2 |
Особености на сливот |
Течение и особености
уредиИзвира на источните падини на Бистра, над селото Тајмиште, недалеку од истоимениот рудник, на надморска височина од 1.480 м.[1] Се влева во Треска околу еден километар северозападно од с. Бигор Доленци, на висина 590 м. Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 25,9 км, минималната должина 21,4 км, а коефициентот на развиеност е 1,21. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 890 м, а просечниот изнесува 34,49‰.
Водоразделот е јасен по целата должина на реката и линијата има вкупна должина од 87 км. Сливот на Зајаска Река е најголем од сите притоки на Треска и зафаќа 333,85 км2 или 16,1% од нејзиниот вкупен слив.[1]
Во горниот тек е позната како „Тајмишка Река“ сè до селото Мидинци, и на овој потег е изразено планинска. Пред да навлезе во пределот на Кичево, минува низ с. Зајас[2], по кое е наречена.
Долина
уредиЗајаска Река има сложена долина. Првото речно ерозионо проширување се јавува кај селото Колари. Низ кратката сатеска навлегува во Зајаската Котлина низ која тече во должина од 8 км. Потоа долината е всечена во епигенетска сатеска составена од кварцити каде ја прима од десната страна Бачишка Река. Оттука сè до вливот во Треска има карактер на рамничарска река. На овој потег од својата лева страна северно од градот Кичево ја прима реката Темница.
Притоки
уреди- Жива Вода (Л)
- Кутуров Дол (Л)
- Горноселска Река (Л)
- Лескова Вода (Л)
- Мала Река (Д)
- Свински Дол (Л)
- Качи Дол (Д)
- Зли Дол (Л)
- Бачишка Река (Д)
- Темница (Л)
- Самосила (Л)
- Сушица (Д)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Димитровска, Олгица (2013). „Основни хидрографски одлики на притоките на реката Треска“ (PDF). Географски разгледи. Скопје: Македонско географско друштво. 2012 (46): 37–49. ISSN 1409-908X.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 31. ISBN 978-9989-2117-6-8.