Неред (грчки: Πολυπόταμο, Полипотамо; до 1927 г. Νερέτη, Нерети[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 314 жители (2011), сите Македонци.[3]

Неред
Πολυπόταμο
Црквата „Успение на пресв. Богородица“ на сретселото
Црквата „Успение на пресв. Богородица“ на сретселото
Неред is located in Грција
Неред
Неред
Местоположба во областа
Неред во рамките на Лерин (општина)
Неред
Местоположба на Неред во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°43.06′N 21°21.96′E / 40.71767° СГШ; 21.36600° ИГД / 40.71767; 21.36600
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаЛерин
Општ. единицаКучковени
Надм. вис.&10000000000000940000000940 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно314
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во источните пазуви на Нередска Планина (Вич), 20 км југоисточно од Лерин и 14 км југоисточно од Кучковени. Лежи на надморска височина од 940 м, а атарот зафаќа површина од 31 км2.[3] Низ Неред течат две рекички кои потоа се обединуваат, образуваќи ја поголемата Грашина Река.[3]

Историја

уреди

Османлиско време

уреди

Селото е многу старо, но за првпат се спомнува во турски тефтер од 1481 г. со 65 домаќинства.[4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ која се однесува на 1873 г. Неред е наведен двапати — еднаш како Неред (Nerede), село во Леринската каза со 25 домаќинства и 50 жители Македонци[5] и вторпат како Нерет (Nérète), село во Костурската каза со 150 домаќинства и 460 жители, исто така Македонци.[5][6] Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Неред (Νεράτι Φλωρίνης) имал 1.970 жители христијани.[7]

На почетокот на XX век Неред е заведено како село во Леринската каза. Меѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[8] Ѓорче Петров го наведува Неред има 200 македонски куќи.[3] Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Неред живееле 1.950 Македонци христијани.[5][9]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Неред се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 297 куќи.[10]

Жителите на селото зеле учество во Илинденското востание во 1903 г. што уследило со казнени акции на османлиската војска. Меѓу уапсените бил попот Христо, испратен да лежи 5 години затвор во Дијарбакир, но бил амнестиран согласно Бугарско-турската спогодба од 1904 г..[11] Во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[12] По податоците на егархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото имало 2.336 жители Македонци[5] и работело бугарско училиште.[13] Во училиштето во Неред во учебната 1904/1905 предавал деецот на ВМОРО, Тодор Златков.[14]

Неред претрпел два јуриша од единиците на Павлос Мелас, а потоа и други андартски чети, во кои се убиени многу жители. Многу од преживеаните на почетокот на XX век се иселиле во САД.[15]

Во септември 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците, со барање мештаните да предадат 1.200 пушки кои ги чуваат.[16]

Припојување кон Грција

уреди
 
Судска покана од 1939 г. за Ѓорѓи Митрин од Неред обвинет дека зборувал на „словенски јазик“.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 2.075 жители.[3] Меѓу 1912 и 1928 г. многу од жителите на Неред се преселиле во прекуокеанските земји.[3] Во 1920 г. селото е попишано со 1.666 жители, т.е. во патописниот попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ евидентирал 400 македонски христијански куќи.[3] Во 1927 г. властите го преименувале Неред во Полипотамон.[17] На пописот во 1928 г. се евидентирани 1.697 жители.

Втора светска и граѓанска војна

уреди

За време на Втората светска војна селото настрадало од окупаторските власти.[18] Селото прилично настрадало и во Граѓанската војна, поради што околу 150 лица го напуштиле, преселувајќи се во Р Македонија и источноевропските земји.[3] По нормализацијата на состојбите, иселувањето продолжило, овојпат повторно во прекуокеанските земји, така што Неред во 1951 г. се свел на 1.046 жители.[3]

Истражувањето спроведено во 1993 г. утврдило дека Неред е чисто „славофонско“ село и дека македонскиот јазик во него е одлично зачуван.[19]

Знаменитости

уреди

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1533 1046 853 675 428 506 482 314
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Кучковени со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Неред, каде тоа е единствено населено место.

Стопанство

уреди

Населението се занимава со земјоделство и сточарство. Особено познат производ на Неред се јагодите, прочуени по свјот квалитет и арома, кои месното население ги нарекува „планушки“.[3]

Личности

уреди
 
Васил Иванов во 1913 г.
  • Атанас Кизов (1914-1947) — партизан и деец на НОФ
  • Васил Иванов (1890-?) — револуционер, соработник на Васил Чакаларов
  • Иван Стојчев - Фудуло — револуционер на ВМОРО, раководител на селскиот комитет[20]
  • Менелај Гелев, општественик и револуционер, раководител на Македонците во Леринско за време на Втората светска војна
  • Наум Никос (Ναούμ Νίκος) — гркомански андартски деец[21]
  • Панчо Манев — деец на ВМОРО, заробен во 1903 г. испратен на робија и убиен со кундаци во Мала Азија[22]
  • Филе — деец на ВМОРО, војвода на селската чета во Илинденското востание, а подоцна дејствувал во подрачјето околу Неред[23]
  • Војвода Геле- борец во организацијата ВМРО и народен херој кој го положил животот бранејки ги интересите на македонското население.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νερέτη - Πολυπόταμον
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 165.
  4. Kravari, Vassiliki. Villes et villages de Macédoine occidentale, Realites byzantines, Paris: Editions P. Lethielleux, 1989, p. 305. ISBN 2283604524.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83 и 110-111.
  7. Νικόλαος Σχινάς, Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας / Συνταχθείσαι υπό Νικολάου Θ. Σχινά ταγματάρχου του μηχανικού, Αθήναι, τόμοι 3, 1886-87. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Η περιοχή Φλώρινας (Λέριν) / Florina (Lerin) γεωγραφία της ιστορίας.
  8. Илюстрация Илинден, 1936, бр. 79, стр. 1.
  9. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.
  10. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.
  11. Централен държавен архив, оп. 1, а.е. 2037, л. 15 - информация от българския дипломатически агент в Битоля, А. Тошев.
  12. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр. 125.
  13. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 176-177.
  14. Илюстрация Илинден, година 14, книга 1, януари 1942, стр. 12 - 13.
  15. „Δημήτρης Λιθοξόου. Η περιοχή Φλώρινας (Λέριν) / Florina (Lerin) γεωγραφία της ιστορίας“. Архивирано од изворникот 2012-07-30. Посетено на 2012-07-30.
  16. Дебърски глас, година 2, брой 22, 18 септември 1910, стр. 3.
  17. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  18. Добрин Мичев. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  19. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
  20. Николов, Борис. ВМОРО — псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 99
  21. „ΕΘΝΟΛΟΓΙΚΗ ΣΥΣΤΑΣΗ ΤΗΣ ΜΑΚΕΔΟΝΙΑΣ ΣΤΙΣ ΑΡΧΕΣ ΤΟΥ 20ού ΑΙΩΝΑ“. Архивирано од изворникот на 2010-10-23. Посетено на 2016-03-13.
  22. Розалин, Димитър. Страданията на 323 македонски затворници в Дијарбекир, през 1903-1904, Спомени от бившия заточеник Георги Т. Ачков, София, 1923 , печ. „Розова долина“, стр. 17.
  23. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 174.

Надворешни врски

уреди