Црква „Св. Никола“ - Неред

црква во Неред, Леринско

Свети Никола (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Νικολάου) — црква во селото Неред, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Никола
Αγίου Νικολάου
Карта
40°42′53.8″N 21°21′55.0″E / 40.714944° СГШ; 21.365278° ИГД / 40.714944; 21.365278
МестоНеред, Леринско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Изградба1971
Управа
Архијерејско намесништвоЛеринско
ЕпархијаЛеринско-преспанско-еордејска

Црквата е гробишен храм во јужниот дел на селото, според преданието изграден во 1670 г.[1] На почетокот на XX век заедно со „Св. Атанасиј“ била во рацете на грчката пропаганда, но во едната од нив службите наизменично се одвивале на грчки и на македонски. Ова траело сè до изградбата на црквата „Св. Лука“ по нарачка на Бугарската егзархија.[2] Црквата претставувала голем низок полувкопан храм. Во 1970 г. и следната 1971 г. на нејзино место е направена нова. Ви храмот се чуваат икони од старата црква кои датираат од 1898 г. Старата камена камбанарија со време исто така паднала.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Πολυποτάμος. Ανάδρομη αφήγηση για την ενορία“. Kparlapani. 1 февруари 2010. Посетено на 1 октомври 2017.
  2. Трайчевъ, Георги (1933). Манастиритѣ въ Македония (PDF). София: Македонска библиотека № 9. стр. 198.