Црква „Св. Лука“ - Неред

црква во Неред, Леринско

Свети Лука (грчки: Αγίου Λουκά) — манастирска црква во селото Неред, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.

Свети Лука
Αγίου Λουκά
Карта
40°43′22.3″N 21°21′30.2″E / 40.722861° СГШ; 21.358389° ИГД / 40.722861; 21.358389
МестоНеред, Леринско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Изградба1912
Управа
Архијерејско намесништвоЛеринско
ЕпархијаЛеринско-преспанско-еордејска

Нередскиот манастир се наоѓа на 2 км северозападно од селото, во пазувите на Нередска Планина (Вич). Основан е во 1912 г. од Нередската црковна општина, и заедно со Ајтоскиот манастир („Св. Архангели“) и „Св. Ѓорѓи“ во Арменско бил еден од трите манастири на Бугарска егзархија во Леринско. Местото на изградба е избрано бидејќи овде имало популарен лековит извор каде е најдена икона.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Трайчевъ, Георги (1933). Манастиритѣ въ Македония (PDF). София: Македонска библиотека № 9. стр. 198.