Дупло дно драмско дело напишано 1983 година од македонскиот драматург Горан Стефановски.[1]

Дупло дно
АвторГоран Стефановски
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрдрама
Издадена
1983
МедиумПечатена
Страници40

Ликови и сцени

уреди

„Дупло дно“ е драмски текст, театарска пасија во три става и кода

Ликови:

уреди
  • Јаков
  • Божо
  • Кристина
  • Нове
  • Параскева

Драма за Јаков, револуционер, лудак и уметник и за едно семејство сочинето од Божо, министер за култура и книжевник, неговата жена Параскева, домаќинка и нивната ќерка Кристина, балерина и уметник изгубен во својот свет. Драма која ќе ви ги отвори очите и ќе ви покаже колку тоа од животот вие пропуштате. Сите општествени проблеми прикажани на еден поинаков начин, сместени во различно време на различно место, а сепак исти. ЈАКОВ: Дупло дно е подрум во главата. Таму ги криеме сите дупли планови, со која жена да се ожениме ако нашата загине во сообраќајна несреќа, како штедната книшка на брат ни да ја префрлиме на свое име ако тој ненадејно умре, таму се сите скришни прељуби, сè што сме премолчеле, што намерно сме заборавиле, таму е јасно кого колку мрзиме, таму ја криеме сета невера за она во кое јавно се колнеме дека веруваме и сета вера во она од кое јавно се откажуваме, таму се складиштата на суета и страста, нашиот мрак и пораз, таму сме без шминка, без вештачки вилици, без мидери, таму сме грди. Меѓу тоа ѓубре и отпад во нашата глава во длабок сон лежат оковани нашата вистина и слобода, нашата невиност и човечко достоинство. Такви дна имаат и државите, и цивилизациите. Никој не ги чисти. Растат. Ги напнуваат деветте тешки порти со по девет резиња и катанци. Во дуплото дно се шверцуваме самите себеси и го гледаме својот сопствен шверц како цариници на кои сè им е јасно, но кои не можат да поверуваат дека некој е толку безобразен самиот да се носи себеси, во куфер, илегално, преку сите дозволиви граници. Портите на дуплото дно се кршат со глава. Со психоза – артистика или психоза – шизоафектива или психоза – револуционариа. Главата се крши и крвари, како шампањско при поринување на брод. Историјата на светот е историја на дупнати дна. Еден ден дното и дуплото дно конечно ќе се спојат. Тогаш веќе ќе нема душевно болни уметници и терористи. Гледајте се право во очи. Седум секунди. 13 секунди. 15 секунди. Она страшното што го гледаме во огледало кога гледаме во себе е дуплото дно. Драма која барем јас никогаш нема целосно да ја сфатам. А, колку повеќе читам толку повеќе му се восхитувам на Стефановски. Ова е драма која на некого можеби ќе му го измени животот. Парче душа ставено на хартија. А, верувам дека со сценска изведба тоа парче душа може целосно да се пренесе врз публиката.

“Затоа што сум жив. Вам ви е сеедно. Луѓето копнеат да умрат. Основните копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студените копнеат да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за да можат мирно да се пензионираат, пензионерите копнеат по здравје, а сите копнеат да умрат и мртви копнеат повторно да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе.”

“Ѕидот во вашата глава. Одбивам да сум жив по инерција, да дишам на шкрги. Одбивам да чекам како јаре пред Ѓурѓовден, како свиња пред Божиќ. Одбивам да шетам со цревата во раце, да гледам како нестручно ме оперирате, сечете и шиете, како ми гнојат раните и да се прашувам колку ли ќе ме боли кога ќе дојдам на себе. Не сакам седативи. Не сум купче протплазма. Имам волја и разум и ја преземам одговорноста за својот живот”

Наводи

уреди