Балканска приказна (ТВ-серија)

Балканска приказна (турски: Balkan Ninnisi) — турска семејна и љубовна телевизиска серија режирана од Догам Умит Караџа и Сердар Акар, чија прва епизода била прикажана на 21 јуни 2022 г. Главните улоги во серијата ги толкуваат Ердал Озијагџалар, Озлем Туркад, Емре Беј, Мерих Озтурк и Хакан Бојав.[1][2] Серијата завршила со својата 25-та епизода, која била прикажана на 5 јануари 2023 г.[3] Во серијата биле ангажирани глумци од Турција и Македонија од Турскиот театар — Скопје. Серијата била снимена во Скопје, Македонија, и била прикажана на телевизија „Сител“ со македонска синхронизација од понеделник до петок во 19:45 часот.[4][5][6]

Балканска приказна
Жанрсемејство
романса
Режирана одДоган Умит Караџа
Сердар Акар
УлогиЕрдал Озијагџалар
Емре Беј
Мерих Озтурк
Озлем Туркад
Сузан Акбелге
Ерман Шабан
Бедија Беговска
Сарп Бозтурк
Емине Халил
Хакан Бојав
Џезде Чигачи
Џан Колукиса
Филиз Ахмет
Наџи Шабан
Абдурахман Рахман
Мустафа Јашар
Елјеса Касо
Земја на потеклоТурција Турција
Првичен јазиктурски
+ македонски (синхронизација)
Бр. на сезони1
Бр. на епизоди25
Производство
Продуцент(и)Доган Умит Караџа
МестоположбаМакедонија Скопје, Македонија
Времетраење140 минути
Прикажување
Првична мрежаТРТ 1
Првично прикажување21 јуни 2022 – 5 јануари 2023

Содржина

уреди

Во срцето на Македонија се раѓа балканска приказна што ќе ги сплоти сите поколенија и ќе ги прикаже сите убавини и традиции на нашето Скопје. Токму тука, Камениот мост ќе спои два различни света од двете страни на Вардар во една голема љубов меѓу двајца млади.

Тој е Ертан, млад Турчин чие семејство живее во Скопје. По неколку години студии во Истанбул, се враќа во родната Македонија кај своето семејство, кое очекува од него како млад архитект да ја реконструира џамијата, уништена од земјотресот. Но тој годините поминати во Турција ги минал учејќи за радиоводител, а не за она за кое отсекогаш сонувало неговото традиционално семејство. Во родното Скопје, тој ја запознава убавата Јованка, Македонка што пак мечтае за уметност и слобода, а не за живот каков што однапред предвидела нејзината мајка Елена.

Љубовта меѓу Ертан и Јованка ќе наиде на големи препреки меѓу нивните семејства, но ќе донесе и многу хумор, згоди и незгоди меѓу ликовите. Семејството на Јованка има предрасуди кон турската заедница во земјата и планира поинаков живот за нивната ќерка, додека пак семејството на Ертан негува стари турски обичаи и одредиле нешто сосема друго за нивниот Ертан. Ќе може ли ова турско семејство да прифати македонска невеста, а другите да го прифатат Ертан за македонски зет? Две различни култури ќе соединат две чисти срца во една хармонична и урнебесна балканска приказна, снимена во Македонија.[7]

Улоги

уреди
Глумец Улога
Ердал Озијагџалар Сулејман
Озлем Туркад Нериман
Мерих Озтурк Јованка
Емре Беј Ертан
Џезде Чигачи Ѓулсум
Хакан Бојав Даниел
Сузан Акбелге Елена
Ерман Шабан Зафер
Бедија Беговска Нина
Дениз Гуркан Гулбахар
Сарп Бозтурк Ариф
Емине Халил Ајшен
Бурак Рахман Луран
Бану Шахин Марија
Сулејман Кара Мустафа
Каан Тургут Павел
Џан Колукиса Зубејир
Филиз Ахмет Ивана
Наџи Шабан Дарко
Абдурахман Рахман Мендо-ага
Фирдаус Неби
Џенап Самет Џемаил
Толга Ортанчил Ирфан
Хакан Даци Димитри
Стефанија Нечевска Софија
Неат Али
Марија Лазарова газдарицата
Береда Решит Зубејир
Аксел Мехмед
Мустафа Јашар
Елјеса Касо
Caner Music
Ерол Ташчи поштарот

Наводи

уреди
  1. 'Balkan Ninnisi' dizisi, TRT 1'de yaz aylarında ekranlara gelecek“. Son Dakika (турски). 2022-06-01. Посетено на 2024-02-08.
  2. „Türk dizisi 'Balkan Ninnisi'nin çekimleri, Üsküp'te başladı“. www.aa.com.tr. Посетено на 2024-02-08.
  3. tarafından, Birsen Altuntaş (2022-12-18). „Balkan Ninnisi final yapıyor, başrol oyuncularına teklif yağıyor - Birsen Altuntaş“ (турски). Посетено на 2024-02-08.
  4. „Во Скопје почна да се снима новата турска серија „Балканска приказна". Сител Телевизија. Посетено на 2024-02-08.
  5. „„Балканска приказна" ја освои Турција — меѓу петте најгледани серии според рејтингот“. Независен весник. 24.6.2022. Посетено на 11 февруари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  6. „Серијата што се снима во Скопје, 'Балканска приказна' прогласена за најдобра од Федерацијата на балканските здруженија Румели“. Република. 7.10.2022. Посетено на 11 февруари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. „БАЛКАНСКА ПРИКАЗНА“. Телевизија Сител. Архивирано од изворникот на 2024-02-16. Посетено на 2024-02-16.

Надворешни врски

уреди