Телма — македонска национална ТВ-куќа основана во септември 1996 година во Скопје, како една од приватните телевизиски станици во Македонија. Нејзин основач и сопственик е Макпетрол А.Д. — Скопје. Телевизија Телма е една од петте телевизии кои, на конкурсот на Владата на Република Македонија во 1998 година, добила концесија за седумгодишно емитување на програма на подрачјето на град Скопје. Името „Телма“ се добива со комбинација на „Телевизија“ и „Макпетрол“.

Телма
Отпочната1996
СопственикМакпетрол А.Д. - Скопје
ДржаваМакедонија
Јазикмакедонски
Област на емитувањеМакедонија Македонија
Веб-странаtelma.com.mk
Достапност
Терестријална телевизија
АналогнаКанал ?
ДигиталнаКанал ?
Boom TVКанал 007
Сателитска телевизија
Total TVКанал ?
Кабелска телевизија
BlizooКанал 010
TelekabelКанал ?
Достапна на повеќето кабелски операториПроверете ги локалните оператори за достапност
IPTV
Max TVКанал 005
Семрежно емитување
WebMax TVГледај во живо Само (MKD)
OnNetГледај во живо Само (MKD)

Во ТВ-Телма се ангажирани над 150 вработени и голем број надворешни соработници - телевизиски творци од сите области. Ним на располагање им стојат две студија (од 60 и од 250 метри квадратни) и најсовремена дигитална телевизиска техника. Директор на телевизијата е Снежана Лупевска

Телевизија Телма емитува програма во траење од 18 до 20 часови. Програмската шема ја сочинуваат три заокружени целини: информативната, забавно-рекреативната и културно-уметничката и документарна програма.

Основен нејзин белег е информативната програма. Централните вестите на Телма се сметаат за едни од најверодостојните во Македонија. Вестите се емитуваат секој ден од 18:30 и 21:30 часот. Во рамките на информативната програма еднаш неделно се подготвува и актуелно интервју во рамките на емисијата Топ тема, а се подготвуваат и други информативно-политички емисии од магазински тип: Време, Баланси, Досие, Светот денес и други.

Македонски Емисии/Серии

уреди

Серии

уреди

Надворешни врски

уреди