Молдавска кујна – стил на подготвување на храната на жителите на Молдавија и нејзината отцепена област Приднестровие. Се состои главно од традиционална европска храна, како што се говедско месо, свинско месо, компири, зелка и разни житарици.

Оваа статија е дел
од темата Кујна
Готвачки вештини и прибор
ВештиниПрибор
Готвачки мерки
Состојки и видови храна
Зачини и Билки
Сосеви - Супи и ЧорбиДесерти
СирењеТестениниЛеб

Други состојки

Регионални кујни
АзискаАфриканска БлискоисточнаЕвропска
ИсточноазискаКарипска Латиноамериканска
Северноамериканска
Други кујни...
Исто така:
Познати готвачи - Кујни - Оброци
Викикниги: Готвач
Популарно молдавско јадење сарма (полнети лисја од кисела зелка), гарнирана со расол и мамалига

Заднина

уреди

Плодната почва на Молдавија произведува изобилство грозје, овошје, зеленчук, жито, месо и млечни производи, од кои сите ја нашле својата намена во националната кујна. Плодната црна земја во комбинација со употребата на традиционални земјоделски методи овозможува раст на широк спектар на храна во Молдавија.

Локалната кујна е многу слична на романската и најдобро може да се опише како влечење инспирација и елементи од други кујни во регионот, вклучувајќи ги грчката, полската, украинската и руската, со големо влијание што го оставила отоманската кујна.

Јадења

уреди

Можеби најпознато молдавско јадење е добро познатото романско јадење, мамалига. Тоа е јадење слично на качамакот и се служи како додаток на чорби и месо, но исто така може да се послужи само со разни додатоци – урда, павлака или џимиринки. Локални специјалитети се „бранца“ (саламурено сирење) и „ѓивечи“ (чорба со јагнешко или јарешко месо). Јадењата најчесто се придружени со локални вина.[1]

Традиционално за молдавската кујна се јадења кои комбинираат разновиден зеленчук, како што се домати, бабури, модар патлиџан, зелка, грав, кромид, лук и праз. Зеленчукот се користи во салати и сосови, се пече, подготвува на пареа, се кисели, соли или маринира.

Различните видови борш (чорба) вклучуваат широк спектар на супи со карактеристичен кисел вкус. Може да бидат супи од месо и зеленчук, или супи од риба, од кои сите се закиселени со борш (традиционално направени од трици) или сок од лимон. Пилешка супа со месо, позната како зеама , е многу популарна.

Месните производи имаат посебно место во традиционалната молдавска кујна, особено како мезе или прво јадење. Свинско месо во фурна и на скара, говедски ќофтиња, познати како пржола и чифтеле), и багрем јагнешко на пареа се вообичаени. Месото и рибата често се маринираат и потоа се печат на скара.

Молдавски традиционални празнични јадења се сарма со мелено месо (позната во Романија како „сармале“, а во Турција како „долма“), пилав, свинска пивтија, тестенини, пилешко месо, итн. Празничната трпеза вообичаено е збогатена со печива, торти, ролати и земички, со разновидни филови (сирење, овошје, зеленчук, ореви, итн.), познати како козињак, паска, бранцоаиче и сфинтишори.

Во одредени области, кујната на различни етнички малцинства е предоминантна. Во источните области Украинците јадат боршч, на југ, Бесарабиските Бугари служат традиционална манџа (пилешко со сос), додека Гагаузите подготвуваат шорпа, многу зачинета овча супа, кај Русите популарни се пелмените (кнедли полнети со месо).

Пијалаци

уреди

Безалкохолни пијалаци се овошните компоти и сокови. Популарни алкохолни пијалаци се „дивин“ (молдавско бренди), пиво и локалното вино.

За подготовка на вино се користат европските сорти грозје. Популарни грозја се совињон блан, каберне совињон и мускат. Главни домашни молдавски сорти се фетеаска, рара неагра и бусуиоака алба.

Пенливото вино има посебно место во молдавската кујна. Земјата произведува големи количини класични бели и розови пенливи вина, како и црвени пенливи вина оригинално воведени во Молдавија.

Поштенски марки

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Moldovan Cuisine Архивирано на 7 март 2009 г. on allmoldova.com

Надворешни врски

уреди